Здравје и убавина
5 правила за да изгледате витко
Правилната и здрава исхрана е исклучително важна за виток изглед. Прочитајте ги овие 5 правила кои ќе ви помогнат како да се храните здраво и да потикнете или да ја одржите виткоста.
Редовно појадувајте – Појадокот никогаш не го прескокнувајте. Денот започнете го со овошје, житарици или млечни производи.
Избегнувајте искушенија – Често не сме толку гладни, туку сакаме да изедеме нешто вкусно или да го почувствуваме вкусот на нештото. За да не дојде до вакви искушенија, најдобро е да отстраните сè што може да го поремети вашиот план за здрава исхрана.
Нарачувајте позната храна – Во новите ресторани немојте да експериментирате, туку одлучете се за храна која знаете дека не е многу калорична.
Немојте да ги избегнувате омилените намирници – Омилените намирници јадете ги во првата половина од денот, но бидете умерени. Ако сакате чоколадо, изедете неколку коцки, но никако навечер.
Размислувајте за храна – Размислувајте за секој залак кој го внесувате во организмот бидејќи на тој начин можете да го спречите насобирањето на килограми.
Здравје и убавина
На колку време треба да се менува четката за заби?
„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!
Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.
И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.
Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.
Извор: denar.mk
Здравје и убавина
Како да направите диетален домашен сок од ананас
Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.
Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.
Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…
Состојки:
– 1 ананас
– 1 лажица ленено масло
– 2 дл. Ладна вода
– малку сок од лимот или лимета
Подготовка:
Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.
Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.
Извор: денар
Здравје и убавина
Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата
Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.
Состојки:
– 2 литри обична природна вода
– 1-2 големи портокали
– 3 киви
– 5 јагоди
– сок од половина лимон или лимета
Начин на подготовка:
Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.
Извор: денар
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (21 декември)
-
Временска прогноза1 ден
Од денес и календарски е зима, од понеделник по студено со снег и силен ветер
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за недела (22 декември)
-
Временска прогноза2 дена
Од вечерва започнува вистинската зима, врнежи од дожд и снег ќе зачестат во зависно од регионите ширум Македонија
-
Автомобили2 дена
Зошто не е добро да се мие автомобилот на ниски температури? Совети од Германскиот автомобилски клуб (ADAC)
-
Временска прогноза2 часа
Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот
-
Автомобили2 дена
Volkswagen го заврши производството на легендарниот VR6 мотор по 34 години
-
Lifestyle2 дена
Варениот џин – празничен пијалок што ги загрева душата и сетилата