Следете не

Временска прогноза

АМСМ+УХМР: Временска прогноза како и состојба на државните патишта и планинските превои

Објавено пред

на

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и по влажни коловози поради врнежи од дожд и снег.

На планинските премини Стража, Ѓавато, Буково и Пресека има остатоци од кашест снег на коловозот, но нема забрана за движење на возилата.

Препорачуваме намалена брзина на движење и исклучително внимателно управување со возилата.

Почнувајќи од попладневните часови врнежите ќе преминуваат во снег на повеќето места низ земјава, освен на југоистокот каде ќе бидат претежно од дожд.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните и југозападните делови од земјава, каде се очекува да наврнат и над 30 л/м2 воден талог и на повеќе места ќе се формира снежна покривка.

Нов влажен бран со пообилни врнежи претежно од дожд ќе има во Вторник.

 

Временска прогноза

Според Европскиот центар за среднорочна прогноза во сабота го очекуваме првиот снег во Македонија и на Балканот, ова се последните информации..

Објавено пред

на

©porta.mk

Според најновиот излез на најажурниот прогностички модел (ECMWF) Европски Центар за Среднорочна Прогноза, истиот ги зголемува условите за врнежи од снег, како на повисоките места и на планините, така и на повеќето пониски места, и тоа во сабота (23.11.2024).

Покрај речиси целиот Балкан што ќе биде покриен со снег, и тоа поради силниот продор на студен воздух од север кон Балканот и во Македонија до сабота очекуваме на повеќето места врнежи од снег и големо опаѓање на температурите на воздухот, а температурите допрва ќе ги анализирам и јавноста околу ова навремено ќе биде информирана какви температури не очекуваат.

Значи, во сабота (23.11.2024) на повеќе места во Македонија ќе има повремени врнежи од снег, проследено со засилен северен ветер. Што се однесува до снежната покривка, на планинските и на повисоките места таа ќе биде со висина од 10 до 20 cм, на високите планини можно е таа да биде и поголема. Што се однесува до повеќето пониски места (градови) ќе има снежна идила, со очекувана снежна покривка од 4 до 10 цм. Особено повремени врнежи од снег во сабота се очекуваат во северните и во западните предели од Македонија.

Секако со овој бран во сабота, големи се условите да забелат и околните планини во Скопје. Слабо провејување на снег можно е  и во повисоките предели од Скопската котлина.

Во следните метео објави следува нова, и по потреба обновена метео анализа токму околу очекуваниот снег во сабота (23.11.2024).

Да напоменам дека во четврток ќе имаме продор на ладен воздух, но тој ќе биде со помал интензитет за разлика од овој во сабота на 23 ноември, па така снег во четврток очекуваме само на планините, истакна Славчо Попоски

  • Во овие веќе вечерни и ноќни часови времето речиси насекаде е ведро и студено. Температурите на многу места се околу, а понекаде и под нула степени. Најстудено вечерва како што можете да видите на картата е во Берово и во Битола со -2 степени. До изутринава температурите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека во Беровскиот регион температурата треба да биде  и нешто поска, околу, или малкку под -5 степени.Сепак денес кон крајот на денот и вечерта од запад постепено облачноста ќе се зголемува, и во вечерните и ноќните часови кон среда ќе има појава на повремен локален дожд во западните предели од Македонија.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Попоски доцна вечерва издаде уште едно метео предупредување за силен ветер, на планинските места тој ќе достигне брзина до 100 км/ч

Објавено пред

на

Метеорологот Славчо Попоски доцна вечерва издаде уште едно метео предупредување. Имено како што стои во соопштението тој истакна: Од среда до сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен, југозападен и од западен, а во сабота од северен правец (повремено и локално собрзина од 80 до 90 км/час, а во планинските места и со брзина до околу 100 км/час).

Токму поради ова препорачуваме крајна внимателност, но и да се внимава каде ги ставате вашите автомобили, односно да бидат понастрана од дрвата, особено од оние кои се постари!

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Суво и стабилно до вторник, од среда нов влажен воздушен бран кој ќе донесе повремени врнежи од дожд, додека на планините снег

Објавено пред

на

Стабилното и суво време ќе се задржи само до вторник. Веќе од среда 20.11.2024 па се до крајот на неделата под влијание на моќен циклонски систем кој ќе биде во склоп со многу поладниот воздух кој ќе се спушта од север, ќе условува серија на изразени влажни воздушни бранови кои ќе условуваат повремени врнежи од дожд, и истите повремено ќе бидат обилни.

На планините и на повисоките места повремено ќе има врнежи од снег, а повремено снежната граница можно е повторно да се спушти до околу, па  и под 1000 метри надморска височина, со што појава на повремен снег би можело да има и во повисоките населени места.

Сето ова ќе биде проследено со засилен, до повремено силен ветер од јужен, југоисточен и од западен правец, додека во сабота ветерот ќе биде повторно силен и од северен правец. Повремено и локално ветерот ќе достигнува доста голема брзина (и тоа од над 80/90 км/час).

За време на оваа серија на влажни воздушни бранови, повремено и локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 литри дожд на метар квадратен), а на планините ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 cм, а на високите планини таа би можела да биде  и поголема. Помала снежна покривка има услови да се формира и во повисоките населени места.

Што се однесува до температурите, тие најпрвин ќе бидат во пораст, особено во среда кога тие ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 17 степени.  Од четврток тие ќе опаѓаат  и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени, меѓутоа  повремено тие ќе бидат и значително пониски, а во утринските часови особено во петок и за време на викендот ќе биде многу постудено кога температурите во најголем дел од Македонија ќе се спуштаат под нулата, а понекаде тие ќе се спуштат и до близу -10 степени, на високите планини и под -10 степени, пишува Славчо Попоски, еден од најдобро истакнатите метеоролози во земјава.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин5 часа

Доаѓа нова Gmail опција што ќе ги воодушеви оние кои сакаат анонимност

Google развива нова функција наречена Shielded Email, која ќе им овозможи на корисниците да креираат привремени адреси за е-пошта, обезбедувајќи...

Магазин5 часа

Сакаат да ги раздвојат Google и Chrome

Министерството за правда на САД има намера да поднесе судска наредба за раздвојување на Google (дел од матичната компанија Alphabet)...

Автомобили5 часа

Volkswagen останува без шефот за инвестиции

Шефот за инвестиции на Volkswagen го напушти одборот, што беше објавено претходно оваа недела. Германскиот производител, кој е најголемиот сопственик...

Магазин5 часа

Google Play ги објави најдобрите апликации и игри за 2024 година

Google Play ги откри победниците на наградите „Најдоброто од 2024 година,“ со што ги истакна извонредните апликации и игри што...

Магазин5 часа

Профитот на Nintendo намален за 69%: Продажбата на Switch се намалува

Nintendo објави значителен пад на својот профит, со намалување од 69% во фискалната година што завршува во март 2025 година....

Здравје и убавина7 часа

Како да направите диетален домашен сок од ананас

Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото. Ананасот се препорачува...

На денешен ден16 часа

На денешен ден – 19 ноември

1711.- Роден е Михаил Василиевич Ломоносов, руски научник, поет и академик, светски познат енциклопедист. Автор е на првата руска граматика...

Здравје и убавина16 часа

Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата

Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува...

Временска прогноза17 часа

Според Европскиот центар за среднорочна прогноза во сабота го очекуваме првиот снег во Македонија и на Балканот, ова се последните информации..

Според најновиот излез на најажурниот прогностички модел (ECMWF) Европски Центар за Среднорочна Прогноза, истиот ги зголемува условите за врнежи од...

Спорт17 часа

Косовската репрезентација ја чека високи казни поради напуштање на теренот против Романија, тие и покрај поканата на судијата – одбиле да се вратат на терен

Репрезентацијата на Косово може да претрпи огромни последици поради напуштањето на теренот на натпреварот против Романија во Букурешт (0:0). Тие...

НАЈЧИТАНИ