Хроника
(АУДИО) Хеликоптерската несреќа: Пилотот го направил кобниот потег, по што се губи секаков траг на радарот
Предупредување дека хеликоптерот многу ниско лета е последното нешто што луѓето од контролната кула го упатиле до хеликоптерот, но немало повратен одговор, а веднаш потоа леталото се губи и од радарот. Хеликоптерот во кој биле Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка, како и уште седум други луѓе, се урна на рид во близина на Лос Анџелес.
Временските услови не биле погодни за летање, но сепак хеликоптерот полетал. Пилотот со првите проблеми се соочил некаде кај Зоолошката градина во Лос Анџелес кога 15-тина минути кружел, а потоа решил да продолжи со летот. Контролната кула имала контакт со пилотот, а советот бил да биде зголемена брзината и да се избегнат ридестите делови кои доаѓале.
Сепак поради густата магла, пилотот го направил кобниот потег. Хеликоптерот го насочил токму кон ридестиот дел, а летал на висина од околу 500 метри, што било премалку. Од контролната кула било посочено дека висината е прениска, но во еден момент се губи контактот, а хеликоптерот исчезнува од радарот.
Извор: Локално
Хроника
Трагедија во Скопје: Во Поликлиника Чаир било донесено бебе без знаци на живот
На 06.12.2024 околу 16:45 часот во СВР Скопје, од Поликлиника Чаир било пријавено дека кај нив без знаци на живот, било донесено десетмесечно бебе. Лекар констатирал смрт, без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе било дадено за обдукција, за јавноста известија од МВР.
Хроника
По тешко боледување почина митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј, нашиот духовен лидер и посветен пастир
По тешко боледување и срцеви проблеми почина митрополит на Дебарско-кичевската епархија и синодски портпарол г. Тимотеј, архиереј на МПЦ-ОА изран 1981 година. Роден е во 1951-та година во Младо Нагоричане – кумановско, со световно име Славе Јовановски.
Неговото заминување е голема загуба за Македонската православна црква и за верниците, кои ќе го паметат како духовен лидер и посветен пастир и наш татко.
За повеќе информации за неговото последно испраќање, ќе биде дополнително истакнато во јавноста.
Нека почива во мир Владиката г. Тимотеј, Бог да го всели во Царството Небесно!
Хроника
Трагедија во Охрид: Во сообраќајка ноќеска загина тинејџер, додека неговиот сопатник е тешко повреден
На 13.11.2024 во 01.15 часот, на регионалниот пат Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец“, патнички автомобил „пежо“ со охридски регистарски таблици, управуван од Д.Ц. (18) од Охрид, излетал од патот.
Д.Ц. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош, додека 16- годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, за медиумите информора портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (21 декември)
-
Временска прогноза23 часа
Од денес и календарски е зима, од понеделник по студено со снег и силен ветер
-
Временска прогноза2 дена
Од вечерва започнува вистинската зима, врнежи од дожд и снег ќе зачестат во зависно од регионите ширум Македонија
-
Хороскоп12 часа
Хороскоп за недела (22 декември)
-
Автомобили2 дена
Зошто не е добро да се мие автомобилот на ниски температури? Совети од Германскиот автомобилски клуб (ADAC)
-
Автомобили2 дена
Volkswagen го заврши производството на легендарниот VR6 мотор по 34 години
-
Lifestyle2 дена
Варениот џин – празничен пијалок што ги загрева душата и сетилата
-
Временска прогноза32 минути
Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот