Македонија
(ФОТО) Во малешевскиот регион спасен примерок од загрозениот вид белоглав мршојадец
Примерок од загрозениот вид кај нас белоглав мршојадец во Малешевијата беше спасен од повреда од страна на хумани граѓани. Птицата откако била пријавена, како што информираат од здружението „Проанима”, ја примил ветеринарен инспектор од Берово, кој констатирал повреда во делот на крилјата.
„Птицата не можела да лета, поради удари од камења. Била сместена во сигурна просторија на шумското претпријатие во обезбеден кафез со храна и вода. Поради тоа што немавме искуства со птици, откако бевме известени за случајот, решивме да побараме помош од Македонското еколошко друштво“, информираат од „Проанима“.
Со поддршка на Македонското еколошко друштво, започнала акција за преземање на птицата од страна на Ветеринарен факултет од Скопје каде во моментот се наоѓа белоглавиот мршојадец.
Во акцијата за обезбедување транспортно возило, ни помогнаа од Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“. Белоглавиот мршојадец, потоа беше преземен од Македонското еколошко друштво и однесен директно на Ветеринарен Факултет во Скопје, каде е извршен преглед и првичните резултати се добри. По добивање на резултатите од рентген и крв, ќе се знае колку време би траела терапијата, за да биде целосно излечен и вратен во природа, велат од здружението „Проанима“ од Берово.
Белоглавиот мршојадец е вистинска реткост во Малешевијата. Според податоците на Македонското еколошко друштво, овој вид на птичја фауна, најмногу е застапен во околината на Демир Капија, клисурата на Црна Река во близина на Тиквешко Езеро, Мариово, на планината Осогово и кај езерото Матка.
/taratur
Македонија
Од ноќеска поскапува дизелот и бензинот
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,50 ден/лит, додека малопродажната
цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит.
Македонија
Македонски Брод – Прилеп преку превој „Барбарос“ е укината забраната за тешки товарни возила, додека на овие делници сеуште се активни забраните за ТТВ
АМСМ предмалку извести дека на овие патни правци се укинати забраните за тешки товарни возила и тоа:
Деве Баир – Крива Паланка пуштен за ТМВ
Делчево – г.п. Делчево
Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос
АКТИВНИ ЗАБРАНИ ЗА ТТВ:
Гостивар – Маврово-Дебар
Гостивар – Стража-Кичево
Пресека
Плетвар
Ѓавато
Струга – г.п. Ќафасан
Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)
ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА:
Од 15.50ч целосно во прекин е сообраќајот на патниот правец А1 Д. Капија- Смоквица и сообраќајот ќе се пренасочува по алтернативниот патен правец Р 1102.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег по интервенција од страна на екипите на ЈП Македонијапат. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Снежниот бран ги „замрзна“ температурите под нулата на секаде, од градовите најмногу снег имаме во Штип, додека на Шапка речиси еден метар!
Снежниот бран во Македонија ќе продолжи и во текот на претстојната ноќ, како и утре (понеделник), и да напоменеме тоа ќе биде некаде во поголема форма, некаде не. До 16 часот од градовите највисока снежна покривка има во Штип, и тоа 30 сантиметри, додека од Скијачките центри скоро 70 сантиметри снег има на Попова Шапка.
Температурите денес речиси насекаде се задржаа под нулата, а на планинските и Скијачките центри максималните температури се движа дури до близу -10 степени. На табелата можете да ги погледнете денешните температури измерени по градови и места во Македонија до 16 часот попладнево, и тоа на мерните станици на УХМР.
Исто така на табелата може да видите и колкава е снежната покривка до 16 часот во градовите низ Македонија, за порта.мк информира Славчо Попоски
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Пациенти се жалат дека кругот на кичевската Болница е под снег и мраз, тешко се стигнува до медицинските врати, надлежните последно исчистиле пред два дена!
-
Кичево2 дена
(ГАЛЕРИЈА) Ова се традиционалните кичевски огнови кои ни ги испративте да ги додадеме во големиот „Василичарски“ албум, за многу години!
-
Временска прогноза1 ден
Доаѓаат минусни температури и преку ден, ќе имаме силен мраз и замрзнати површини
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (15 јануари)
-
Магазин1 ден
(ВИДЕО) Среќна ви Нова Година со чиста душа, спокојна, и со радост и со славје и догодина со здравје, каланда на дечињата од кичевскиот хор „Митрополит Козма Пречистански“
-
Хороскоп48 минути
Хороскоп за четврток (16 јануари)
-
Автомобили7 часа
Последните десет години овие популарни автомобилски брендови скокнале неверојатни 68 отсто за нивната куповна цена
-
Скопје8 часа
Скопјанка пријавила дека машко лице ја допирало по телото