Следете не

Здравје и убавина

Благодетите на рицинусовото масло

Објавено пред

на

Поради своите состојки, ова масло има голем удел кога станува збор за козметички производи. Хидризирачките состојки го прават идеален за кожата и косата. Поттикнува создавање на колаген и ја намалува појавата на брчки.

Рицинусовото масло ги отстранува митисерите и акните и ја чисти кожата. Потикнува раст на трепките, веѓите и косата. Редовното користење на рицинусово масло потикнува раст на ноктите, го спречува опаднувањето на косата и го отстранува перутот. Рицинусовото масло може да се користи и како отстранувач на шминка.

Еве како да подготвите средство за отстранување на шминка спрема вашиот тип на кожа:

Масна кожа – 30% рицинусово масло, 70% сончогледово масло

Нормална кожа – 20% рицинусово масло, 80% сончогледово масло

Сува кожа – 10% рицинусово масло, 90% маслиново масло

Здравје и убавина

На колку време треба да се менува четката за заби?

Објавено пред

на

„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!

Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.

И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.

Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.

Извор: denar.mk

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Како да направите диетален домашен сок од ананас

Објавено пред

на

Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.

Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.

Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…

Состојки:

– 1 ананас

– 1 лажица ленено масло

– 2 дл. Ладна вода

– малку сок од лимот или лимета

Подготовка:

Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.

Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата

Објавено пред

на

Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.

Состојки:

– 2 литри обична природна вода

– 1-2 големи портокали

– 3 киви

– 5 јагоди

– сок од половина лимон или лимета

Начин на подготовка:

Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп2 часа

Хороскоп за среда (29 јануари)

ОВЕН Денес, ќе добивате разни сигнали од луѓе со кои работите и пријатели, па затоа не е изненадувачки што ќе...

Спорт3 часа

Женска репрезентација на Македонија до 17 од утре до 3 март ќе одржи „тренинг камп“ во Дојран

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години во периодот од 29. јануари до 3. март ќе одржи тренинг камп...

Спорт6 часа

Елиф Елмас, Македонскиот фудбалски „дијамант“ се сели во Торино?

Македонскиот фудбалски репрезентатицец Елиф Елмас се сели во Торино. Како што пишува спортскиот новинарски експерт Фабрицио Романо „дијамантот“ оди на...

Хроника9 часа

Извлечено женско тело од водите на Вардар

Денеска (28.01.2025) околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека е забележано женско тело во реката Вардар. Околу 13...

Македонија9 часа

Битолчанец бил измамен, му посредувале за наследство од починато лице кое немало законски наследници

На 27.01.2025 во СВР Битола, 20 – годишник од битолско село пријавил дека бил измамен од едно женско лице за...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (28 јануари)

ОВЕН Брзиот раст што му се случува на Овенот во последно време, овој викенд може да биде малку премногу за...

Скопје1 ден

Утре во Скопје на поширокото централно подрачје ќе има посебен режим на сообраќај поради посета на висок функционер на Република Црна Гора

СВР Скопје денес ги извести граѓаните дека денеска (27.01.), но и утре (28.01.2025) во Скопје, односно во официјална посета на...

Македонија1 ден

ДПИ ќе спроведува засилени контроли према законите за угостителска дејност и заштита од пушење цигари

Во наредниот период Пазарниот инспекторат ќе спроведува засилени контроли на терен во согласност со Законот за угостителска дејност и Законот...

Автомобили2 дена

Volkswagen ќе мора да опстои до 2026 година без нови електрични модели

Во следниот период, Volkswagen е принуден да ја продава постојната EV технологија на нови клиенти, што претставува голем предизвик. Поминаа...

Автомобили2 дена

Ова се користените автомобили што треба да ги избегнувате

Со влегување во новата календарска година, многу возачи размислуваат за промена на автомобилот. Купувањето користено возило обично предизвикува мешавина од...

НАЈЧИТАНИ