Здравје и убавина
Дознајте кој лек е брз за акни и херпеси
Херпесите се мали, непријатни пликови кои се појавуваат од нечистотија или стрес, а може да бидат видливи со денови. Исто така, и акните се чест проблем со кој никој не сака да се бори.
Сепак, постои природен лек со кој на брз начин ќе се ослободите од овие две непријатни појави.
Земете парче бел лук, ситно исечкајте го и ставете го директно на херпесот. Оставете го да делува 10 минути, а потоа измијте го со топла вода. Оваа постапка можете да ја повторите 5 пати, по кои за околу 12 часа херпесот ќе се повлече.
Тајната на белиот лук е што ја зголемува одбранбената способност на организмот. Богат е со многу минерали, содржи етерични масла, витамини и се смета за природен антибиотик.
Третманите со лук се препорачуваат и кај појавата на акни и секој тип на нечиста кожа.
Доволно е да ставите малку исечкан лук на местото, да го оставите да отстои неколку минути и местото да го исплакнете со топла вода.
Секако, избегнувајте ја областа околу очите.
Постапката можете да ја повторите безброј пати, но за оние со чувствителна кожа не се препорачува повеќе од 5 пати во денот.
Здравје и убавина
На колку време треба да се менува четката за заби?
„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!
Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.
И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.
Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.
Извор: denar.mk
Здравје и убавина
Како да направите диетален домашен сок од ананас
Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.
Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.
Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…
Состојки:
– 1 ананас
– 1 лажица ленено масло
– 2 дл. Ладна вода
– малку сок од лимот или лимета
Подготовка:
Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.
Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.
Извор: денар
Здравје и убавина
Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата
Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.
Состојки:
– 2 литри обична природна вода
– 1-2 големи портокали
– 3 киви
– 5 јагоди
– сок од половина лимон или лимета
Начин на подготовка:
Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.
Извор: денар
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (24 декември)
-
Кичево9 часа
Без електрична енергија моментално Кичево, с.Лавчани, Подвис, превој Стража
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за среда (25 декември)
-
Спорт1 ден
Со одлука на новоизбраниот претседател Омерагиќ, Ѓорѓи Христов назначен за технички директор во Фудбалската федерација на Македонија
-
Автомобили1 ден
(ВИДЕО) Лада Нива „Sport“ крена во производство
-
Македонија2 дена
ЈП Македонија Пат состојба на патиштата до 12:00ч
-
Автомобили2 дена
Најбезбедни автомобили во Европа: Листата за 2024 година
-
Автомобили2 дена
Каде да се постават синџирите за снег на возила со погон на четири тркала?