Во светот на природната убавина, медот се издвојува како клучна состојка за нега на косата. Неговите навлажнувачки својства го прават совршена алтернатива на традиционалните хемиски шампони.
Медот, кој обично го поврзуваме со сладок додаток за чај, сега станува сè попопуларен во нега на косата. Наместо хемиски шампони кои нудат брзи резултати, се повеќе луѓе се свртуваат кон едноставната и ефикасна алтернатива – медот. Благодарение на своите неверојатни својства, медот се претвори во вистинска ѕвезда во рутината за „чиста убавина“, идеален за секој кој сака природен и здрав пристап кон негата на косата.
Мед – повеќе од сладок додаток за чај
Медот не само што е вкусен и здрав за организмот, туку е познат и по своите лековити својства, кои датираат уште од античките цивилизации. Тој помага да се смири воспалението, ја ублажува кашлицата и го забрзува зараснувањето на раните. Во последниве години, неговата употреба во козметиката и негата на косата стана популарна.
Шампоните на база на мед ги освоиле срцата на многу љубители на природна нега поради нивните навлажнувачки, смирувачки и регенеративни својства. Без хемикалии, медот ја прави косата поздрава, похидрирана и сјајна – на сосема природен начин.
Како да направите шампон од мед?
Подготовката на шампон од мед е исклучително едноставна. Се што ви треба се две состојки: мед и вода. Вие може да ја прилагодите количината на вода, во зависност од тоа каква текстура сакате да има шампонот. Процесот е брз и лесен.
Рецепт:
- Во помал сад, измешајте 3 лажички мед со 100 мл млака или ладна вода.
- Добивате благ, течен шампон кој можете веднаш да го употребите.
- Ако сакате погуст шампон, намалете ја количината на вода и користете сооднос од 3 лажички мед на 3 лажички вода.
- Нанесете го шампонот на влажна коса, нежно масирајте го во скалпот и распоредете го по целата должина на косата. Потоа, исплакнете темелно со млака вода за да ги отстраните сите траги од мед. За дополнителна нега, можете да го користите вашиот редовен регенератор или да ја исплакнете косата со мешавина од вода и јаболков оцет за дополнителен сјај.
Зошто медот е добар за косата?
Медот е познат по својата способност да ја задржи влагата во косата, спречувајќи сувост и давајќи природен сјај. Тој функционира како магнет за влага, па е особено корисен за сува и оштетена коса.
Покрај тоа, медот е идеален за сув скалп и првут, бидејќи неговото хидратантно дејство ги смирува иритациите, правејќи ја косата и кожата поздрави. Ако имате чешање или суво скалп, медот може да помогне во ублажување на овие непријатни симптоми.
Медот исто така го стимулира растот на косата. Неговите регенеративни својства ги обновуваат оштетените влакна, зајакнувајќи ги од коренот и спречувајќи ги да се скршат. Исто така, има природно антисептично дејство, што помага во намалувањето на инфекциите на скалпот и во одржувањето на здравјето на косата на долг рок.
Природен мирис кој трае
Друг плус на користењето мед во негата на косата е тоа што по миењето косата задржува пријатен, природен мирис. Без синтетички мириси кои се наоѓаат во комерцијалните шампони, вашата коса ќе мириса свежо и чисто – без потреба од дополнителни производи.
Медот како универзална опција за сите типови коса
Без разлика дали имате кадрава, права, тенка или густа коса, медот е безбеден и ефикасен за сите типови коса. Поради тоа што не содржи парабени, сулфати и други штетни хемикалии, може да се користи без разлика на типот на косата. Ако сакате природна алтернатива на шампоните кои нудат моментални резултати, медот е совршен избор.
Извор: 24Sata