Временска прогноза
Детали за времето денеска и периодот, најавени -20°C температури

Врнежите кој што ја зафатија нашата држава полека ќе се преместуваат кон исток и вечерва и во текот на ноќта ќе престануваат. Ќе започне да дува засилен, повремено и тоа особено Долж Повардарието СИЛЕН ветер од северен и од северозападен правец и истиот ќе услови НАГЛО и ГОЛЕМО заладување на времето кое е поврзано со спуштањето на ПОЛАРНАТА воздушна маса со потекло од Арктикот.
До утре изутрина температурите насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени.
Утре ќе има преодна и краткотрајна стабилизација на времето, додека за време на викендот нашата територија ќе биде зафатена од СНЕЖЕН БРАН кој насекаде ќе услови врнежи од снег и формирање на снежна покривка. Поинтензивни врнежи ќе има во западните и во југозападните предели каде на пониските места понекаде ќе се формира снежна покривка од над 30 сантиметри, на планините истата значително ќе се зголеми.
Врнежи од снег за време на викендот ќе има и во Скопје и околината каде се очекува да се формира снежна покривка (локално од над 10 сантиметри), што значи помала за разлика од онаа во западните и во југозападните предели.
Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец и истиот има услови да создаде појава на снежни наноси. Минималните температури за време на овој викенд ќе се спуштаат во интервалот од -13 до -5 степени, на планинските места истите ќе се спуштаат и под -15 степени, додека максималните дневни ќе бидат значително под просекот за овој дел од годината, односно ќе биде невообичаено студено со дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од -9 до 2 степени во крајните југоисточни предели.
Уште постудено ќе биде во текот на следната недела кога наутро температурите понекаде ќе се спуштаат и до околу -20 степени, на планинските места и под -20 степени. Максималните дневни температури исто така ќе бидат многу ниски и ќе се искачуваат во интервалот од -9 до 1 степен.
Ветерот од северен и од североисточен правец ќе продолжи и во првите денови од следната недела и ќе биде со умерен, повремено и со засилен интензитет со што температурите на воздухот ќе се чувствуваат како да се пониски од реално измерените.
/Славчо Попоски
Временска прогноза
Метео+: Сибирски студ цела седмица, утринските температури дури до -10°C

Во Македонија во најголем дел од оваа седмица ќе биде невообичаено ладно за овој период од годината и со температури кои ќе бидат далеку под просекот за месец април, и истите ќе бидат дури и за повеќе од 10 степени пониски од просечните за април. Сето ова е поради влијанието на многу ладниот бран кој се спушта директно од Сибир кон нашите краишта.
Иако претежно стабилно, суво и сончево, со појава на умерена облачност, оваа седмица наутро ќе биде многу ладно со температури кои насекаде во Македонија ќе се спуштаат под нулата, со што очекувам појава на умерени до силни мразеви, кои особено негативно ќе се одразат врз овошките и расцветаните дрвца.
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, и тоа во најголем дел од оваа работна седмица, додека на високите планини тие ќе се спуштаат дури и под -10 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта до околу -3 степени.
Преку ден пак тие исто така ќе бидат под просекот за април и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени во најтоплите предели од нашата Македонија, а најладно преку ден ќе биде денес (понеделник 7 април) со максимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 10 степени, утрово за нашиот медиум пишува Славчо Попоски.
АМСМ:
ОТЕЖНАТ СООБРАЌАЈ: Патниот правец Крушево – с.Долно Дивјаци – с.Кочиша е небезбеден за сообраќај и претсавува опасност за нормално одвивање на сообраќајот. Од 04.4.2025 година е затворен за секаков вид на сообраќај. Може да се користат регионален пат с.Пуста Река -Крушево.
Временска прогноза
Попоски: Започна продор на ладен воздух, до вечер снежен циклон ја зафаќа Македонија на повеќе места

Започна продорот на многу ладен воздух директно од Сибир во нашата Република Македонија. Токму ова веќе условува формирање на секундарен снежен циклон и нагло и значително опаѓање на температурите, дури и за 10 до 15 степени пониски температури ќе имаме до вечерва во однос на оние кои ги имавме до вчера (сабота 5 април).
Во следните часови од север врнежите ќе се прошират насекаде во Македонија и повремено ќе бидат обилни и од снег најпрвин на повисоките населени места, планините и секако на Скијачките центри. Во текот на доцните попладневни часови од денешниот ден (недела 6 април) и вечерва врнежи од снег ќе има и во повеќето пониски места (градови).
Сето ова ќе биде проследено и со повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час). На планините и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка од 10 до 20 cм, а во овие делови снежната покривка понекаде ќе биде и со висина близу, па дури и над 30 cм снег. Во градовите пак, особено во западната половина од нашата Македонија ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 cм, понекаде таа ќе биде и малку повисока.
Во останатите делови од Македонија снежната покривка ќе биде делумна и многу мала, а во Повардарието и во југоисточните предели таа речиси и нема да ја има.
Што се однесува до Скопскиот регион, со овој ладен воздух од Сибир врнежи од снег ќе има особено на околните планини а потоа и во повисоките предели од котлината. Не се исклучува можноста слабо провејување на снег да има и во делови од пониските предели од котлината. И во Скопје и околината повремено ќе дува силен ветер од северен правец (во делови од котлината со брзина од над 60 км/час).
– Ги советувам возачите, доколку патуваат низ планинските превои да бидат крајно внимателни, поради очекуваните обилни снежни врнежи и појавата на голомразица поради ниските температури на воздухот. Исто така, поради силниот северен ветер можна е појава и на снежни наноси, вели Славчо Попоски.
Временска прогноза
Викендов на повидок екстремен сибирски ладен бран

Уште од недела (6 април) рано наутро, па во текот на целиот ден ќе има пообилни врнежи кои најпрвин ќе бидат од дожд на ниските места (градовите) и од снег на повисоките населени места и на планините, секако и на Скијачките центри. Поради брз продор на многу ладен бран директно од Сибир, во текот на денот во недела (6 април) а особено попладнето и вечерта врнежи од снег ќе има и во повеќето пониски места (градовите).
Сето ова ќе биде проследено со засилен, до повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час). Температурите ќе опаднат дури за 10 до 15 степени во однос на оние кои ги имаме сега, и тие ќе бидат далеку под просекот за април (дури и за повеќе од 10 степени пониски од просечните за овој период од годината).
Покрај појавана на силен мраз, на планинските и на Скијачките центри ќе се формира снежна покривка од 15 до 20 cм снег, понекаде во овие предели снежната покривка ќе биде со висина дури и до 30 cм. Што се однесува до градовите, особено во западната половина од Република Македонија ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 cм, локално и повеќе од 10 cм. На другите места снежната покривка ќе биде многу помала, а во Повардарието и во југоисточните предели речиси снежна покривка и нема да има.
Обилните врнежи кои ќе ги имаме се поради формирањето на секундарниот циклонски систем (поле со низок воздушен притисок) над нашиот дел од Балканот, а формирањето на овој циклон ќе го предизвика токму овој продор на многу ладен воздух директно од Сибир кон Македонија и регионот, предмалку истакна Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за вторник (8 април)
-
Временска прогноза2 дена
Метео+: Сибирски студ цела седмица, утринските температури дури до -10°C
-
Хроника2 дена
Лишен од слобода возач на „голф“, по сообраќајната несреќа во скопско каде загина малолетничка
-
Хороскоп3 часа
Хороскоп за среда (9 април)
-
Мобилни уреди1 ден
Нови функции за WhatsApp, исклучете ја камерата пред да се јавите
-
Македонија1 ден
Мало намалување на цената на нафтените деривати од ноќеска
-
Магазин13 часа
Можеби мислите дека вашиот телефон е ажуриран – но има едно ажурирање што веројатно го пропуштате
-
Магазин13 часа
NVIDIA RTX PRO 6000 Blackwell: Новата 96GB ѕверка за професионалци е побрза од RTX 5090 во CGI рендерирање