Следете не

Временска прогноза

Дожд, снег и ветер, во прилог детална метео анализа

Објавено пред

на

Денес и утре времето во Македонија ќе биде претежно облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд, додека на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег.

Утре ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи ќе има особено на запад каде локално ќе наврнат над 25 л/м3 воден талог а на планините снежната покривка ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец кој на некои места повремено ќе засилува.

Кон крајот на утрешниот ден ветерот ќе го промени својот правец во северн и Долж Повардарието повремено ќе биде засилен по интензитет, а температурите уште повеќе ќе опаѓаат со што снежната граница има услови понекаде да се спушти и под 1000 метри. Температурите на воздухот денес и утре ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени. Потоа од четврток повторно ќе имаме стабилно и суво време без врнежи.

Во Скопје и околината денес и утре времето ќе биде претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд.

Денес ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој кон крајот на денов ќе заислува, додека утре попладне и навечер ќе започне да дува умерен до засилен ветер од северн правец.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 12 степени. Потоа од четврток повторно времето ќе биде стабилно, суво и посончево.

/Славчо Попоски

Временска прогноза

Стабилизација и целосно разведрување, но со многу ниски ноќни и утрински температури, нови снежни врнежи за сега на повидок после големиот празник Богојавление „Водици“

Објавено пред

на

Од овој петок, па за време на викендот ќе имаме стабилизирање и целосно разведрување на времето во Македонија, и истото ќе услови да имаме многу студени ноќи и утра, кога температурите насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата.

На повеќе места температурите се очекува да се спуштаат под -5 степени, односно близу -10 степени, а во делови од Македонија тие ќе се спуштаат и под -10 степени, односно до близу -15 степени.

Од друга страна пак, максималните дневни температури ќе бидат во постепен пораст, па така од петок и за викендот насекаде ќе бидат над нулата, со исклучок на високите планини и Скијачките центри.

После ова, на повидок и тоа по 20 јануари се нови многу ладни продори од север и од северисток кој ќе условуваат многу ниски температури на воздухот, а ќе донесат и нови снежни врнежи.

Состојбата околу ова постојано ќе ја следам и јавноста навремено ќе биде информирана токму околу оваа ситуација, информира

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Доаѓаат минусни температури и преку ден, ќе имаме силен мраз и замрзнати површини

Објавено пред

на

Пред нас е исклучително ладно време, со многу ниски температури на воздухот, како во ноќните и во утринските часови, па така и преку ден. Во ноќните  и во утринските часови насекаде низ Македонија температурите ќе се спуштаат под нулата, на повеќе места и близу -10 степени, а во делови од Македонија температурите се очекува да се спуштат и под -10 степени, односно близу -15 степени.

Максималните дневни и преку ден на повеќе места ќе бидат близу, или за некој степен над нулата, а во делови од Македонија тие и преку ден ќе останат под нулата, особено до крајот на работнава седмица.

Со оглед на тоа дека насекаде низ Македонија има снежна покривка, и појава на силен мраз, а појава на силен мраз очекуваме се до крајот на оваа седмица, особено силен мраз очекуваме во ноќните  и во утринските часови.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ И ДО ПЕШАЦИТЕ: Со оглед на тоа дека очекуваме појава на силен мраз, а снежната покривка во повеќето градови низ Македонија е позначителна, и не очекуваме нејзино забрзано топење во следните денови, и тоа поради многу ладното време кое ќе го имаме, во ваква ситуација, ги предупредувме возачите да внимаваат како се движат по лизгавите коловози, односно да се движат со намалена брзина, исто така крајно внимателни да бидат и пешаците со нивното движење, за да не дојде до пад и до создавање на повреди кај граѓаните. Ова важи за надлежните служби кои се задолжени за чистење снег, навреме да ги санираат остатоците од мраз и снег, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

За околу два часа започнува снежниот циклон кој ќе трае до понеделник?

Објавено пред

на

Од денешната саботна вечер започнува големиот снежен бран насекаде во Македонија, кој како што и претходно кажав ќе биде во вид на снежно невреме, што значи врнежите ќе бидат доста обилни и проследени со засилен ветер од северен правец (повремено со брзина од над 60 км/час), па вечерва, кон утрешниот ден (недела) врнежите насекаде во Македонија ќе преминуваат само во врнежи од снег.

Насекаде низ Македонија ќе се формира позначителна снежна покривка, а поради засилениот ветер од северен правец ќе има појава  и на снежни наноси.

До понеделник наутро во најголем дел од Македонија, и тоа во градовите ќе се формира снежна покривка со висина до околу, и над 20 сантиметри, во повеќето градови и со висина од над 30 сантиметри, локално дури и над 40 сантиметри, а на планините  и на Скијачките центри се очекува нов снег со висина од над 50 сантиметри, па дури до околу и над еден метар.

Во Скопската котлина до понеделник ќе се формира снежна покривка со висина од 10 до 20 сантиметри, а во повисоките предели од колтлината, како и на околните планини таа ќе биде значително поголема.

Попрецизно:

Најновата нумеричка прогноза потврдува формирање на снежен бран во Македонија.

NOTHAS Часовни врнежи во југоисточна Европа – ТУКА

Од денес 18:00 до 13.01.25 00:00ч

(понеделник) Временски синопсис: Секундарен циклон со влажен фронтален бран, кој во текот на ноќта, прво во југозападните делови, наутро и во текот на денот на 12 јануари ќе донесе обилни врнежи од снег во Македонија

СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Со оглед на тоа дека не очекуваат обилни снежни врнежи насекаде во Македонија, на возачите им препорачувам да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, особено доколку се движат низ планинските превои, каде поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Исто така, Скијачите кои ќе се наоѓаат на Скијачките центри, ги советуваме да не се движат кон поголеми надморски височини поради обилните врнежи од снег и значително намалената видливост која ја очекуваме.

Известува Славчо Попоски, метеоролог од Метеоаларм.мк

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Кичево36 минути

Познато времето на спуштање на светиот Крст во Кичево, како и распоредот за претстојниот празник „Богојавление Водици 2025“

Се известуваат сите оние православни верници кои сакаат да земат учество во извлекувањето на Светиот Крст од осветените води во...

Македонија7 часа

Дизелот од ноќеска поскапува за 2 денари, додека бензините остануваат со иста цена

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за...

На денешен ден19 часа

На денешен ден – 16 јануари

1778.- Франција ја призна независноста на Соединетите Држави за време на американската војна за независност од британското колонијално владеење (1775-83)....

Временска прогноза20 часа

Стабилизација и целосно разведрување, но со многу ниски ноќни и утрински температури, нови снежни врнежи за сега на повидок после големиот празник Богојавление „Водици“

Од овој петок, па за време на викендот ќе имаме стабилизирање и целосно разведрување на времето во Македонија, и истото...

Хороскоп21 час

Хороскоп за четврток (16 јануари)

ОВЕН Можеби се премногу посветени на некои ситни обврски и проблеми, па ги занемарувате оние крупните. Може да очекувате пријатна...

Спорт22 часа

Македонската ракометна репрезентација со „реми“ го започна големото натпреварување, испуштивме голема победа против Унгарците, но одиме понатаму!

Репрезентацијата на Македонија го постигна првиот бод на Светското првенство, бидејќи во првиот осминафинален натпревар ремизираше со Унгарија 27:27. Во...

Автомобили1 ден

Последните десет години овие популарни автомобилски брендови скокнале неверојатни 68 отсто за нивната куповна цена

Драматичниот скок на цените на новите автомобили во Европа открива загрижувачки тренд кој може да го промени начинот на кој...

Скопје1 ден

Скопјанка пријавила дека машко лице ја допирало по телото

На 14.01.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 18 – годишна девојка од Скопје пријавила дека во влез од станбена...

Lifestyle1 ден

Најдобрите утрински навики за здрав почеток на денот, тврдат кардиолозите

Утринските навики се важни за подобро расположение и мотивација. Тие исто така може да имаат различни здравствени придобивки и може...

Магазин1 ден

Не трошете пари за поправки! Шест знаци дека е време за нов мобилен телефон

Секој мобилен телефон има свој рок на траење. Еве како да препознаете кога е време да инвестирате во нов уред....

НАЈЧИТАНИ