Македонија
Дури 7 лица заболени од ХИВ/СИДА жители на Кичево, ова е целосниот извештај за 2019-та година

Пет новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА во Битола од почетокот на годинава до денес. Ова го соопштија од Центарот за јавно здравје во Битола кои што се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА 1 декември.Колку за споредба мината година на ниво на општина Битола немаше ниту едно регистрирано лице со ХИВ/СИДА. Мотото оваа година според СВетската здравствена организација е „Заедниците ја прават разликата“, со цел да се препознае суштинската улога што заедниците ја имаат во реакцијата на ХИВ/СИДА на меѓународно, национално и локално ниво.
Во текот на 2019 година до денес се регистрирани 5 нови случаи на ХИВ/СИДА на возраст од 20 до 39 години, а додека вкупниот број на лица кои што се регистрирани кои што се водат како заболени на подрачјето на Центарот за јавно здравје во кои што спаѓаат Битола, Ресен, Кичево и Демир Хисар се 25 лица, од кои 15 во Битола, 1 лице во Демир Хисар, 7 Кичево, и 2 лица во Ресен, рече др.Лилјана Милевска специјалист по социјална медицина во Центарот за јавно здравје во Битола.
Прашавме на што се должи ваквата состојба
-Неинформираност, несогледување на ХИВ Статусот, недоволно здравствена едукација за заштита, се најчестите причини поради ваквата состојба во Битола, рече др. Лилјана Милевска, специјалист по социјална медицина од Центарот за јавно здравје во Битола.
Постојат ефективни антиретровирусни лекови кои го контролираат вирусот и можат да помогнат да се спречи пренесувањето, така што луѓето со ХИВ и оние со значителен ризик можат да имаат здрав, долг и продуктивен живот . Затоа е важно навремено тестирање за ХИВ и секој да го знае својот ХИВ статус.
ХИВ продолжува да е глобален јавен проблем, велат познавачите. Во Македонија во 2019 година има 57 нови случаи со ХИВ/СИДА, од кои 55 од машки пол. Од нив 77% се на возраст од 20 до 39 години. Се проценува дека во 2018 година 37,9 милиони лица живеат со ХИВ, 1,7 милиони се новоинфицирани, а 770 000 лица починале поради ХИВ/СИДА. Инаку Центарот за јавно здравје денес Светскиот ден за борба против сидата го одбележа со поголем број на здравствено едукативни активности во училиштата, а престава од здравствено воспитен карактер се одржа и во ОУ Св.Климент Охридски.
Извор: Тера ТВ
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (21 февруари)
-
Хороскоп21 час
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Култура2 дена
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски
-
Македонија22 часа
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза2 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Македонија5 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети
-
Мобилни уреди3 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години