Македонија
(ФОТО) На Буковиќ близу „Стража“ се појави нова единка Рис женка

Тимот што работи на зачувување на балканскиот рис од Македонското еколошко друштво (МЕД) на 12 февруари со помош на кафез-замка залови нова единка од реткиот балкански рис во месноста Буковиќ, близу Стража.
Како што соопшти МЕД, се работи за здрава женка, веројатно, на возраст од 2-3 години, тешка 15 килограми. По фаќањето на рисицата во кафез-замката се преземале стандардни процедури и мерења за утврдување на здравствената состојба на единката. За време на постапката, присуствувале претставник од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје и ловџии од ловното друштво „Сокол-З“ од село Зајас. Потоа рисицата била пуштена на слобода.
– Ова е втора рисица (по Маја, што ја следевме во 2017 и 2018 година) што ќе носи околувратник и ќе биде пратена со методот на радиотелеметрија и GPS-следење.
Со ова го збогатуваме нашето знаење за распространувањето на рисот, и за неговите потреби од храна и живеалиште. Рисицата претходно беше снимена лани на истиот локалитет со помош на фотозамки.
Таа засега е во добра состојба, а тоа го потврдуваат и првите податоци со помош на следење GPS-сигнал, кои ни го открија и нејзиниот прв плен по обележувањето – срндак уловен пред 4-5 дена, изјави Диме Меловски, од Македонско еколошко друштво.
Ловџиите од ловното друштво „Сокол-З“ одлучиле рисицата да ја крстат Нарциса.
– Нарциса, ти посакуваме богат плен и голем пород. Од 2010 година па наваму, МЕД има заловено и ставено околувратник на вкупно осум единки рис, со кои стекнавме вредни податоци за однесувањето на ова таинствено животно кои ни даваат податоци за нивно правилно зачувување.
На Балканот се проценува дека има уште 40 возрасни единки на балкански рис, што според Меѓународната унија за зачувување на природа (IUCN) е животно со критично загрозен статус, стои во соопштението од МЕД.
/vesnik
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија2 дена
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Временска прогноза16 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Македонија19 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди17 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили2 дена
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин2 дена
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети