Спорт
Хабиб Нурмагомедов: Победата беше сон на татко ми!

Тоа беше сонот на тато, што повеќе да ви кажам. Џастин и Конор ќе се борат во јануари, но не ми е гајле. Кога потпишав со УФЦ во 2012 година, многу луѓе се сомневаа во мене затоа што дојдов од мал град во Дагестан. Уште не можам да верувам, сега сè дојде на мои плеќи. Останав само со еден родител и ќе мора да се грижам за моето семејство, рече Хабиб.
Хабиб Нурмагомедов го побди Џастин Гејџи и по трет пат ја одбрани титулата во лесна категорија УФЦ, но веднаш објави крај на кариерата, дагестанецот ја објасни својата одлука со тоа што тој не сакаше и не можеше да влезе во октагонот без неговиот покоен татко, кој почина на почетокот на јули.
Што се однесува до нивната заработка за мечот, триумфот над Гатје значел и премија од 3,1 милиони долари, плус дополнителни 100.000 евра како награда што нивната борба беше прогласена за „борба на вечерта“, додека Гатје, си замина дома со заработка од 630.000 евра, речиси пет пати помалку од шампионот Нурмагомедов.
"Today is my last fight here in UFC." #UFC254 pic.twitter.com/sq6R9LxN1i
— UFC (@ufc) October 24, 2020
Спорт
Раководството на ФФМ, предводено од претседателот Омерагиќ и генералниот секретар Јандреоски и Ганиу присуствуваа на 49 Конгрес на УЕФА во Белград

Денеска во Белград се одржа 49. Конгрес на Европската фудбалска Асоцијација, УЕФА. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја претставуваа претседателот Масар Омерагиќ, генералниот сектретар, Леонид Јандреоски и неговиот заменик, Дрилон Ганиу.
Конгресот на УЕФА ги собра челниците на европскиот и светскиот фудбал, многу гости од светот на фудбалот и од различни сфери на општественото живеење.
– Во Белград, првите луѓе на европскиот фудбал разговараа за иднината на европскиот и светскиот фудбал. Во својот говор, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, истакна зошто основните вредности на европскиот фудбал – единство, солидарност и тимска работа – се поважни од кога било во се поделениот свет.
Повеќе ќе прочитате на официјалниот натпис од ФФМ, ТУКА
Спорт
Извлечени паровите за „Купот на Македонија“ во фудбал, Вардар ќе игра со Брера АП, додека ривалот Шкендија за противник го доби тимот на Струга ТЛ.

Во рамки на денешниот ден во просториите на Фудбалската федерација на Македонија со ждребпка беа одредени и истакнати полуфиналните парови за „Купот на Македонија“. Така што ждребката случајно ги спои ривалите Шкендија и Струга ТЛ, додека црвено-црните Вардар го доби тимот на Брера АП.
Првите натпревари се закажани за 9-ти април од 15:00 часот, додека реванш мечевите се закажани за 23-ти април, истакна ФФМ.
Спорт
Андов го истакна списокот со фудбалерки за дуелите со Летонија и Косово во рамки на Лигата на нации за пласман на СП 2027

Женската А репрезентација на Македонија на почетокот на април ќе одигра два натпревари против Летонија и Косово во рамките на продолжението од Лигата на нации за пласман на СП. 2027. На 4. април, со почеток во 15. часот ја пречекуваме селекцијата на Летонија.Четири дена подоцна во Приштина играме против Косово, со почеток во 14.часот.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Александар Андов за дуелите со Летонија и Косово, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Евгенија Велјановска – Скопје 2014
Викторија Панчурува – Тиверија Брера
Кристина Павлоска – Раднички Крагуевац, Србија
ОДБРАНА:
Сара Коларовска – Скопје 2014
Ане Бошеска – Тиверија Брера
Павлинка Николовска – Тиверија Брера
Мила Панева – Скопје 2014
Лимани Ихмете – Германија
Викторија Недева – Тиверија Брера
Елена Панеска – Олимпија, Словенија
Бојана Петкова – Полска
СРЕДЕН РЕД:
Маријана Нацева – Дортмунд, Германија
Теона Голабовска – Тиверија Брера
Хава Мустафа – Љуботен
Александра Марковска – Љуботен
Симона Мајер – Израел
Ленче Андрееска – Турција
Рабија Дервиши – Скопје 2014
Наташа Андонова – Мадрид, Шпанија
НАПАД:
Јилза Максути – Турција
Гентијана Рочи – Финска
Меланија Грозданова – Истатов
Јована Павловска – Полска
Во воведното коло на групата 6 од сегментот Ц, Македонија беше поразена од Косово на домашен терен со 4:0, известуваат од ФФМ.
-
Временска прогноза2 дена
Ново ажурирање: Доаѓа екстремно ладно време за април, силен северен ветер и снег, невообичаено за овој период од годината
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за петок (4 април)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за сабота (5 април)
-
Скопје15 часа
МВР: Дисциплинска постапка за двајца полициски службеници кои лажно тврделе дека возилото „порше“ е службено
-
Скопје1 ден
МВР со соопштение за видеото во Дебар Маало, настанот е од минатиот месец, сопственикот е казнет
-
Магазин20 часа
(ВИДЕО) „Форца Бенд“ го објави својот најнов „свадбарски сплет“, во најава нови авторски песни, сплетови и кавери
-
Скопје2 дена
(ВИДЕО) Лишен и задржан во Полициска станица возачот кој со мопед удри дете и избега, ќе биде поднесена кривична пријава
-
Македонија2 дена
ЦУК преку УХМР објави хидролошка информација за водостоите на реките ширум Македонија