Следете не

Здравје и убавина

Хеликобактер пилори – главен виновник за карцином на желудникот

Објавено пред

на

Првите симптоми на карцином на желудникот се проблеми со варење. Затоа, овој симптом може долго време да се игнорира од страна на пациентот

Карциномот на желудникот потекнува од внатрешната слузокожа на желудникот. Болеста почнува тивко и бавно, без одредени специфични симптоми на почетокот. Често овој вид карцином е асоциран со инфекција со хеликобактер пилори, која живее во гастричната слузница и се пренесува орално. Според Светската здравствена организација, оваа бактерија е главниот виновник или број еден карциноген во појавата на карциномот на желудник. За најчестите симптоми, дијагнозата и третманот разговаравме со д-р Владимир Аврамовски, специјалист по дигестивна хирургија.

Кои се главните симптоми на болеста?

Карциномот на желудникот е подмолна болест и симптомите често се јавуваат кога болеста е во напредна фаза, односно многу зависат од локализацијата во желудникот. Од друга страна, доколку се јават симптоми, истите се карактеристични и за многу други болести затоа може да се игнорираат од страна на пациентите или лекарите. Најчести симптоми и знаци се: губење телесна тежина, болки во стомакот, гадење и повраќање, анорексија, тешкотии при голтање, крвавење, рана ситост, болка како чир. Само мал дел од пациентите со напредна фаза немаат никакви симптоми.

Како настанува канцерот на желудникот?

Генетските карактеристики, како и еколошките фактори имаат влијание во развојот на многу водечки болести вклучувајќи го и карциномот на желудник. Се смета дека во 10% од случаите се пренесува во семејството. Лицата чии роднини од прв степен заболеле од карцином на желудник имаат 2-3 пати поголеми шанси да заболат од оваа болест за разлика од другите кои во семејството немаат заболен. Сепак, за да се прифати дека карциномот на желудникот е наследна болест, треба да се исполнат три услови: најмалку 3 случаи на карцином на желудник, од кои најмалку двајца се роднини од прв степен; заболени од овој вид карцином во најмалку две едноподруго генерации или ако еден од заболените во семејството со карцином на желудникот има под 50 год.

Дијагноза

Првите симптоми на карцином на желудник се проблеми со варење. Затоа, овој симптом може долго време да се игнорира од страна на пациентот. Неопходно е прво да се направи физички преглед, да се разгледа медицинската историја, како и да се направат одредени тестови. Ефикасен метод во дијагнозата е гастроскопија, процедура што овозможува директна визуелизација на внатрешноста на гастро-интестиналниот тракт. Најефективниот метод за дијагноза е гастроскопија и за време на испитувањето да се направи биопсија. Дополнителните испитувања опфаќаат и КТ-скен.

Како се лекува?

Третманот на карцином на желудникот зависи од типот на карциномот и фазата во која е дијагностициран – проширен. Ефикасен и траен третман на карциномот на желудник е хируршкаинтервенција, која ја зголемува стапката на преживување на пациентот доколку се направи во раните фази на болеста. Во третманот на карцином на желудник се применува и радиотерапија и хемотерапија. Овие третмани обично се применуваат пред или по операција. Хемотерапијата го спречува растот и ширењето на канцерогените клетки, додека со помош на радиотерапијата и примената на „Trilogy“ се постигнува подобра локална контрола на болеста.

Здравје и убавина

На колку време треба да се менува четката за заби?

Објавено пред

на

„Дали е вистина дека четката за заби треба да се менува секој месец?“, гласи прашањето на заинтересираните лица. Денталната хигиена, освен правилното миење на забите и користењето на соодветна паста, вклучува и соодветна четка за заби која треба да ја менувате секој месец. Апсолутно да!

Можеби ви изгледа нереално и претерано, но на четкичката за заби можат да се насоберат околу 10 милиони бактерии вклучувајќи и ешерихија коли и стафилокока. Нормално, освен тоа што е потребно да ја менувате често, важно е и каде ја чувате.

И покрај редовната промена која ќе ја вршите, ви препорачуваме и внимателност при изборот на соодветна паста за заби која содржи триклосан/кополимер, бидејќи пдобро ги убиваат бактериите. Исчистете ја повремено четката со антибактериска течност за плакнење на устата, а некои советуваат и да ја измиете во машина за садови, со цел да ја стерилизирате.

Никогаш не ја чувајте во пластично заштитно капаче, бидејќи така по користењето се задржува влажноста подолг период и развојот на бактерии е поголем.

Извор: denar.mk

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Како да направите диетален домашен сок од ананас

Објавено пред

на

Благодарение на состојката бромелин, ананасот помага при варењето на протеините и буквално ги топи мастите во телото.

Ананасот се препорачува при слабеењето, но и за елиминација на целулитот, спречува создавање на брчки а помага и при алергии.

Здравиот домашен напиток од ананас многу лесно се подготвува…

Состојки:

– 1 ананас

– 1 лажица ленено масло

– 2 дл. Ладна вода

– малку сок од лимот или лимета

Подготовка:

Свежиот ананас разладете го во ладилник. Исчистете го и исецкајте го на коцки. Ставете го во блендер и додадете го лененото масло и лимонот, додадете и една шака коцки мраз или ладна вода.

Се добро измешајте. Готовиот напиток ставете го во фрижидер, а по желба разредете го со вода или леден домашен чај.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Здравје и убавина

Овој е можеби единствениот напиток за отстранување на непријатната миризба од устата

Објавено пред

на

Ако одржувате орална хигиена, но сепак имате лош здив, обидете се да го отстраните со помош на овој напиток. Станува збор за вода со додаток на овошје богато со витамин Ц, кое ја зголемува киселоста во устата и така ја намалува можноста за развој на бактерии.

Состојки:

– 2 литри обична природна вода

– 1-2 големи портокали

– 3 киви

– 5 јагоди

– сок од половина лимон или лимета

Начин на подготовка:

Измијте го овошјето, отстранете ја кората и сечете го овошјето на парчиња по желба. Додадете го овошјето во водата, сокот од лимон и оставете го напитокот најмалку еден час во фрижидер. Послужете со коцки мраз и лисја од нане, кои исто така се одлични отстранувачи на лош здив.

Извор: денар

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Автомобили1 час

Речиси половина од сите нови автомобили во изминатата 2024 година беа претставени од Кина

Иако 2024 година нема да биде запаметена како особено добра година за автомобилската индустрија, производителите продолжија да пласираат нови производи...

Кичево4 часа

Утре во Кичево заедно со дечињата да ја направиме најголемата „Бадникова поворка“ која некогаш се случила, силно и гласно да го најавиме Христовото раѓање

Драги наши, со многу радост, насмевки, возбудливи стихови пеејќи ја најубавата божикна песна „Вечниот Бог“ утре најмилите дечиња со ѕвезди...

Хороскоп18 часа

Хороскоп за недела (5 јануари)

ОВЕН Кога станува збор за пари, договори или здравствени проблеми, не верувајте никому овие дена. Обидете се сами да ги...

Кичево1 ден

(ФОТО) Вчерашниот ден на „Хуманитарниот Божиќен Базар“ во Кичево помина прекрасно, вечерва не го пропуштајте спектакуларниот „Детски Воз“ и богатата музичка агенда

Вчерашниот ден и покрај дождот, кичевчани масовно го посетија четвртиот по ред „Хуманитарен Божиќен Базар“ во Кичево. Многу музика, детска...

Македонија1 ден

Д-р Бакрачески ќе биде дополнително ангажиран како консултант во кардиолошкиот оддел на болницата „Плодност“, но останува посветен и во „Специјалната болница за кардиоваскуларни болести“ – Охрид

Вчера во јавноста излезе вест дека почитуваниот Д-р Никола Бакрачески започнува работа во битолската болница „Плодност“, но предмалку докторот за...

Lifestyle1 ден

10 Навики за Ефикасна Детоксикација – Без Потреба од Строги Диети

Детоксикацијата не подразбира само елиминирање одредена храна, туку и исфрлање на негативноста што влијае на телото и умот. Со усвојување...

Lifestyle1 ден

Која храна го намалува шеќерот во крвта

Одржувањето стабилно ниво на шеќер во крвта е од суштинско значење за целокупното здравје, без разлика дали имате дијабетес или...

Lifestyle1 ден

Дали чувствувате дека треба да пиете помалку? Следете ги овие 5 совети

Кога станува збор за опасностите од прекумерно консумирање алкохол, често се мисли дека тоа важи само за луѓето кои страдаат...

Магазин1 ден

Само iPhone сè уште користи 8 GB меморија, додека водечките Android телефони преминуваат на минимум 12 GB RAM

Овој тренд започна во втората половина на 2024 година со модели како Samsung Z Fold6, Z Flip6 и Google Pixel...

Магазин1 ден

Колку е навистина популарен најпродаваниот Android телефон во светот? Откриени импресивни бројки

Серијата Samsung S24, претставена во јануари 2024 година, постигна глобална продажба од 34,66 милиони единици, што ја прави најпродаваниот предводник...

НАЈЧИТАНИ