Хороскоп
Хороскоп за денес (06.07) понеделник

Овен
Чувствувате дека дел од колачот, кој ви припаѓа не го добивате во вистинска смисла на зборот. Морате да бидете доволно критички расположени за она што ви се случува.
Доколку сте сами можете да очекувате многу пријатно изненадување од лице кое е родено во знакот на Водолија. Бидете опуштени и со повеќе оптимизам.
Засилена главоболка.
Бик
Сакате кога се вртат поголеми суми пари и овојпат не сакате да работите за нешто ситно.Ќе бидете поттикнати на поголеми ангажмани околу овој сегмент.
Некој би можел да ви пријде, а тоа е можеби партнер од порано.Ќе посакате многу подобар амбиент за себе покрај една Девица.
Пределот околу вратот ви е чувствителен.
Близнаци
Не сте сами на полето на работа и имате со кого да соработувате. Она што ви причинува поголем проблем е дека сте подготвени на промени кои се прерано за ваш вкус.
Ќе морате да работите на работи кои се бараат од вас. Некој е во ваша близина но сеуште нито не ве прашува конкретно.Ќе морате сами да пронајдете начин нешто конкретно да се промени.
Сакате да се опуштите.
Рак
Некој би можел да ви помогне на патот по кој сте тргнале. Морате да бидете доволно отворени за она што ви се подготвува како поголем предизвик во наредниот период. Ве очекуваат поголеми пари.
Не се откажувате од лицето на кое често мислите. Морате да се опуштите кога станува збор за комуникацијата бидејќи имате отворено поле на емоции – за нешто конкретно.
Главоболка.
Лав
Овојпат не се воздржувајте да го кажете своето мислење. Отворени сте за појака соработка. Немате намера да се откажете од работата со која се бавите поради сезонскиот карактер на вашата работа.
Со сето срце сакате некое лице и тоа ви годи. Морате да бидете доволно присутни кога станува збор за заедничкиот живот. Се обидувате да се задоволите со она што го имате но ви се чини дека ви се потребни повеќе емоции.
Проблеми со аритмија.
Девица
Имате одлични аспекти за нешто конкретно и не дозволувајте другите да ве потценат. Останете во своето расположение.
Обидете се да се опуштите на овој сегмент кој ви пружа многу повеќе задоволства овој пат.На некои настани не сте можеле да сметате во поголема мерка колку што ви е одредено поголемо отворање на овој сегмент.
Водете повеќе грижа за дигестивниот тракт.
Терезија
Оние кои се на функција мораат да бидат доволно отворени кон соработниците кога станува збор за финансиската ситуација која им се пружа во наредниот период, Доколку некои работи ве загрижувале не бидете очајни за нешто што не ви одговара.
Се обидувате да најдете одредена доза на компромис кога станува збор за недоразбирањата помеѓу вас и партнерот. Овојпат не сакате да се впуштате во поголема расправија.
Одбегнувајте свежа храна.
Скорпија
Не сте подготвени на поголем компромис бидејќи сметате дека секој е ковач на својата среќа и дек не мор д се оптоварувте со непотребни арботи како што се вашата финансиска ситуација која ви ги овозможув смо
основните потреби.
Сакате отворена врска и никој нема да ви сугерир да се однесувате поинаку. Морате да бидете поотворени кога станува збор за конкретни работи.
Внимавајте во сообраќајот.
Стрелец
Доколку ова се вашите пет минути, на кои сте сметале, ќе морате да бидете доволно отворени за она што ви се случува. Доволно ќе бидете во фокусот кој ви отвора излез од моменталната ситуација.
Доколку доволно сте се опуштиле во авантурата нема да се свртите на нови сегменти кои ви импонираат. Морате да бидете доследни на она што конкретно сакате да го завршите.
Не се жалите на ништо посебно.
Јарец
Доколку ви е нагласено полето на кариера не се откажувајте од ситуцијата во која се наѕира крај кој ви донесува многу подобра сатисфакција.Обидете се работите да ги земете во свои раце.
Ќе има и подобри денови, кога ќе минете многу подобро, кога станува збор за емоциите, отколку сега.
Некој не ви дозволува пристап за одвивање на конкретни работи.
Сте имале и подобри денови.
Водолија
Оние кои се под притисок нема да останат рамнодушни пред некои случувањаа кои им се подготвуваат за наредниот период. Морате да се ослободите од стравот од неуспех.
Не сте сметале на пожртвуваноста на една Риба која отворено ви приоѓа и ви кажува за своите чувства. Некој ваш сегмент не дозволува ова да го прифатите без подлабоко набљудување и анализирање.
Зголемен стрес.
Риби
Сакате да соработувате со непознати луѓе и да се двате без резерва. Морате да научите отворено да се поставувате на ова поле за да повеќе добиете, финансиски.
Вашата емотивна страна е во ред доколку веќе подолг период сте заедно со партнерот кој ви импонира.Бидете доволно концентрирни ан она што ви се случува на полето на емоциите.
Контролирајте го стресот.
Хороскоп
Хороскоп за четврток (10 април)

ОВЕН
Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се вклучите во работата која за вас може да биде многу профитабилна. Имате проблем со некои Близнаци и не можете да најдете заеднички јазик со некоја Водолија. Трепението ќе ви биде повеќе од потребно.
БИК
Нема место за паника, ќе успеете да ги решите сите проблеми. Добрите односи со соработниците се исклучително важни за проектите, бидејќи сами ништо нема да постигнете. Се чувствувате одлично во друштво на некоја Риба, па затоа поминете повеќе време заедно.
БЛИЗНАЦИ
Некои пријатели ќе ве повикаат на заедничко патување, а вие ќе се двоумите. Не се откажувајте од можностите кои ви се нудат, можно е да ви се отворат нови врати за започнување на сопствен бизнис. Досадата лекувајте ја во друштво на саканите. Постапките од минатото ќе ве натераат повторно да размислите за вашите постапки.
РАК
Некој проблем од минатото ќе започне да ви ја разнишува сегашноста која едвај ја одржувате во нормално ниво. Можно е вашиот партнер да ве напушти поради ветените нешта кои никогаш не ги направивте. Имате проблем и со пријателите кои ве сметаат за несериозни. Некоја Девица ќе ви понуди помош, прифатете ја веднаш.
ЛАВ
Ќе се обидете да воспоставите контакт со некои лица кои на вас ви биле многу драги. Ви претстои добра соработка со некој Стрелец или Близнаци. Ќе се залагате за некои важни нешта, можеби нема да успеете, но не се разочарувајте во иднина ќе постојат уште шанси.
ДЕВИЦА
Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро. Проблемите во љубовта ќе ви го одвлечат вниманието и ќе ви го одземат времето за извршување на бизнис обврските.
ВАГА
Иако се чувствувате добро во друштво со личноста која ги поттикнуа вашите амбиции, сепак прекумерното залагање можно е да ви пречи. Можни се некои поволни вести од некој кој живее и работи во странство. Ќе ви биде потребен некаков совет од некој Лав.
ШКОРПИЈА
Оптеретени сте со незавршените работи и она што се случило а не знаете како да го решите. Се плашите од загуба на контролата во ситуацијата во која можно е да загубите некој поради однесувањето. Можен е некаков договор со Стрелец или Риби.
СТРЕЛЕЦ
За да го поминете денот онака како што сакате потребно е да се вклучите во некои интересни проекти во кои ќе ви биде потребен странски јазик. Без оглед дали станува збор за краток или долг проект сепак работете максимално на него. Постои можност за голем профит.
ЈАРЕЦ
Премногу сте упорни иако помалку сте и несигурни и се обидувате на сите можни начини да му го наметнете на некој Бик вашиот план за заеднички проект. Бидете малку трпеливи во контактите со борбените знаци, особено со Бикот. Добро се чувствувате во друштво на лице кое е подеднакво амбициозно како и вие.
ВОДОЛИЈА
Еден од подобрите денови, особено за оние кои се подготвени за се да се договорат со соработниците и оние кои се како створени за разни деловни можности, вклучувајќи ја тука и можноста за премин на некое ново работно место или преземање на некои нови обврски. Добро се сложувате со некој Стрелец и со некој Рак кои во се ве поддржуваат.
РИБИ
Мечтаете за голем успех и поинаква работа од онаа која во моментов ја имате. Ова би можело да биде пријатен ден за вас. Енергијата на Марс и Меркур ве прави нервозни и нетрпеливи. Вашата амбиција е во прв план, не се согласувате со лица кој сакаат да доминираат во друштвото.
Хороскоп
Хороскоп за среда (9 април)

ОВЕН
Ова ќе биде релаксиран работен ден во однос на претходните. И понатаму трошите многу енергија на најразлични договори и комуникација со блиските соработници. На сите страни, каде и да се свртите, денес може да очекувате потенцијални љубовни сигнали. Потребна ви е физичка активност.
БИК
Одличен работен ден ќе имаат поголемиот дел од личностите родени во знакот на Бик, пред сѐ на полето на организацијата на работата, потврдувајќи дека се на вистински пат кон професионалнот успех. Не е лош ден за да посветите дел од вашето слободно време во актиности со саканата личност. Уживајте. Болки во нозете.
БЛИЗНАЦИ
Доколку се фокусирате на основните задачи имате реални шанси за пристоен работен ден, во спотивно најтипичните Близнаци ги очекуваат грешки и крупни деловни пропусти. Во текот на овој ден не би требало да имате поголеми љубовни проблеми што е во ред. Дури и не е исклучено вашата драга личност да ве изненади на некој начин. Водете сметка за грлото и респираторните патишта.
РАК
Раковите ќе бидат најефикасни ако им се посветат на своите задачи и не се мешаат во туѓите обврски. Бидете што е можно поопуштени и препуштете им се на емоциите кон драгата личност. Тоа е рецепт за добар ден на вашето љубовно поле. Здравјето е многу добро.
ЛАВ
За Лавовите во текот на овој работен ден нема препреки. Целите можеби се помали, но остварливи. Важно е да имате фокус и да одите чекор по чекор напред кога станува збор за љубовта. Не претерувајте со енергетските пијалаци.
ДЕВИЦА
Уште еден успешен работен ден се наоѓа пред типичните Девици. Целокупната позитивна слика, може да ја расипе претераниот перфекционизам. Корегирајте ги нереалните очекувања, и ќе имате помалку причини на крајот од денот да бидете незадоволни во љубовна сфера. Без значајни здравствени предупредувања.
ВАГА
Потрудете се да ги испочитувате основните професионални принципи и нема причина за страв за крајните деловни резултати. Овој петок може да ви понуди неколку ситуации во кои е пожелно барем малку да ризикувате во намерата да и се приближите на личноста која ве привлекува. Здравјето е многу добро.
ШКОРПИЈА
Конечно, после подолго време, ова е еден релаксиран ден за повеќето Шкорпии, на работно поле. Доколку сте задоволни со моменталната состојба во љубовниот живот, тоа и ќе остане така во текот на целиот ден. Можни се респираторни тегоби.
СТРЕЛЕЦ
Нема големи промени на деловно поле. Тоа е и главната причина поради која сте незадоволни со комплетната ситуација на работа. Денес е одличен ден да направите промени и да преземете иницијатива во љубовна сфера. Чувствувате напнатост, нервоза.
ЈАРЕЦ
Денес имате целосна контрола врз деловните обврски. Сепак, чувајте се од неискрените соработници. Искреноста е многу важна и за стабилна љубовна релација. Уживајте во вниманието и искреното разбирање на вашата драга личност. Можна е главоболка.
ВОДОЛИЈА
Денес Водолиите може да делуваат малку незаинтересирано на деловно поле. Сепак, немојте потполно да се исклучите од актуелните случувања. Посебно големо ангажирање во љубовна сфера денес веројатно немате во план. Меѓутоа, бидете подготвени за некои нагли промени. Водете сметка за срцето и кардиоваскуларниот систем.
РИБИ
Во поголемиот дел од работниот ден, ќе бидете вредни но и малку расеани на сите страни. Кога станува збор за љубовта, тука ве чекаат неколку ситуации во кои може да дојде до недоразбирање во ставовите и неразбирањето со драгата личност. Хронични тегоби.
Хороскоп
Хороскоп за вторник (8 април)

ОВЕН
Ова може да биде интересен ден на работа, бидејќи ќе имате голема помош и некој кој може да делува како посредник помеѓу вас и важен колега. Добри моменти во емотивниот сегмент, фокусирани сте на партнерот, а тој на вас.
БИК
Денеска сте во променливо расположение и тешко ќе се фокусирате на обврските. Во моментов повеќе сте фокусирани на емотивниот сегмент бидејќи сакате да му посветите време на вашиот емотивен партнер. Исчистете некои ситници кои ве мачат во врската.
БЛИЗНАЦИ
Многу непланирана работа. Малку неочекувано, бидејќи се надевавте дека веќе ќе завршите со најголемите обврски. Можно е да е вклучена документацијата. Замор во попладневните часови, па прашање е дали ќе бидете „расположени“ за состанок.
РАК
Ќе се трудите да ги одложите обврските кои ги имате и да се посветите на себе, но и на пријателите и општеството. Добра забава попладне и навечер, но малку време за саканата личност. Но, важно е дека навистина ќе уживате.
ЛАВ
Денеска некако ќе морате да ги балансирате деловните и личните интереси, бидејќи тие се испреплетени и морате да ги завршите обврските од двете страни. Направете добар план и организирајте се. Емотивно добар ден, особено за нови познанства и флерт.
ДЕВИЦА
Ќе се трудите да стигнете до се и да го правите она што ви е важно на деловен план, и да ги почитувате пријателите, но и да не ја запоставувате саканата личност и нивните потреби. Ќе успеете да се организирате и да посветите доволно внимание на сите.
ВАГА
Денеска ве фати уморот насобран во претходните денови, па ќе гледате да се опуштите. Доколку имате обврски, ова ќе ви биде малку потешко, затоа потрудете се да бидете внимателни, бидејќи можете да направите и превид. Опуштете се на состанок со вашата сакана.
ШКОРПИЈА
Денеска вашите планови се одвиваат на најдобар начин и ќе успеете да завршите се што сте наумиле. И навистина многу намисливте. Мора да се признае дека на крајот од денот ќе се чувствувате уморни. Дури и во таква состојба ќе сакате да излегувате со пријателите.
СТРЕЛЕЦ
Од работата треба да завршите многу работи, но имате и обврски поврзани со куќата, па нема да знаете по кој пат да тргнете пред да свртите. Немојте само да ги испреплетувате овие обврски, бидејќи ќе си направите забуна. Одморете се со вашата сакана
ЈАРЕЦ
Имате големи планови за емотивна средба со партнерот или со личност која ви е многу привлечна и со која одржувате контакти. Прашање е дали ќе успеете да го вклопите со деловните обврски кои ќе настанат во последен момент.
ВОДОЛИЈА
Доколку имате деловни обврски, или ќе ги завршите брзо, или ќе се обидете да ги завршите од удобноста на вашиот дом. Она што ви треба денес е да си дозволите доволно одмор и релаксација, уште подобро – во друштво на саканата личност.
РИБИ
Иако ова е ден кога можете многу да направите во однос на комуникацијата со колегите, прашање е дали ќе сакате целосно да го вложите вашето време во работата. Сепак, добар дел од денот ќе поминете во дружење и разговор со саканите.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (9 април)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за четврток (10 април)
-
Кичево17 часа
Се спрема најрадосната Лазарева Сабота во Кичево, утре е Втората проба за манифестацијата
-
Свет24 часа
Се родија Ромул и Рем: За прв пат оживеа изумрен вид
-
Магазин2 дена
Можеби мислите дека вашиот телефон е ажуриран – но има едно ажурирање што веројатно го пропуштате
-
Македонија22 часа
Од ноќеска значителен пад на цената на бензинот и дизелот
-
Магазин2 дена
Зошто Switch 2 е толку скап?
-
Автомобили2 дена
Volkswagen води на германскиот пазар на електрични автомобили, Tesla паѓа на осмото место