Следете не

Магазин

Голем Хороскоп за денес (љубов, здравје, работа) – 31.8 Сабота

Објавено пред

на

Овен

Работа

Уште едно лето се приближува, а вашите обврски се зголемуваат на почетокот на овој месец. Месечниот хороскоп за септември предвидува важни моменти кога станува збор за работата и кариерата. Ќе морате да донесете тешки одлуки, а некои Овни ги очекува и промена на работното место.

Некои проекти ќе можете конечно да ги реализирате во текот на септември, но тоа ќе биде возможно само доколку ги исполните сите обврски. На 8 септември доаѓаат тешкотии на полето на јавноста, така што ако работите во администрација, односи со јавност или комуникации бидете внимателни.

Септември носи и можност за нови соработки. Важно е да сте прилагодливи за да дојдете до добри резултати. Успех ги очекува оние кои се занимаваат со маркетинг, истражување на пазарот и трговија. Сепак, потребно е да внимавате на непредвидените околности, а се однесуваат на парите.

Љубов

Ако сте во врска : Ќе се занимавате со работи кои се добри и за вас и за саканата личност, но на 8 септември можни се одредени несогласувања дека повеќе внимание обрнувате на своите пријатели отколку партнерот. Во периодот по 8 септември можни се и љубоморни сцени и претерани страсти.

Мали несогласувања ве очекуваат и во врска со вашите заеднички финансиски вложувања, но сепак ќе успеете да најдете компромис. Крајот на септември носи убави моменти, но и повеќе иницијатива за заеднички вложувања. Ќе успеете да ги остварите заедничките цели и да ја подобрите блискоста.

Ако сте слободни: Вашиот обид да започнете емотивна врска со личност која подолго време ви се допаѓа нема да вроди со плод. Ќе бидете нерасположени и ќе изгубите мотивација, но во средината на месецот ќе сретнете личност полна со енергија која ќе го привлече вашето внимание.

Здравје

Меркур влегува во Девица на полето на здравјето, така што ве мотивира да почнете (повеќе) да се занимавате со физичка активност и да примените поздрава исхрана.  До крајот на месецот ќе бидете во подобра форма и со подобар имунитет.

Бик

Работа

Првиот дел од септември ќе биде прилично динамичен за вас. Доколку се занимавате со услуги или администрација, ќе имате голем успех. По 6 септември ве очекуваат многу креативни идеи и голем успех. Успехот ве очекува особено ако се занимавате со трговија на играчки и производи за деца или пак ако сте сопственик на игротека.

Ќе добиете можност да склучите договор со партнер од странство и ќе имате голема корист од службени патувања во текот на овој месец. Истовремено треба да ги избегнувате финансиските ризици и да бидете многу внимателни. Со еден од колегите ќе дојде до поголеми несогласувања и конфликти.

Вториот дел од септември носи можност за започнување проект кој веќе неколку месеци треба да го реализирате, но неповолните околности ве спречуваат во тоа. Овој дел од месецот носи и нови начини на работа кои ќе се покажат успешни.

Сепак, тешкотии ве очекуваат доколку се занимавате со туризам и градежништво.

Невработените Бикови ќе бидат снаодливи во барањето работа и ќе имаат голем успех во струката.

Љубов

Ако сте во врска: Првиот дел од месецот носи конфликти со саканата личност. Ќе се јави зголемена љубомора и немир во вашата врска. Потребен е компромис за да ги решите несогласувањата. Вториот дел од месецот носи подобрување на односите.

Потребно ви е повеќе забава и заеднички средби за да ги надминете грижите кои ќе се јават овој месец. Направете го тоа.

Ако сте слободни: Ќе имате успех кај личноста која ви се допаѓа. Вашите додворувања ќе придонесат да излезете заедно и можно е да започнете нова врска. До средината на септември веќе ќе бидете во врска и ќе се чувствувате среќно и задоволно. Можно е да имате големи барања од таа личност, но и мали критики. Најголемите критики ќе се однесуваат на вашиот поглед на живот и воспоставени навики, па ќе треба да одлучите дали сакате да бидете со нив.

Здравје

Овој месец ќе биде поактивни и ќе имате одлично здравје во целина. Средината на месецот ви носи и ставилна кондизија. Ќе бидете постојано во движење.

Близнаци

Работа

Во првиот дел на септември, ќе имате голем успех доколку склучувате договори. Одлично ќе се разбирате со соработниците. Вториот дел од месецот ви носи голем успех за детали и анализа. Највеќе време ќе минувате во калкулации и административни обврски. Овој месец ќе успеете и да ја победите конкуренцијата, за што ќе бидете многу среќни.

Ве очекува стабилна финансиска состојба. Сепак, ако се занимавате со приватен бизнис, можно е да направите финансиска грешка која скапо ќе ве чини. Со надредените ќе влегувате во конфликти поради некоректните постапки од нивна страна.

Невработените Близнаци ќе започнат нова работа во областите на образование, забава и администрација. Сепак, обрнете внимание тоа да биде проследено со договор, за да не се соочите со проблеми.

Љубов

Ако сте во врска: Првиот дел од месецот носи интересни моменти во вашата врска. Помина доста време откако не сте поминале квалитетно време заедно и ова е месец за тоа. Ќе утврдите и како постојат многу можности за истражување и подобрување на вашата врска.

Вашиот партнер ќе биде поотворен за разговор на различни теми, што многу ќе ви одговара.

Ако не сте во врска: Ќе бидете расположени за забава, но нема да бидете заинтересирани за сериозна врска. Ќе посакате авантура која е површна и без обврски. Единствено ќе ви недостасува личност за такво нешто. Ќе запознаете повеќе личности во текот на овој месец, но со многумина ќе се разидувате во однос на тоа што го сакате.

Здравје

Септември носи променливо здравје. Ќе биде зголемена вашата чувствителност на стрес, така што ќе го ослабите вашиот имунитет. Можни се проблеми на психосоматска база. Ќе бидете подложни и на алергиски реакции.

Затоа, подобрете ја исхраната со намирници како компир, целер, цвекло и зелка. Производите од интегрални житарки се исто така добредојдени.

Рак

Работа

Во првиот дел од септември, вашиот знак влегува во вашето поле на комуникација и сообраќај, така што ве очекува голем успех доколку работите на овие полиња. Ве очекува и помош од еден колеа кој ќе ја обнови соработката со вас. Ве очекува успех и на полето на јавноста. Ќе склучите договор или започнете соработка која ќе ви донесе долгорочна и стабилна корист. Сепак, за да ги избегнете проблемите, проучете ја секоја ставка во договорот.

Од рака ќе ви одат новите технологии, градинарството и сообраќајот. Обрнете внимание на административните обврски и можноста за контрола на вашето работење за да ги надминете проблеми доколку направите грешка. Вториот дел од септември носи поволни можности за успех ако се занимавате со јавна работа или комуникации.

Септември е особено добар месец за вас на полето на финансии, бидејќи ќе успеете да го зголемите салдото на своите сметки. Тоа ќе овозможи нови инвестиции и проекти, но и повеќе уживање за вас.

Љубов

Ако сте во врска: Септември носи можност за повеќе разговори со саканата личност на сериозни теми за да се насочите кон решавање на приоритетните работи и на долг рок да ја подобрите врската.

Ќе внесете и забава и страст во вашата врска, што ќе придонесе за стабилност, но и свежина.

Втората половина на септември може да биде малку стресна и напорна. Проблемите ќе се јават и во семејните односи и ќе ви биде тешко да се договорите околу домашните обврски, доколку сте во брак.

Некои врски ќе се раскинат на крајот на септември.

Ако не сте во врска: Личноста која ви се допаѓа ќе се однесува незаинтересирано и студено. Тоа ќе ве растажи на почетокот, но потоа ќе се откажете. Брзо ќе забележите личност на која не сте обрнувале внимание поради нивната суптилност.

Здравје

Постојано ќе бидете во движење. Ако имате можност, одвојте време да поминете викенд во природа, на чист воздух. Тоа ќе ви дојде добро за дишењето и подобрување на имунитетот. Втората половина на септември ќе бидете поактивни и ќе се грижите повеќе за своето здравје. Ќе внесете добри навики и друг начин на исхрана.

Лав

Работа

Првиот дел од септември ви отвора можност за напредок во кариерата и заработувачка која одамна сте ја чекале. Ќе успеете да остварите соработка која ќе ви отвори врати за нови проекти кои внимателно и истрајно сте ги планирале. Ќе одржите низа презентации и состаноци и ќе имате многу самодоверба во тоа што го правите.

Ќе бидете во можност да остварите голем профит преку финансиски услуги, купопродажба на недвижности и инвестирање во нови проекти.

Невработените Лавови ќе добијат можност за вработување во секторот на трговија.

Љубов

Ако сте во врска: Во првиот дел од месецот ќе имате можност со саканата личност да разговарате повеќе од обично. По 11 септември, ќе се ангажирате околу заедничките планови, излегувања и забава.

Втората половина на месецот носи криза, која сепак ќе успеете да ја надминете, но не треба да реагирате пребурно.

Ако не сте во врска: Ќе ги искористите можностите што ви ги носи овој месец и ќе излегувате повеќе. Можно е да влезете во врска со личност која сте ја барале веќе подолго време. Таа ќе биде динамична, комуникативна личност која е полна со иницијатива и практични идеи.

Здравје

Потребно е да практикувате секојдневни прошетки за да се релаксирате. Размислете за некаква физичка активност која ќе ви помоне да се справите со стресот. Цел септември ви носи голем замор, но и ревматски проблеми за дел од Лавовите.

Девица

Работа

Ќе имате идеја како да остварите подобра заработувачка, но тоа ќе го држите во тајност од колегите. Наскоро ќе добиете понуда од партнер од странство, доколку се занимавате со трговија, градежништво и електронски уреди. Добар успех ве очекува и на полињата на забава и образование. Тешкотии можат да се јават кај оние кои се занимаваат со односи со јавност и комуникација, а можно е и раскинување на соработката со некои партнери, за оние кои работат на ова поле.

Вториот дел од септември носи можност за профит во областа на трговии, сообраќај, комуникација и забава.

Љубов

Ако сте во врска: Бидете внимателни во првиот дел на септември особено ако сте во брак. Вашиот партнер ќе се соочи со сомнеж дека е изневеруван или дека нешто правите позади грб, но нема да бидете толку наивни.

Вториот дел од месецот  носи подобри односи, но бара и голема искреност од вас.

Ако сте слободни: Личноста која ви се допаѓа не реагира онака како што вие сакате. Наместо да ја промените тактиката, ќе мислите дека подобро би било да се откажете. Сепак, со поддршка на пријателите, ќе успеете да го надминете разочарувањето и да продолжите напред.

Здравје

Септември ви носи добро здравје, ќе бидете мотивирани да се грижите за своето здравје, но и да бидете активни. Вториот дел од месецот носи проблеми со крвниот притисок, па добро би било да го контролирате притисокот почесто.

Вага

Работа

Првиот дел од септември носи можности за унапредување. Вашите тајни планови конечно ќе успеат да бидат реализирани.

Вашите идеи ќе ви донесат долгорочна и стабилна корист, но и можност за подобра заработувачка. Сепак, треба да сте внимателни од конкуренцијата, постои можност некој да сака да ве изигра и да оствари корист на ваша штета.

09 септември носи проблеми на полето на финансиите. Ќе се подобри вашата мотивација да почнете со проект кој претходно сте морале да го одложите. Ќе профитирате ако се занимавате со сопствен бизнис, како и со вложувања во недвижности. Сигурна заработувачка доаѓа за оние кои се занимаваат со градежништво.

19 септември носи голем ризик и треба многу да внимавате да не прифаќате договор кој делува многу примамливо.

Љубов

Ако сте во врска: Можни се конфликти со партнерот, но и љубоморни сцени. Потребен ви е добар разговор но и почести излегувања со пријателите за да ги надминете напнатоста и несложувањата. Втората половина на септември носи поинаква динамика, што ќе ја подобри врската.

Ако не сте во врска: Ќе се чувствувате разочарано од својата околина. Највеќе ќе ви пречи што нема да забележите ниту една личност со која би сакале да бидете.

Здравје

Потребно е да ја проверите крвната слика и да направите систематски преглед. Уморни сте постојано и важно е да утврдите откаде доаѓа тој проблем. Важно е да се потрудите да ја подобрите физичката кондиција и да внесувате повеќе антиоксиданти во организмот. Додадете и свежо овошје во исхраната, но и повеќе течности.

Шкорпија

Работа

Септември ви носи конечно финализирање на некој проект или договор на кој долго се надевавте. Ќе успеете да ја обновите соработката со колегата со кој подолго време не сте соработувале и тоа ќе ве напави среќни. Можни се и неочекувани добивки.

Септември е прилично поволен месец за подобрување на финансиите, но сепак треба да ги избегнувате ризиците и да се држите со сигурни решенија.

Невработените Шкорпии ќе добијат работа на полето на финансии, како и канцелариско-магацинска работа.

Љубов

Ако сте во врска: На почетокот на септември, Меркур ви носи можност за подобрување на комуникацијата во врската, но и заедничко дружење со партнерот и пријателите. Убави моменти доаѓаат на 09 септември. Одредени несогласувања се очекуваат на 12 септември за што ќе бидете виновни самите, бидејќи сите работи ги правите без претходна консултација со саканата личност.

Ако сте слободни: Забавата повеќе ќе ве привлекува од врските. Ќе ви биде понудена можност да влезете во авантура со личност со силен авантуристички дух. На почетокот ќе се сложувате и работите ќе одат добро, но потоа нема да ви одговара динамиката на таа личнот. Можно е да останете во врска само поради силната физичка привлечност.

Здравје

Првиот дел од месецот ви носи стрес, но и болка во коските. Ќе бидете подложни на појачан замор за што ќе морате да сте физички поактивни. Бидете умерени во работите што ги правите.

Стрелец

Работа

На 03 септември добивате одлична можност за соработка со странство, а можете да имате корист и од трговија со стоки од увоз. Дел од месецот ќе имате проблеми со заостанатите и неплатени хонорари од страна на некои соработници.

09 септември ви носи интриги и тајни на работното место, но и непријатели. Бидете многу внимателни овој период. Чувајте се од сплетки.

Овој емсец ве очекува добивка доколку се занимавате со трговија, сообраќај и комуникација, но и ИТ.

Љубов

Ако сте во врска: Ве очекува убав месец на полето на љубовта. Ќе поминете повеќе време со саканата личност и тоа многу ќе ви годи.  Исто така, доколку сте во брак, ќе успеете да ги подобрите заедничките финансии.

Вашата врска станува постабилна на крајот на месецот, кога ќе можете да разговарате и за потешки теми.

Ако сте слободни: Потребна ви е личност покрај вас, но барате некој кој е динамичен и интересен како вас. Потребни ви се заеднички патувања, разговори, спортски активности и прошетки. Но, тоа што го наоѓате не е тоа што ви треба. Крајот на месецот ви носи можност да запознаете личност што ви одговара.

Здравје

Повеќе физички активности ќе ви одговараат за подобрување на вашата здравствена состојба, но и кондиција. Можни се проблеми со циркулацијата и хормоните, но тоа е минливо. Втората половина на месецот ќе биде неопходно да се одморите и да го избегнувате стресот.

Јарец

Работа

Овој месец ќе имате можност да заклучите важни договори и соработки и да соберете финансиски средства за работите кои ви се важни. Ќе добиете можност за соработка со странство, но и успех на полињата на забава и образование. Тоа ќе ви овозможи и повеќе профит.

Вашите лидерски способности ќе дојдат до израз на  8 септември, кога ќе се соочите со откажување од страна на еден клиент на кој многу сте сметале. Ќе се соочите и со проблеми во соработката со жените, и ќе треба да сте многу внимателни.

Предлозите кои ги имате ќе бидат забележани од страна на надредените, а исто така и вашите способности и вештини. За тоа ќе бидете и наградени. Септември ви носи и подобрување на соработката со колегите.

Невработените Јарци ќе добијат можност да започнат свој бизнис. Некои би можеле да добијат и финансиска поддршка за тоа.

Љубов

Ако сте во врска: Искористете го септември да остварите некаква заедничка цел со партнерот. Ќе имате многу погодни околности за тоа, но и мотивација. Ќе ви годат заедничките излегувања и на тоа ќе се насочите овој месец.

Последните денови од септември, вашата сакана личност ќе ги зголеми барањата кон вас што ќе ви дојде како голем притисок.

Ако сте слободни: Ќе почувствувате потреба за забава и излегувања и често ќе бидете надвор со своите пријатели. Ќе запознаете личност која би можела да ве освои со својот изглед и комуникативност, но потоа би можеле да се разидете поради различни ставови.

Здравје

Првиот дел од септември ви носи зголемена физичка активност и спортска рекреација, а со тоа и одлично здравје. Втората половина пак, носи намален имунитет и алергии. Можни се и тегоби во делот на синусите. Ќе треба повеќе да одмарате.

Водолија

Работа

Ве очекува поволна финансиска состојба и пари кои ќе можете да ги инвестирате во долгорочни проекти. Ќе имате добивка од вложувања во недвижности и опрема за работа. Внимавајте на односите на работното место, бидејќи можни се несложувања со одредени колеги, но и шефови.

Ќе ви биде потребно трпение за да надминете некои предизвици со кои ќе се соочите на 9 септември. 11 септември носи мотивација за да се посветите на целите кои ви се важни, а кои сте морале да ги пролонгирате досега.

Бидете внимателни во однос на финансиите на 14 септември.

Љубов

Ако сте во врска: Првиот дел од месецот носи тешкотии во комуникацијата. Избегнувајте ги лагите и не влегувајте во конфликти за кои би можеле да зажалите. Сепак, довербата во врската се враќа во последните денови од месецот.

Ќе бидете мотивирани да му дадете поддршка на партнерот и ќе успеете во тоа.

Ако сте слободни: Една личност веќе подолго време се труди да го привлече вашето внимание, но вам ве интересира некој друг. Ќе се појави и трета личност која е зафатена, па можеби ќе влезете во тајна врска, која брзо ќе ја прекинете поради тоа што не сакате да го загрозувате својот углед.

Здравје

Првиот дел од септември носи болки во грлото кои се предизвикани од алергии. Бидете внимателни и избегнувајте ги студените течности. Втората половина на месецот носи подобро здравје, но и поголема мотивиција да се занимавате со физичка активност.

Риби

Работа

Овој месец ќе продолжите да работите на нешто што ви е важно, а што сте морале да го прекинете поради различни фактори. Ќе воспоставите солидна помош со долгорочните соработници, а особен успех ќе имате ако се занимавате со земјоделство, електронски уреди, градежништво и трговија.

Очекувајте прекинување на соработката со некој колега, партнер или друг соработник што може да влијае негативно на вашите планови.

Овој месец ви недостасува поддршката од клучените луѓе и ќе мора да се потпрете само на себеси.

Љубов

Ако сте во врска: Вашиот партнер крие нешто од вас и во тоа се сомневате веќе некое време. Ќе откриете тајна која нема да ви се допаѓа што ќе доведе до одалечување, па и раскинување на врската.

Дополнителни несогласувања се очекуваат на средината на септември, заради мали ситници. За среќа, тие се од минлив карактер.

Ако не сте во врска: Вашето романтично расположение го расипуваат луѓе околу вас кои се премногу приземјени и ви делуваат досадно. Една личност која ви се допаѓа ќе ве разочара многу овој месец, но втората половина на месецот ви носи личност која се разликува од сите оние со кои што сте биле и која ќе ја посакате покрај себе.

Здравје

Вашата отпорност кон стресот ќе биде зголемена, а втората половина на месецот носи уринарни проблеми и инфекции. За да го спречите тоа, пијте чаеви како увиниот чај и брусница. Исто така, потрудете се да ја подобрите својата исхрана.

Хороскоп

Хороскоп за четврток (10 април)

Објавено пред

на

ОВЕН

Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се вклучите во работата која за вас може да биде многу профитабилна. Имате проблем со некои Близнаци и не можете да најдете заеднички јазик со некоја Водолија. Трепението ќе ви биде повеќе од потребно.

БИК

Нема место за паника, ќе успеете да ги решите сите проблеми. Добрите односи со соработниците се исклучително важни за проектите, бидејќи сами ништо нема да постигнете. Се чувствувате одлично во друштво на некоја Риба, па затоа поминете повеќе време заедно.

БЛИЗНАЦИ

Некои пријатели ќе ве повикаат на заедничко патување, а вие ќе се двоумите. Не се откажувајте од можностите кои ви се нудат, можно е да ви се отворат нови врати за започнување на сопствен бизнис. Досадата лекувајте ја во друштво на саканите. Постапките од минатото ќе ве натераат повторно да размислите за вашите постапки.

РАК

Некој проблем од минатото ќе започне да ви ја разнишува сегашноста која едвај ја одржувате во нормално ниво. Можно е вашиот партнер да ве напушти поради ветените нешта кои никогаш не ги направивте. Имате проблем и со пријателите кои ве сметаат за несериозни. Некоја Девица ќе ви понуди помош, прифатете ја веднаш.

ЛАВ

Ќе се обидете да воспоставите контакт со некои лица кои на вас ви биле многу драги. Ви претстои добра соработка со некој Стрелец или Близнаци. Ќе се залагате за некои важни нешта, можеби нема да успеете, но не се разочарувајте во иднина ќе постојат уште шанси.

ДЕВИЦА

Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро. Проблемите во љубовта ќе ви го одвлечат вниманието и ќе ви го одземат времето за извршување на бизнис обврските.

ВАГА

Иако се чувствувате добро во друштво со личноста која ги поттикнуа вашите амбиции, сепак прекумерното залагање можно е да ви пречи. Можни се некои поволни вести од некој кој живее и работи во странство. Ќе ви биде потребен некаков совет од некој Лав.

ШКОРПИЈА

Оптеретени сте со незавршените работи и она што се случило а не знаете како да го решите. Се плашите од загуба на контролата во ситуацијата во која можно е да загубите некој поради однесувањето. Можен е некаков договор со Стрелец или Риби.

СТРЕЛЕЦ

За да го поминете денот онака како што сакате потребно е да се вклучите во некои интересни проекти во кои ќе ви биде потребен странски јазик. Без оглед дали станува збор за краток или долг проект сепак работете максимално на него. Постои можност за голем профит.

ЈАРЕЦ

Премногу сте упорни иако помалку сте и несигурни и се обидувате на сите можни начини да му го наметнете на некој Бик вашиот план за заеднички проект. Бидете малку трпеливи во контактите со борбените знаци, особено со Бикот. Добро се чувствувате во друштво на лице кое е подеднакво амбициозно како и вие.

ВОДОЛИЈА

Еден од подобрите денови, особено за оние кои се подготвени за се да се договорат со соработниците и оние кои се како створени за разни деловни можности, вклучувајќи ја тука и можноста за премин на некое ново работно место или преземање на некои нови обврски. Добро се сложувате со некој Стрелец и со некој Рак кои во се ве поддржуваат.

РИБИ

Мечтаете за голем успех и поинаква работа од онаа која во моментов ја имате. Ова би можело да биде пријатен ден за вас. Енергијата на Марс и Меркур ве прави нервозни и нетрпеливи. Вашата амбиција е во прв план, не се согласувате со лица кој сакаат да доминираат во друштвото.

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Домашен сок од цвекло: Го чисти црниот дроб и го намалува притисокот

Објавено пред

на

Сокот од цвекло е природен начин за зајакнување на имунитетот, подобрување на циркулацијата и прочистување на телото. Богат е со железо, витамин Ц, калиум и антиоксиданси, а помага и за намалување на крвниот притисок.

Поради специфичниот вкус, често се комбинира со лимон, јаболко или морков, за освежителна нота.

Рецепт за домашен сок од цвекло

Состојки:

  • 2 до 3 средни цвекла

  • 1 до 2 јаболка (по избор)

  • Сок од 1 лимон

  • Вода по потреба

Подготовка:

  1. Измијте го цвеклото, излупете го и исечете го.

  2. Варете го околу 30 минути, па оставете го да се излади.

  3. Во блендер ставете го вареното цвекло, јаболката и лимоновиот сок.

  4. Додадете вода и изблендирајте до мазна смеса.

  5. Процедете по желба и послужете разладено.

Може да се пие секој ден – самостојно или како дел од оброк. Телото брзо ќе ги почувствува придобивките!

Извор: Nova

Прочитај повеќе...

Магазин

WhatsApp веќе не работи на овие постари телефони

Објавено пред

на

Корисниците кои сè уште користат постари паметни телефони полека остануваат без поддршка за некои од најпопуларните апликации. Меѓу нив е и WhatsApp, кој од почетокот на оваа година престанува да функционира на одредени уреди.

Зошто WhatsApp се повлекува од старите уреди?

• Старите телефони имаат ограничен хардвер – бавни процесори, мала меморија и застарени оперативни системи.
• Развивачите веќе не можат да ги прилагодуваат новите верзии на апликацијата за таквите уреди.
• WhatsApp сака да понуди подобро искуство и безбедност, што бара понова технологија.

Кои Android телефони ја изгубија поддршката?

Апликацијата веќе не работи на уреди со постар Android оперативен систем, меѓу кои:

• Samsung Galaxy S3
• Samsung Galaxy Note 2
• Motorola Moto G (прва генерација)
• Одредени модели од Sony, LG и Motorola

Слична ситуација и кај корисниците на iPhone

Од 5 мај 2025 година, WhatsApp повеќе нема да работи на iPhone уреди со iOS 15.1 или постара верзија, што вклучува:

• iPhone 5s
• iPhone 6
• iPhone 6 Plus

Овие модели иако се уште ги користат некои луѓе, веќе не ги исполнуваат барањата на модерните апликации.

Што ако сè уште го користите WhatsApp, но имате стар телефон?

Ако WhatsApp ви е важен, ќе треба да размислите за надградба на уредот. Корисниците на iPhone може да преминат на понов модел како:

iPhone 16e, кој во САД се продава по цена од околу 599 долари
• Исто така, постојат и поволни користени модели кои ја поддржуваат апликацијата без проблем

Извор: Danas

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп7 часа

Хороскоп за четврток (10 април)

ОВЕН Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се...

Кичево13 часа

Се спрема најрадосната Лазарева Сабота во Кичево, утре е Втората проба за манифестацијата

Со голема радост споделуваме дел од атмосферата на Првата проба по повод свечената празнична Поворка за празникот на Лазаревото Воскресение...

Македонија18 часа

Од ноќеска значителен пад на цената на бензинот и дизелот

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се...

Lifestyle20 часа

Домашен сок од цвекло: Го чисти црниот дроб и го намалува притисокот

Сокот од цвекло е природен начин за зајакнување на имунитетот, подобрување на циркулацијата и прочистување на телото. Богат е со...

Магазин20 часа

WhatsApp веќе не работи на овие постари телефони

Корисниците кои сè уште користат постари паметни телефони полека остануваат без поддршка за некои од најпопуларните апликации. Меѓу нив е...

Lifestyle20 часа

Оваа едноставна промена во исхраната може да го заштити вашето срце ако работите во смени

Новите истражувања од Велика Британија и САД откриваат дека времето кога јадеме може да има големо влијание врз здравјето на...

Свет20 часа

Се родија Ромул и Рем: За прв пат оживеа изумрен вид

За прв пат во историјата, научниците успеаја да вратат во живот изумрен вид – страшниот волк (Aenocyon dirus), предатор кој...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за среда (9 април)

ОВЕН Ова ќе биде релаксиран работен ден во однос на претходните. И понатаму трошите многу енергија на најразлични договори и...

Магазин2 дена

Зошто Switch 2 е толку скап?

Едно од поголемите изненадувања минатата недела за време на лансирањето на Nintendo Switch 2 беше неговата цена. Иако многумина очекуваа...

Магазин2 дена

Можеби мислите дека вашиот телефон е ажуриран – но има едно ажурирање што веројатно го пропуштате

Дали навистина знаете дали вашиот Android телефон е целосно ажуриран? Повеќето корисници проверуваат само за системски ажурирања, но постои уште...

НАЈЧИТАНИ