Хороскоп
Хороскоп за денес (19.12) четврток
ОВЕН
Ве очекуваат позитивни промени. Ако сте во потрага за нова работа, денес би можело да дојде до значаен настан на ова поле. Периодот кој ве очекува ќе биде многу турбулентен. Добро ќе ви дојде рекреација.
БИК
Добро размислете за секоја денешна одлука и бидете внимателни во сѐ што потпишувате. Нема да успеете да ја зачувате својата врска ако продолжите да покажувате толкава нервоза. Потребна ви е физичка активност и вежбање.
БЛИЗНАЦИ
Денешниот ден е многу поволен за вас на деловно поле. Успехот е извесен во сѐ што се обидувате да остварите. Доаѓа време да расчистите некој нерешен однос од минатото. Можеби ќе имате непријатна средба. Под стрес сте.
РАК
Денес ќе имате потешкотии за остварување на своите планови. Може да се надевате на голема помош од нечија страна. Ќе ви се допадне личност која на некој начин е комплицирана и чувствителна. Не земајте лекови на своја рака.
ЛАВ
Вашата комуникација со соработниците не е баш најдобра поради што добивате погрешни информации или сте неинформирани. Како да немате волја за љубов во моментов, па покажувате недостаток на емоции. Внимавајте на црниот дроб.
ДЕВИЦА
Ви се чини дека досегашниот начин на функционрање не е доволно ефикасен и смислувате начин нешто да промените. Во моменталната ситуација нема да успеете да ја зачувате саканата личност и се ближи раскинувањето на врската. Можно е да се чувствувате омалаксани и да имате вртоглавица..
ВАГА
Се чувствувате многу исцрпени од сите проблеми кои чекаат да ги решите. Денес имате премалку енергија и мотивација да се занимавате со било што. Немате храброст да преземете иницијатива на љубовно поле. Проверете ја тироидната жлезда.
ШКОРПИЈА
Иако не очекувате многу, моменталната работа може да биде многу позитивно искуство за вас. Потрудете се да не пропуштите ниедна можност која ќе ви се укаже. Вашата врска сега најмногу може да ја загрози љубомора. Здравјето е во ред.
СТРЕЛЕЦ
Покажете трпение и оптимистички став. Проблемите кои ве мачат не се нерешливи, само е потребно повеќе време. Крајот на вашата врска полека но сигурно се приближува и свесни сте за тоа. Проблеми со уринарните патишта.
ЈАРЕЦ
Во вас постои амбиција и желба за успех. Планирате тоа да го остварите со својот труд и вредна работа, а имате и доволно енергија и квалитет за тоа. Ако и ги покажете на саканата личност емоциите, ќе имате многу среќни мигови. Здравјето е солидно.
ВОДОЛИЈА
Време е да донесете одлука која многу ќе влијае на иднината на вашата кариера. Се наоѓате во голема дилема за што да се определите. Како што поминува времето, вашите кавги со саканата личност се сѐ поголеми. Можни се проблеми со грлото.
РИБИ
Можно е да добиете некоја уплата која долго време ја очекувате. Денес е поволен ден на финансиски план после долг период. Промените кои вашиот партнер ги покажува ќе ве израдуваат. Полни сте со енергија!
Хороскоп
Хороскоп за среда (5 февруари)
ОВЕН
Се потпирате на вашите соработници во кои имате доверба. Но би требало да поводите сметка околу вашата доверба и да не верувате баш на сите. Може да очекувате промени во расположението кај саканата личност. Генерално ќе се чувствувате добро.
БИК
Ќе имате доста обврски од кои најголем дел ќе се појават непланирано. Можно е вашата мотивација да е во опаѓање. Очекувајте добри и пријатни мигови со саканата личност, особено ако сте во брак. Нагласен е пад на имунитетот.
БЛИЗНАЦИ
Конечно ќе одморите затоа што нема да имате премногу работи. Пред вас е поволен период за годишен одмор или некое кратко патување. Може да се сретнете со личност која ви се допаѓа. Пред вас се нови интересни доживувања. Ќе имате минлива аритмија.
РАК
Нови случувања на работното место ќе ве збунуваат затоа што ништо нема да испадне онака како што сте очекувале. Однсот со саканата личност ќе се поправи, имате впечаток дека постои надеж и деќа ќе бидете задоволни. Обврнете внимание на стомакот.
ЛАВ
Комуникацијата која ја имате со колегите е одлична. Доста се задоволни со состојбата која владее на работното место. Не ви е лесно да ги искажете чувствата спрема личноста која ви се допаѓа. Доста сте срамежливи. Избегнувајте ги цигарите.
ДЕВИЦА
Ве очекуваат доста убави вести на полето на финансиите. Имате впечаток дека конечно на ова поле се движите напред и нештата се подобруваат. Отворено ги покажувате чувствата спрема саканата личност и таа ви возвраќа. Обрнете внимание на внесувањето на шеќер.
ВАГА
Ве очекуваат мали отежнувања на полето на работата. Ќе се чувствувате дека напредокот постојано ве одбегнува. На прво место ќе ви биде односот со саканата личност. Можен е низок притисок и мали проблеми со здравјето.
ШКОРПИЈА
Обрнете внимание на тоа да не претерувате во барањата кои ги поставувате на работното место. Спуштете ги критериумите малку. Постои една личност која ја почитувате и и се восхитувате од далеку. Имате многу енергија во себе.
СТРЕЛЕЦ
Немојте да ја поклонувате вашата доверба толку лесно. Овој викенд некој ќе се обиде да ве измами. Личност која ви се допаѓа комуницира ноншалантно со вас но вие и понатаму не сте сигурни дали ве гледа како пријател. Ќе бидете чувствителни во мускулите и коските.
ЈАРЕЦ
Во работното опкружување можно е да не функционирате баш најдобро, потребен ви е одмор и опуштање. Пред вас е можност да направите убаво и романтично изненадување за вашиот партнер. Обрнете внимание во внесување на течности.
ВОДОЛИЈА
На деловен план ви доаѓаат подобри денови, но моменталниот период е тежок и нема да ви е лесно да се соочите со него. Ви претстојат убави случувања со некоја Вага. Доколку веќе имате партнер, ќе размислувате за брак. Проблеми со холестеролот.
РИБИ
Не сте задоволни со ситуацијата на работното место и планирате да почнете да се залагате повеќе за вашиот напредок. Можно е да имате проблем со посесивноста и во некои ситуации да чувствите дека само вие вложувате во врската. Внимавајте на крвниот притисок.
Хороскоп
Хороскоп за вторник (4 февруари)
ОВЕН
Одите напред-назад со вашите финансии, постојано имате некои плаќања и се прашувате кога нештата ќе станат подобри. Наскоро доаѓа финансиска помош или некои пари кои долго ги исчекувате. Венера влегува во вашиот сектор на љубовта а тоа ќе донесе компликации со партнерот, ќе ви биде тешко да дојдете до заеднички јазик. Нешто кое се одолговлекува конечно ќе заврши.
БИК
Започнува нов циклус на љубовен план, старите проблеми со партнерот ќе бидат надминати и ќе започнете нов лист полн со хармонија и разбирање. Ќе бидете страствени и посветени. Комуникацијата со другите е одлична а тоа ќе ви помогне да остварите многу ваши замисли. Манифестирате некои ваши желби, наскоро ќе се радувате.
БЛИЗНАЦИ
Започнува доста важен циклус во вашиот живот кој ќе ја опишува врската која ќе ја имате со другите луѓе. Постои потенцијал за растење, разрешување на некои проблеми, барање одговори. Дајте си време на себеси за напредок и подобрување.
РАК
Овој викенд ќе бидете под влијание на Нептун атоа ќе ви донесе можност да се изразувате и да ги искажувате вашите мисли на послободен начин. Доколку имате план за патување сега е иделане период. Пишувањето ќе ви годи. Пристигнува период кога ќе можете да здивнете од обврски.
ЛАВ
Среќата е на ваша страна и ви донесува слобода да правите сопствени избори и да донесувате одлуки кои ќе ве направат задоволни. Вашите цели и амбиции ќе бидат остварени, немојте да се грижите. Можна е промена на работното место или унапредување.
ДЕВИЦА
На професионален план нештата течат онака како што посакувате. Очекувајте повик од некој стар пријател или некој кој ви драг. Вашите амбиции ве водат, вие сте на вистинскиот пат. Ќе успеете да ги остварите сите нешта кои ви се на врвот на листата. Ќе бидете зафатени со одговарање на деловни емаилови.
ВАГА
Ќе добиете информација во врска со вашите финансии, известување кое одамна го чекате. Ќе ги разгледувате вашите опции и ќе барате најдобар пат за да остварите нешто. Си поставувате некои ограничувања и тоа ве спречува да бидете среќни, добро размислете. Посоветувајте се со постара личност.
ШКОРПИЈА
Неплатената работа конечно ќе ви биде исплатена, ќе имате подобрување на вашата финансиска состојба. Нешто што ви е важно ќе се оствари онака како што посакувате. Ќе добиете некое расветлувате во врска со љубовниот живот, можеби некој ќе ви открие некоја тајна, ќе се двоумите и ќе треба да донесете некоја одлука.
СТРЕЛЕЦ
Циклусот продолжува и полека се изморувате од вашата рутина. Можеби треба да воведете некои проемени кога е во прашање работата или приванито живот. Си ја сакате слободата и не сакате да се обврзувате а тоа му пречи на вашиот партнер. Ќе треба да направите промена и да донесете важна одлука која ќе ве засега и двата.
ЈАРЕЦ
Домот и семејството моментално ви се најважни, што и да правите ќе донесувате одлуки поврзани со тоа. Ова исто така важи и за вашие амбиции и цели. Ќе патувате некаде надвор од градот а тоа ќе ви годи. Можеби ќе го промените местото на живеење. Понуда за нова работа.
ВОДОЛИЈА
Венера ви донесува многу страствени мигови. Ако сте студент или невработен, ќе бидете ангажирани околу некои проекти. Ќе се впуштите во нешто интересно кое ќе ви го подигне духот и ќе ве исполни со енергија. Ќе сакате да се средувате и да изгледате убаво.
РИБИ
Пристигнува интересен период кога ќе правите ретроспектива на вашето минато и одлуките кои сте ги донеле на љубовен и професионален план, ќе сфатите дека сте направиле некои грешки но сеуште не е многу доцна за да промените некои од нив. Ќе прифатите некоја понуда и ќе бидете среќни.
Хороскоп
Хороскоп за понеделник (3 февруари)
ОВЕН
Обрнете внимание на новите професионални можности за да го проширите вашето знаење и да ја подобрите вашата севкупна позиција. Ако дозволите работите да одат по својот пат, некој друг може одеднаш да ве престигне. Го набљудувате светот околу вас со различни очи или со весели тонови, се чувствувате задоволно и среќно со саканата личност.
БИК
Постапувате многу претпазливо и не сакате да ризикувате премногу во деловните и финансиските преговори. Сепак, ќе мора да се соочите со некои предизвици кои не се по ваш вкус или вкус. Навреме побарајте добар совет од постара личност. На крајот се ќе се реши на добар начин или во ваша корист. Сакате повеќе разбирање и нежност во љубовната врска. Вашиот партнер понекогаш има некои необични идеи, па неговото однесување во вас поттикнува чувство на емоционална несигурност.
БЛИЗНАЦИ
Изгледа дека сте загрижени за новите случувања на деловната сцена кои може да ве забават во спроведувањето на важните планови што ги имате. Но, со дополнителна упорност ќе се покаже дека имате многу ефикасни решенија и дека околината високо ги почитува вашите резултати. Во настаните од приватниот живот не дозволувајте да се шират лоши гласини за вас или да се шират лажни приказни за вас. Покажете ги вашите мали слабости само пред семејството и блиската личност.
РАК
Некој ви дава корисни предлози кои лесно можете да ги примените кога решавате сериозни прашања. Обидете се правилно да го дозирате вашиот креативен импулс со заеднички интереси, за најдобро да ги усогласите разликите што постојат во мислењето или искуството. Моментално ја преиспитувате врската со блиска личност во желба да се разберете што подобро. Имате впечаток дека партнерот ви демантира одредени информации од за вас сосема непознати причини.
ЛАВ
Се однесувате многу амбициозно пред околината и на сите им давате до знаење дека не сакате никој по ниту една основа да ви се спротивстави. Внимателно проценете ги ситуациите кои бараат некаков ризик или поголема инвестиција. Потребна ви е семејна хармонија и нечие присуство за да постигнете подобра психолошка рамнотежа и прилив на креативна енергија. Партер лесно може да ве поттикне да реагирате позитивно и да ги изразувате емоциите.
ДЕВИЦА
Ситуацијата околу вас изгледа многу променлива и тешко е точно да се предвиди нечија реакција или одговор. Подобро е да се следат докажаните правила и да се избегне секаков вид на ризик. Одложете некоја напорна работа додека не добиете подобри услови или за следниот период. Ќе бидете задоволни од постапките на некои блиски пријатели. Се наоѓате во фаза на емотивен подем, па врската со партнерот ја доживувате како остварување на вашите „слатки соништа“. Препуштете се на вашите чувства.
ВАГА
Вложувате големи напори за да постигнете позитивни резултати во деловното изразување, но има редослед на настани што ги нарушуваат вашите планови. Важно е правилно да се организирате и да ги почитувате сите рокови. Склони сте на чести промени во емотивното расположение, нема причина да изгубите надеж или да се оддалечите од партнерот.
ШКОРПИЈА
Поминувате низ различни фази на креативно расположение и се грижите да си обезбедите оптимални услови. Обрнете внимание на реакцијата на блиските, бидејќи понекогаш не сакате да прифаќате коментари кои ги доживувате како остри критики. Во врската со љубовниот партнер често заземате активна улога и подготвени сте да промените некои вообичаени навики кои ве кочат. Инстинктивно можете да го препознаете вистинскиот момент и добар ритам.
СТРЕЛЕЦ
Размислете за промена на одредени критериуми и услови во договор со скакулците за да ја подобрите вашата деловна позиција. Слободно можете да инсистирате на своите идеи, бидејќи имате многу сигурни показатели за успех. Во вашата емотивна екстаза, подготвени сте да направите нешто посебно за да го импресионирате партнерот.
ЈАРЕЦ
Некои од соработниците немаат доволно интерес да го почитуваат заедничкиот деловен договор, што неминовно предизвикува одредена загуба. Изгледа дека сте загрижени за новите информации и промените предложени од вашите соработници. Упорно се обидувате што побрзо да решите некои големи проблеми. Склони сте на чести промени во расположението, како и на општества кои го привлекуваат вашето емотивно внимание. Нема причина да џогирате и да му се жалите на партнерот за некои ситници.
ВОДОЛИЈА
Потрудете се успешно да ги спроведете сите ваши идеи и планови. Важно е да имате доверлива личност и тим од доверливи соработници со кои имате заеднички интереси. Во љубовната врска не се обидувајте залудно да го промените однесувањето на партнерот или да го промените текот на работите кои не зависат од вашата волја.
РИБИ
Совесно го исполнувате својот дел од обврските и делувате многу ажурно при исполнување на разни договори што ги имате со соработниците. Реално ги базирате сите ваши одлуки и нема причина некој да влијае на вашата професионална несигурност. Во врската со партнерот нема потреба упорно да се повторуваат ситуации кои не го носат посакуваниот ефект.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (4 февруари)
-
Хороскоп22 часа
Хороскоп за среда (5 февруари)
-
Спорт6 часа
(ВИДЕО) Првиот човек на ФФМ се сретна со вработените задолжени за терените, нивниот труд конечно е вреднуван
-
На денешен ден2 дена
На денешен ден – 4 февруари (Гоце Делчев, 153 години од неговото раѓање)
-
Спорт1 ден
Комисијата за натпревари при ФФМ закажа редовен семинар со делегатите од првата и втората македонска фудбалска лига
-
Lifestyle1 ден
Се дебелееш и внимаваш на исхраната? Еве што може да биде причината
-
Lifestyle1 ден
Како да откриете дали вашата орхидеја е здрава? Овие знаци ќе ви помогнат
-
Автомобили2 дена
„Dacia Sandero“ е официјално најпродаваниот автомобил во Европа минатата година според „Јато Dynamics“