Кичево
Хуманитарен „Car Show“ за Игор Петрески – добредојдени сте сите, бидејќи само сите ќе успееме!
Кичевскиот „Car Club – Kicevo“ со наше покровителство организираме Хуманитарен „Car Show“ или собир на секаков тип на возила (модифицирани, тјунирани) со цел собирање на останатите финансиски средства за лекување на нашиот сограѓанин г-дин Игор Петрески кој како што знаете боледува од „Мултиплекс склероза“ и мора под ИТНО да се лекува во „IM Clinic“ – Белград.
Со вашите 200 денари (од возило) на влез директно донирате за Игор, додека влезот за публика ќе биде бесплатен со посебен штанд за секого кој колку сака да донира!
Стартот на настанот е предвиден од 16:00 часот, така што поканети се сите љубители на автомобилизмот да дојдат и дадат хуманитарна поддршка за Игор Петрески.
Настанот ќе го збогатиме со интересни спортски игри во домет на автомобилизмот, добра музичка забава, ладен пијалок и многу изненадувања од нашите пријатели „Auto Start – Кичево“
Сите кои нема да можат да присуствуваат, донирајте 100 денари преку вашиот телефон:
☎️ Т-Mobile: 143106
☎️ VIP: 143600
– Ова е прв поголем настан организиран, доколку има потреба ќе организираме и концерти и најразлични настани се со цел да се соберат потребните финансиски средства!
– Особена благодарност до „Здружение на возачи“ како и единствените Радио Акорд.
Се гледаме во Недела / 11-ти Август / 16:00ч
Локација: „Здружение на возачи“ – Кичево
Од 💗 за Игор![sg_popup id=”25547″ event=”onLoad”][/sg_popup]
Потврдете го вашето присуство на официјалниот facebook настан ТУКА
Кичево
(ФОТО) Пациенти се жалат дека кругот на кичевската Болница е под снег и мраз, тешко се стигнува до медицинските врати, надлежните последно исчистиле пред два дена!
Сите овие денови до нашиот медиум не престануваат да стигнуваат реакции и разочарувања од состојбата на патиштата во градското подрачје, но свесни за состојбата, за нас неоправдано бидејќи најавено беше од сите медиуми дека снегот непрекинато ќе паѓа, чекавме нешто да се промени бидејќи од јавното претпријатие според фотографии и видеа се гледа дека активно се на терен, но се додека не пристигнаа фотографии од пациенти од ЈЗУ „Општа Болница“ – Кичево.
Имено, реакциите се дека тешко се проаѓа до медицинските врати, смрзнатиот терен, висината на снежната покривка се резултат од не-навремено чистење на според нас еден од најглавните оддели во градот Кичево.
– По реакцијата на граѓаните, веднаш стапивме во контакт со Директорката на установата Д-р Маја Цветановска-Трајкоска која ја призна состојбата, така што истакна доколку надлежните не дојдат, ќе бидат приморани сами да го чистат овој дел од Болницата, а пациенти има нон-стоп!
– Веќе втор ден откако нема услови за разминување, доаѓање и проаѓање до Болницата, има високи нерамнини од мраз, остатоци од снег кои дополнително создаваат немир и стрес кај пациентите, но и кај вработените. Ја користам оваа прилика јавно да ги повикам, иако два дена не одговараат на нашиот повик, надлежните служби кои се задолжени да дојдат и да обезбедат услови за непречено доаѓање во кругот на Болницата и на овој проблем да му се стави крај, тука доаѓаат пациенти непрекинато, Докторите и Сестрите неможат никаква асистенција да им пружат на пациентите на ваков терен. Се зачистува и самоволно но онаму каде се може, пред влез, пред врата, каде што неможе, секако дека треба механизација, на кратко истакна Д-р Цветановска-Трајкоска.
И од нашиот медиум апелираме што поскоро да се очистат остатоците од снег во установата, бидејќи е од најбитен карактер за градот, потоа на сите други места со цел непречено и безбедно возење со автомобил, пешачење итн.
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Ова се традиционалните кичевски огнови кои ни ги испративте да ги додадеме во големиот „Василичарски“ албум, за многу години!
Благодарност до сите кои ни испратија фотографии од традиционалните Василичарски огнови за заеднички да го направиме празничниот албум, кој ќе биде запишан во времето и ќе биде сочуван за секогаш. Одиме по ред:
Кичево
„Порта.мк“ албум од традиционални „Василичарски огнови“ 2025 од Кичево и кичевско, испратете фотографија од вашиот василичарски огон, вечна традиција, за многу години!
Оваа година повторно ја активираме нашата албум сесија од традиционални „Василичарски огнови“. Имено испратете ни фотографии од огнови во вашето маало/населба или село, а ние ќе ги објавиме сите, во еден преубав „Василичарски“ албум 2025.
Вашите фотогрографии можете да ни ги испраќате полесно од било кога, во порака на фејсбук страницата – „ПОРТА.мк“ или официјалната од нашиот град – Кичево.
Единствен услов:
- Не повеќе од 3 фотографии, за нив јасно да се знае од која улица/населба/село доаѓаат.
Нека е за многу години, вечна нека е традицијата!
-
Хороскоп2 дена
Празничен Хороскоп за вторник (14 јануари)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Пациенти се жалат дека кругот на кичевската Болница е под снег и мраз, тешко се стигнува до медицинските врати, надлежните последно исчистиле пред два дена!
-
Кичево2 дена
(ГАЛЕРИЈА) Ова се традиционалните кичевски огнови кои ни ги испративте да ги додадеме во големиот „Василичарски“ албум, за многу години!
-
Временска прогноза20 часа
Доаѓаат минусни температури и преку ден, ќе имаме силен мраз и замрзнати површини
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за среда (15 јануари)
-
Магазин1 ден
(ВИДЕО) Среќна ви Нова Година со чиста душа, спокојна, и со радост и со славје и догодина со здравје, каланда на дечињата од кичевскиот хор „Митрополит Козма Пречистански“
-
Скопје4 часа
Скопјанка пријавила дека машко лице ја допирало по телото
-
Магазин8 часа
Не трошете пари за поправки! Шест знаци дека е време за нов мобилен телефон