Македонија
И утре (понеделник) Кичево – Охрид затворен три часа поради минирање во двата правци
Македонија
Укината целосната забрана за движење во шуми поради проценка за намален ризик од шумски пожари
Согласно Барањето од ЈП Национални шуми од бр.11-341/5 од 17.09.2024 година, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, ја издаде согласноста за укинување на целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште дадена на 15.07.2024год, заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари на површините под шума и шумско земјиште со кои управува ЈП Национални шуми, известува Центарот за управување со кризи.
Македонија
РЕК Осломеј, Битола и ТЕЦ Неготино добија ново раководство
Управниот одбор на АД ЕСМ денеска именувал нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети во рамките на компанијата.
Оттаму за јавноста нагласија дека за директор на РЕК Осломеј е назначен Сашо Вренцоски, дипломиран економист и истакнат стручен кадар со долгогодишно работно искуство во комбинатот, додека на директорска позиција во Осломеј е именуван и кичевчанецот Агим Садику, дипломиран економист со работно искуство во Управата за јавни приходи.
За директор на подружница РЕК Битола е назначен Тони Петрушевски, дипломиран машински инженер, а досегашниот в.д. директор Иле Костадиновски е назначен за помошник директор за правни, кадровски и општи работи во РЕК Битола.
Од компанијата информираат дека „в.д. директор на подружницата ТЕЦ Неготино е Александар Галапчев, дипломиран инженер со работно искуство во термоелектраната.
Извор: 4news.mk
Македонија
Стружанец заработи кривична пријава поради предизвикување пожар
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.М.(43) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 08.09.2024, пријавениот на земјен пат во с.Мислешево запалил сува трева и ѓубриште и заминал од местото, а огнот се проширил и на друг плац во кој имало барака, сопственост на М.К, известуваат од МВР.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (20 септември)
-
Македонија1 ден
РЕК Осломеј, Битола и ТЕЦ Неготино добија ново раководство
-
Кичево21 час
Вечерва сите патишта водат кон кичевскиот манастир „Св.Богородица – Пречиста“
-
Кичево2 дена
(ФОТО) Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес ја посети кичевската касарна ,,Чеде Филиповски – Даме’’
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за сабота (21 септември)
-
Lifestyle2 дена
Експертите потврдија: Ова е официјално најздравиот зеленчук во светот
-
Автомобили2 дена
Најчестите причини зошто автомобилот троши повеќе гориво
-
Временска прогноза12 часа
Во краткотрајниот периодот од 23-ти, па се до 30 септември очекуваме „Мини-лето“ и повисоки температури – вели Попоски