Магазин
КАДЕ ТРЕБА ДА ОТПАТУВАТЕ СПОРЕД ХОРОСКОПОТ: Раковите и девиците во Рим, а водолиите во Русија за Божиќ

Раковите функционираат одлично на места со прекрасни плажи, реки или водопади. Островите во Грција, Рим, Карибите или Малдивите како и Тајланд се солидни избори за патување
Астреологијата говори за тоа кое е вашето идеално место за патување во текот на божиќните празници. Пред да почнете да се пакувате, погледнете каде би требало да заминете вие според хороскопскиот знак.
Овенот сака истражување и авантури кои ќе му го задржат вниманието. Одличен избор е Аргентина, Нов Зеланд и Австралија. Дубаи целосно ќе го освои, а бидејќи важи за еден од најадреналинските знаци Јужна Африка или Перу би биле совршен избор.
Бикови треба да се упатат кон места со доволно добра храна, уметност, театар и архитектура за да бидат среќни. Градовите како Даблин, Париз, Фиренца, Барселона и Прага се нивните дестинации за Нова Година.
Раковите функционираат одлично на места со прекрасни плажи, реки или водопади. Островите во Грција, Рим, Карибите или Малдивите како и Тајланд се солидни избори за патување.
Ѕвездите велат дека лавовите треба да одат во Париз, Њујорк, Милано, Капри или Женева. Овие места се во состојба да им понудат првокласна услуга и богато опкружување каде што и самите ќе се чувствуваат како ѕвезди.
Девиците прават списоци и листи и добро сакаат да го истражат местото пред да се упатат кон одбраната дестинација. Места богати со историја и култура ќе го нахранат нивниот глад за информации. Египет, Грција, Мадрид, Берлин или Рим се идеални за тоа.
Вагите преферираат патувања кои ќе им го исполнат срцето, како патиштата кои водат кон Франција, Турција или Шпанија.
Хороскоп
Хороскоп за четврток (10 април)

ОВЕН
Не сте осамени, имате на кого да се потпрете и се обидувате да најдете најдобар можен начин да се вклучите во работата која за вас може да биде многу профитабилна. Имате проблем со некои Близнаци и не можете да најдете заеднички јазик со некоја Водолија. Трепението ќе ви биде повеќе од потребно.
БИК
Нема место за паника, ќе успеете да ги решите сите проблеми. Добрите односи со соработниците се исклучително важни за проектите, бидејќи сами ништо нема да постигнете. Се чувствувате одлично во друштво на некоја Риба, па затоа поминете повеќе време заедно.
БЛИЗНАЦИ
Некои пријатели ќе ве повикаат на заедничко патување, а вие ќе се двоумите. Не се откажувајте од можностите кои ви се нудат, можно е да ви се отворат нови врати за започнување на сопствен бизнис. Досадата лекувајте ја во друштво на саканите. Постапките од минатото ќе ве натераат повторно да размислите за вашите постапки.
РАК
Некој проблем од минатото ќе започне да ви ја разнишува сегашноста која едвај ја одржувате во нормално ниво. Можно е вашиот партнер да ве напушти поради ветените нешта кои никогаш не ги направивте. Имате проблем и со пријателите кои ве сметаат за несериозни. Некоја Девица ќе ви понуди помош, прифатете ја веднаш.
ЛАВ
Ќе се обидете да воспоставите контакт со некои лица кои на вас ви биле многу драги. Ви претстои добра соработка со некој Стрелец или Близнаци. Ќе се залагате за некои важни нешта, можеби нема да успеете, но не се разочарувајте во иднина ќе постојат уште шанси.
ДЕВИЦА
Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Вашето здравје е повеќе од добро. Проблемите во љубовта ќе ви го одвлечат вниманието и ќе ви го одземат времето за извршување на бизнис обврските.
ВАГА
Иако се чувствувате добро во друштво со личноста која ги поттикнуа вашите амбиции, сепак прекумерното залагање можно е да ви пречи. Можни се некои поволни вести од некој кој живее и работи во странство. Ќе ви биде потребен некаков совет од некој Лав.
ШКОРПИЈА
Оптеретени сте со незавршените работи и она што се случило а не знаете како да го решите. Се плашите од загуба на контролата во ситуацијата во која можно е да загубите некој поради однесувањето. Можен е некаков договор со Стрелец или Риби.
СТРЕЛЕЦ
За да го поминете денот онака како што сакате потребно е да се вклучите во некои интересни проекти во кои ќе ви биде потребен странски јазик. Без оглед дали станува збор за краток или долг проект сепак работете максимално на него. Постои можност за голем профит.
ЈАРЕЦ
Премногу сте упорни иако помалку сте и несигурни и се обидувате на сите можни начини да му го наметнете на некој Бик вашиот план за заеднички проект. Бидете малку трпеливи во контактите со борбените знаци, особено со Бикот. Добро се чувствувате во друштво на лице кое е подеднакво амбициозно како и вие.
ВОДОЛИЈА
Еден од подобрите денови, особено за оние кои се подготвени за се да се договорат со соработниците и оние кои се како створени за разни деловни можности, вклучувајќи ја тука и можноста за премин на некое ново работно место или преземање на некои нови обврски. Добро се сложувате со некој Стрелец и со некој Рак кои во се ве поддржуваат.
РИБИ
Мечтаете за голем успех и поинаква работа од онаа која во моментов ја имате. Ова би можело да биде пријатен ден за вас. Енергијата на Марс и Меркур ве прави нервозни и нетрпеливи. Вашата амбиција е во прв план, не се согласувате со лица кој сакаат да доминираат во друштвото.
Lifestyle
Домашен сок од цвекло: Го чисти црниот дроб и го намалува притисокот

Сокот од цвекло е природен начин за зајакнување на имунитетот, подобрување на циркулацијата и прочистување на телото. Богат е со железо, витамин Ц, калиум и антиоксиданси, а помага и за намалување на крвниот притисок.
Поради специфичниот вкус, често се комбинира со лимон, јаболко или морков, за освежителна нота.
Рецепт за домашен сок од цвекло
• Состојки:
-
2 до 3 средни цвекла
-
1 до 2 јаболка (по избор)
-
Сок од 1 лимон
-
Вода по потреба
• Подготовка:
-
Измијте го цвеклото, излупете го и исечете го.
-
Варете го околу 30 минути, па оставете го да се излади.
-
Во блендер ставете го вареното цвекло, јаболката и лимоновиот сок.
-
Додадете вода и изблендирајте до мазна смеса.
-
Процедете по желба и послужете разладено.
Може да се пие секој ден – самостојно или како дел од оброк. Телото брзо ќе ги почувствува придобивките!
Извор: Nova
Магазин
WhatsApp веќе не работи на овие постари телефони

Корисниците кои сè уште користат постари паметни телефони полека остануваат без поддршка за некои од најпопуларните апликации. Меѓу нив е и WhatsApp, кој од почетокот на оваа година престанува да функционира на одредени уреди.
Зошто WhatsApp се повлекува од старите уреди?
• Старите телефони имаат ограничен хардвер – бавни процесори, мала меморија и застарени оперативни системи.
• Развивачите веќе не можат да ги прилагодуваат новите верзии на апликацијата за таквите уреди.
• WhatsApp сака да понуди подобро искуство и безбедност, што бара понова технологија.
Кои Android телефони ја изгубија поддршката?
Апликацијата веќе не работи на уреди со постар Android оперативен систем, меѓу кои:
• Samsung Galaxy S3
• Samsung Galaxy Note 2
• Motorola Moto G (прва генерација)
• Одредени модели од Sony, LG и Motorola
Слична ситуација и кај корисниците на iPhone
Од 5 мај 2025 година, WhatsApp повеќе нема да работи на iPhone уреди со iOS 15.1 или постара верзија, што вклучува:
• iPhone 5s
• iPhone 6
• iPhone 6 Plus
Овие модели иако се уште ги користат некои луѓе, веќе не ги исполнуваат барањата на модерните апликации.
Што ако сè уште го користите WhatsApp, но имате стар телефон?
Ако WhatsApp ви е важен, ќе треба да размислите за надградба на уредот. Корисниците на iPhone може да преминат на понов модел како:
• iPhone 16e, кој во САД се продава по цена од околу 599 долари
• Исто така, постојат и поволни користени модели кои ја поддржуваат апликацијата без проблем
Извор: Danas
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за среда (9 април)
-
Кичево12 часа
Се спрема најрадосната Лазарева Сабота во Кичево, утре е Втората проба за манифестацијата
-
Хороскоп6 часа
Хороскоп за четврток (10 април)
-
Магазин2 дена
Можеби мислите дека вашиот телефон е ажуриран – но има едно ажурирање што веројатно го пропуштате
-
Свет19 часа
Се родија Ромул и Рем: За прв пат оживеа изумрен вид
-
Македонија17 часа
Од ноќеска значителен пад на цената на бензинот и дизелот
-
Магазин2 дена
Зошто Switch 2 е толку скап?
-
Автомобили2 дена
Volkswagen води на германскиот пазар на електрични автомобили, Tesla паѓа на осмото место