Култура
Кичевчани за отец Партениј, владиката на нашите срца!

Во своето свето Евангелие нашиот Спасител Господ Исус Христос вели дека макар и една човечка душа вреди повеќе отколку целиот свет. Затоа борбата за спасението на душите е борба со космички размери, борба со сето зло од овој свет, борба „против световните управители на темнината од овој век, против поднебесните духови на злобата“ – како што вели Апостолот Павле. А човек да се бори за спасението не само за својата, ами за многу други души – е тоа е подвиг еднаков на Голгота, на секојдневно распетие за доброто на мнозина.
Таквиот крст, таквата борба, оваа апостолска саможртва, нашиот Старец, Архимандрит Партениј, ги понесе на своите рамења уште пред 25 години. Четврт век апостолски подвиг, непрестајна борба, самопрегорна жртва – сето тоа до самозаборав. Со еден збор татковска љубов и саможртва. Колку души спасени, колку млади луѓе од смртта избавени, колку семејства склопени, колку бракови сочувани, колку дечиња на овој свет донесени… Дваесет и пет години светло сведочење на Евангелието и на љубовта Христова.
И ете, дојде ден целата таа саможртва, тоа евангелско татковство, да биде удостоено со свештено-апостолска благодат. По барање на нашиот возљубен надлежен владика, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и со одобрение на сите архиереи од Светиот Синод на МПЦ-ОА, нашиот духовен татко, отец Партениј ќе го понеси и тешкиот крст на архиерејската служба. Дојде време, сите ние, кои духовно нè родил за Христа, ни дал духовен вид, ни отворил очи, нè воспитал и израснал, нè кренал кога сме биле паднати, ни простувал кога сме грешеле, нè вадел од амбисот на нашите гревови и страсти – да му возвратиме со нашата љубов и молитви, за добриот Бог да му дава благодатни сили во носењето на крстот за спасението на сите нас.
Кога многумина седеа дома покрај своите најмили и молејќисе за мир, тој прв застана да ја брани Бигорската светиња да ги храни со благодат нашите бранители кои знаеа од другата страна што ги чека но покрај својот Духовен татко Отец Партениј се чуствуваа бессмртни бидејќи знаеа дека ја чуваат Господовата светиња.
Отец Партениј слободно може да се опише во зборот ПАТРИОТ бидејќи самиот тој е поим за тој збор со делата што ги има направено за нашата татковина Македонија и нејзините најголеми Светињи: Бигорски, Пречиста, Рајчица, Ботуше, Кнежино…
Неговата Љубов спрема нас неговите духовни чеда не може да се опише со зборови бидејќи секоја секунда помината со него е благодет од Бога што се пренесува во нас, моментите поминати со него во разговор за нашата напатена Македонија длабоко се врежани во нас.
Некои се дрзнаа да зборуваат и шират многу невистини и измислици за него но имаме едно да ви кажеме: Неговата неизмерна Љубов спрема нашата Татковина е поголема од сите вас и вашите ментори и кујни за ширење на лажни вести.
На сликата се нашите Бранители заедно со Отец Партениј во Бигоракиот Манастир….
На многаја лета, владико на срцата наши – стои во официјалните фејсбук статуси на г-дин Ѓорѓи Петрески и кичевска коњаница.
Култура
(ФОТО) Во кичевското ЦОУ „Христо Узунов“ реализирана работилница со дечиња под наслов „Позитивна комуникација“

Овој месец стручната служба во ЦОУ „Христо Узунов“ во кичевското с.Другово со учениците од VII одделение заедно со вработените во установата, психологот Јасмина Дејаноска и дефектологот Цвете Наќеска ја реализираа работилницата под наслов „Позитивна комуникација“ – Самоосознавање и спознавање на другите, a во рамки на проектот: Зачувување на нашето Ментално здравје.
– Психолошката поддршка е многу важна во секој период од нашиот живот, доколку наидеме на некакви проблеми. Затоа превенцијата е еден од клучните моменти да спречиме одредено расплинување на одредена проблематика.
Проектот Ментално здравје преку реализација на работилниците ни нуди можност на учениците да им укажеме како да се справуваат на училиште и општо во секојдневниот живот со различните ситуации, за јавноста истакнаа од училиштето.
Култура
Денес е „Младенци“, честит именден и честит брак на тие што стапиле и се нови брачни парови

Празникот на пролетта – 22 март, поради големата трагедија во Кочани, тој во нашата држава е во денови на жалост, додека младите брачни парови години наназад го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. На овој ден, Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте вojници од Севастија кои мaaчeничkи зaгинaлa за христовата вера.
Именден тогаш празнуваат: Младен, Младенка…
Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. На тој ден, во црква се носат свеќите од венчавката за да се дoгopaт.
Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на денешен ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.
Житијата за Светите четириесет мaчeници како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте вojници од Севастија мaчeничkи зaгинaлe не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се пokлонат пред римските идoли и да им принесат жpтви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонcтвoтo, а кога тоа го одбиле биле затвopени, мaчeни и изведени пред cyд. Биле ocyдени цела ноќ да стојат во вода што cмpзнyва. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале стpaдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што cмрзнyвала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.
Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на вojниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измpзнaтите вojници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги зaпaлилe.
Честит именден и за многу години да е, честит брак и на тие што стапиле и се нови брачни парови!
Култура
Чистиот Понеделник – почеток на „Четириесетдневната пролет“ на покајанието

Влеговме во светата и блажена Велика Четириесетница, во ова духовно патување што ни е дадено како лек за нашата душа, како можност за обновување, како враќање кон светлината Божествена. Бигорската Обител денеска е озарена од мистичната атмосфера на Чистиот Понеделник, денот кога зачекоруваме на патот на очистувањето, на покајанието, на преобразувањето во Христовата милост.
Во ова прво пустинско деноноќие, кога срцето веќе ја вкусува сладоста на подвижничкиот подвиг, во Манастирот тивко се разлева звукот на долгочасовните богослужби, кои како поток на благодатта течат во душите на оние што пристапуваат кон постот со ревност и со љубов. Гласовите на браќата се издигнуваат во псалмопеења, во пророчки читања, во светоотечки посланија; сè сведочи за светата тајна на покајанието, кое не е ништо друго, туку враќање во домот на Отецот небесен.
„Дојдете луѓе, дарот на постот денес да го примиме, како од Бога дарувано време за покајание, и во него Спасителот да Го смилостивиме“.
Особено трогателен е Великиот Покаен Канон на Свети Андреј Критски – таа молитвена исповед, што го наведува срцето на самопрегледување, на покајнички плач, на длабока внатрешна потресеност. Нашиот возљубен Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, ги читаше неговите чудесно вдахновени стихови со посебно умиление, со глас полн со сериозност и љубов, со глас што го повикува секој присутен да се соочи со својата душа, да се сретне со себе самиот, да ги согледа сопствените слабости, но и да положи надеж во бездната на милосрдието Божјо.
„Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш? Крајот се приближува и ќе се смутиш. Разбуди се, за да се смилува Христос Бог, Кој е насекаде и сè исполнува“.
Во овој ден на исихија и молитва, во квечерината што го покрива светот, од светите сводови на Манастирот се издигнаа и првите песнопенија на Великото Повечерие.
„Со нас е Бог! Разберете, народи, и покорете се, зашто со нас е Бог!“
Чистиот Понеделник е дар. Тој е почеток на патувањето кон Пасхата, кон Воскресението. Не како некоја надворешна дисциплина, не како обична жртва, туку како откровение за тоа кои сме, каде сме и каде треба да одиме. Затоа, овој пост да не биде само воздржување од храна, туку отворање на срцето за дејствително покајание, за прошка, за добрина, за љубов.
„Да постиме со пост пријатен, благоугоден на Господа, а вистински пост е: бегање од злото, воздржување на јазикот, отфрлање на гневот, на похотите, на озборувањето, на лагата, на прекршување на дадено ветување. Ако овие нешта ги оставите, постот е вистински и благопријатен“.
„На покајанието отвори ми двери, Жизнодавче, зашто утренува духот мој кон светиот храм Твој, храмот носејќи го телесен сиот осквернавен; но, како сожалив очисти ме, според благоутробната Ти милост!“ – повикува душата. А Бог, со неискажлива милост, ни ги отвора тие двери. Нè чека. Нè повикува. Да не Го оставаме да чека, истакна Бигорскиот Манастир, повеќе фотографии прегледајте на официјалниот линк ТУКА
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (31 март)
-
Спорт5 часа
ФФМ упати експресно соопштение во врска со нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Спорт1 ден
ФФМ веднаш упати соопштение во врска со прогласот на ФК Пелистер за судењето на мечот против Вардар
-
Временска прогноза13 часа
Повторно доаѓа нова тура на обилни врнежи од дожд и невреме над Македонија
-
Хороскоп56 минути
Месечен Хороскоп (април)
-
Lifestyle2 дена
Како да заштедите на сметките за вода: 7 едноставни совети од експерти
-
Автомобили2 дена
Калифорнија има повеќе полначи за електрични возила отколку бензински пумпи, но брзото полнење останува предизвик
-
Магазин2 дена
Кремасто рижото со печурки – совршен избор за ручек