Кичево
Кичево се искачи на 105 заразени и 86 активни, додека по градови во моментов ова е застапеноста на Коронавирусот во нашата земја

Вкупната бројка на коронавирусот дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9547, бројката на оздравени пациенти е 5071, на поч инати е 442, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4034.
Од вчерашните тестирања, два се контролни, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 4413, активни 1909
Куманово 940, активни 252
Дебар 175, активни 112
Штип 659, активни 333
Прилеп 313, активни 56
Тетово 962, активни 297
Струга 391, активни 184
Велес 209, активни 27
Битола 96, активни 51
Охрид 250, активни 99
Кавадарци 32, активни 18
Гостивар 321, активни 207
Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
Струмица 31, активни 22
Крива Паланка 22, активни 8
Радовиш 28, активни 23
Крушево 14, активни 9
Кочани 90, активни 22
Пробиштип 46, активни 29
Демир Хисар 19, активни 17
Македонски Брод 10, активни 6
Пехчево 6, активни 0
Берово 4, активни 1
Валандово 6, активни 0
Виница 4, активни 1
Делчево 1, активни 0
Кратово 12, активни 7
Свети Николе 205, активни 190
Кичево 105, активни 86
Ресен 141, активни 57
Неготино 23, активни 3 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1437 теста се преку: ИЈЗ-410, ЦЈЗ Скопје-29, Авицена-136, Биотек-158, МАНУ -135, Жан Митрев (Филип Втори)-322, Систина со PCR метода -164, Судска медицина -12, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-5, ГАК-7. Досега во земјата се направени вкупно 89703 тестирања на коронаврусот. Вчера немаше тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 33 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на коронаврусот, 7 позитивни деца, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 91 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на коронаврусот.
Активни случаи по општини Скопје Вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје).
Чаир – 275
Аеродром – 200
Бутел – 140
Гази Баба – 206
Центар – 162
Карпош – 174
Сарај – 115
Кисела Вода – 158
Ѓорче Петров – 120
Студеничани – 109
Шуто Оризари – 105
Арачиново – 33
Илинден – 25
Петровец – 22
Чучер Сандево – 11
Сопиште – 20
Зелениково- 13
Странец – 7
Нераспределен- 14
Кичево
Управните служби во Кичево и останатите добиваат ново работно време

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански работи на МВР ќе работат согласно нова работна сатница.
Така, Одделение за управни работи Скопје и Отсек за управни работи Тетово, од понеделник до петок ќе имаат двосменско работење, односно работно време од 07.30 часот до 19.30 часот.
Исто така, и Отсеците за управни работи – Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица и Штип, од понеделник до петок ќе имаат работното време со почеток од 08.00 часот па до 18.00 часот, а истото работна време ќе важи и за: ОУР Битола за Прилеп, ОУР Велес за Кавадарци, ОУР Охрид за Кичево и Струга, ОУР Тетово за Гостивар и ОУР Штип за Кочани.
Во останатите пак подрачни единици – ОУР Охрид за Дебар; ОУР Битола за Крушево, за Демир Хисар, за Ресен и за Македонски Брод; ОУР Штип за Пробиштип, за Свети Николе, за Виница, за Делчево и за Берово; ОУР Велес за Неготино; ОУР Куманово за Кратово и за Крива Паланка; ОУР Струмица за Гевгелија, за Радовиш и за Валандово, работното време ќе трае од 08.00 часот до 16.00 часот.
Кичево
ОВР Кичево изврши контрола на житниот пазар, пронајде нерегуларни продукти на јавна површина

На 15.02.2025 на подрачјето на Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево извршија контроли на лица кои вршат продажба на производи на јавна површина. Притоа, на две тезги на житниот пазар, затекнати се М.Д.(60) од Скопје и А.Џ.(66) од Кичево, кои за продажба изложиле повеќе парализатори и метални палки на преклоп и други предмети.
Врз основа на членот 80 од Законот за оружје, предметите се одземени, а против двете лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, за медиумите и јавноста известува портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Кичево
(ФОТО) Момчињата од „ФК Кичево“ денес одиграа два контролни меча со одличната екипа на „ФК Гостивар“ на гостински терен

Во рамки на денешниот ден нашата екипа од „ФК Кичево“ генерација 2011 и 2014 година одиграа два контролни меча со соодветна екипа на „ФК Гостивар“. Преку нашиот медиум, управата и тренерите упатуваат голема благодарност до домаќинот екипата на „ФК Гостивар“ и нивниот координатор г-дин Менсур Јакупи за одличниот прием и можноста да нашите момчиња стекнат нови пријателства и искуства.
Галерија од денешните натпревари, „ФК Кичево“ ген. 2011:
Престижната генерација 2014:
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (24 февруари)
-
Здравје и убавина1 ден
Овој напиток го нормализира шеќерот во крвта, еве за што станува збор
-
Спорт1 ден
(ФОТО) „ФК Кичево“ денес ги продолжи подготовките за пролетната сезона со пријателски натпревари во Битола и Кичево на домашен терен
-
Здравје и убавина1 ден
Со овие намирници ќе ја подобрите меморијата на мозокот со здрав начин на исхрана
-
Спорт1 ден
(ВИДЕО) Лука Модриќ вечерва покажа дека годините се само бројка, постигна гол од над 25 метри, вистинска „бомба“ пред очите на Газанига
-
Временска прогноза10 часа
До петок стабилно време, викендот пред нас ќе има услови за повремен локален слаб дожд
-
Хороскоп2 часа
Хороскоп за вторник (25 февруари)
-
Здравје и убавина2 дена
Ова се 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје