Магазин
Кому му е до секс по напорниот работен ден? Најверојатно никому
По напорниот работен ден, единственото нешто за што Британците размислуваат е како да се „фрлат“ во кревет, но само за да спијат – открива истражувањето на меѓународната компанија Weight Watchers спроведено врз 2700 луѓе.
Речиси половината од нив немаат енергија за жешки игри под чаршафите, но ниту за кој било облик на вежби. По работа најмногу му се радуваат ма спиењето – пишува The Huffington Post. Освен тоа, толку се уморни што немаат сила да се дружат и разговараат со пријателите, а наместо зборување на мобилен решаваат да испратат СМС. Една третина од Британците признаваат дека го одложуваат излегувањето со пријателите, бидејќи им е тешко да се подготват и да се дотераат за излегување. Речиси половина од нив за тој седечки начин на живот го обвинуваат уморот – потврдило истражувањето.
„Повеќе од 14 милиони возрасни толку се неактивни што го загрозуваат своето здравје. Недостатокот од движење го зголемува ризикот од дијабетес тип 2“ – вели Зое Хелман од Weight Watchers.
Магазин
YouTube воведува мерки против „clickbait“: Што значат новите правила за креаторите?
YouTube одлучи сериозно да го адресира прашањето за „clickbait“, најавувајќи отстранување на содржини со наслови и слики кои ветуваат нешто што видеото не го исполнува.
Овој потег првично ќе се спроведе во Индија, со планови за проширување во други земји во наредните месеци, изјави портпаролот на компанијата, Џек Мелон, во соопштение. Новиот правилник ги таргетира најголемите примери на измамнички содржини, особено во категориите “breaking news” и “current events.”
Примери на спорни содржини
Како примери, YouTube наведува наслови како “The President Resigns!”, додека видеото реално не содржи информации за оставката, или сликички со натписи за политички настани кои немаат никаква врска со темата.
Како ќе се применуваат правилата?
За да се олесни транзицијата, YouTube најави дека првично нема да издава предупредувања за креаторите чија содржина ги прекршува новите правила. Наместо тоа, фокусот ќе биде ставен на отстранување на проблематични видеа и едукација на креаторите за новите стандарди. Компанијата истакнува дека приоритет ќе бидат видео содржините што ќе се објавуваат во иднина.
Оваа иницијатива е дел од пошироката стратегија на платформата за зајакнување на довербата на публиката и намалување на количеството дезинформации. Како што правилата ќе стапат на сила, останува да се види како заедницата на креатори ќе реагира на овие промени.
Извор: Kurir
Магазин
Вештачката интелигенција ќе преземе 15% од деловните одлуки до 2028 година
Според извештајот на аналитичката компанија Гартнер, до 2028 година, вештачката интелигенција (ВИ) значително ќе го промени начинот на кој се води бизнисот. Овој напредок ќе овозможи агентите на ВИ автономно да анализираат податоци, да креираат приспособени предлози и да реагираат побрзо на деловните предизвици, наведува веб-страницата Helwrld.
Што е агентска вештачка интелигенција?
Агентската вештачка интелигенција претставува форма на ВИ што функционира како независен ентитет способен да согледа околина, да донесува одлуки и да презема активности за постигнување одредени цели. Истражувањата покажуваат дека ваквите агенти ќе имаат потенцијал значително да го променат начинот на кој компаниите управуваат со задачите и донесуваат одлуки.
Клучни предвидувања до 2028 година
- 15% деловни одлуки ќе бидат донесени од ВИ агенти: Компаниите ќе интегрираат вакви агенти за да ја зголемат ефикасноста и точноста на деловните процеси.
- Платформи за управување со ВИ: Алатките за следење транспарентност и усогласеност со етичките упатства ќе помогнат во намалување на ризикот од инциденти за 40%.
- Безбедност од дезинформации: Половина од организациите ќе имплементираат алатки за заштита од дезинформации, обезбедувајќи интегритет на податоците и спречување измами.
- Квантна криптографија: Развојот на квантните компјутери ќе поттикне транзиција кон нови технологии за безбедност на податоците, отпорни на декрипција.
Одржливост и нови трендови
Компаниите сè повеќе ќе се насочуваат кон хибридни и енергетски ефикасни системи за да ја намалат емисијата на јаглерод и да ги оптимизираат ресурсите. Покрај тоа, технологии како полифункционални роботи, невролошки подобрувања и амбиентална невидлива интелигенција ќе станат клучни во дигиталната трансформација на деловниот свет.
Овие трендови го подготвуваат светот за нова ера, каде вештачката интелигенција и дигиталните платформи ќе играат централна улога во обликувањето на иднината на бизнисот.
Извор: Helwrld
Хороскоп
Хороскоп за среда (25 декември)
ОВЕН
Целото ваше внимание е насочено кон некој семеен проблем. Денес ќе се случи конечната кулминација на сето тоа а добрата вест е дека решението е едноставно и поволно за вас. После големите турбуленции ви пристигнува големо олеснување.
БИК
Ве обзема идеа да започнете некоја приватна работа. Затегнатите односи со шефовите и лошата атмосфера во опкружувањето може да издвои екипа на луѓе со кои е возможно остварување на самостоен бизнис. Не заборавајте дека онаму каде што владее интересот, љубовта и сочувството спијат.
БЛИЗНАЦИ
Конечно ги привршувате заостанатите работи со кои сте се мачеле долго време. Конечно се назира епилог на нешто на кое долго сте работетел. После долго чекање ќе ви годи чувството на мала победа па имате право да си дозволите краткотраен одмор.
РАК
Денот ќе го започнете стресно и со големо незадоволство. Доколку не избегнете непотребни трошоци, можете да западнете во голема финансиска криза. Од попладнето можете да рачунате на позитивни вести и интензивна комунилација со странство.
ЛАВ
Свесни сте дека пред вас е напоред период на речиси сите полиња. Полни сте со енергија и волја а вродениот борбен дух и оптимизам ќе ве направи уште посилни. Иако ќе вложите многу труд, на крајот ќе бидете задоволни со постигнатите резултати.
ДЕВИЦА
Брзи сте но и невнимателни. Поради претераното брзање сте приморани да направите селекција што е важно а што не е. Сепак, со оглед на тоа колку сте се залетале, шансите да направите опасна грешка се минимални. Бидете внимателни особено во сообраќајот.
ВАГА
Чувствувате дека сте професионално доста ценети, а денес ви стигнува и мала потврда за тоа. Паралелно со тоа ќе имате позитивен напредок во семејните односи и тоа додатно ќе ве орасположи. Добрата атмосфера создава миг кога ќе сакате да изнесете се што ви лежи на срце.
ШКОРПИЈА
Внимателно испланирајте го денот и ќе имате прилика да изградите нова деловна стратегија која долгорочно ќе ви донесе резултати на кои ќе бидете доста горди. Насочете се кон работата и семејните односи оставете ги настрана.
СТРЕЛЕЦ
Не се обидувајте да ги спроведете своите замисли во дело, сте избрале погрешен ден. Наместо тоа, прочитајте ја омилената книга и посетете кино или театар. Чувајте се од инфекции и овој ден поминете го во изолација од другите луѓе.
ЈАРЕЦ
Полни сте со енергија толку што не знаете што да правите со неа. Кога немате каде да ја трошите почнете да ја пренесувате тензијата на околината. На удар е саканата личност а знаете дека немате причина за тоа. Со своето однесување можете непотребно да ја нарушите стабилноста на врската.
ВОДОЛИЈА
Пронајдете баланс помеѓу деловниот и семејниот живот. Премногу зборувате за она кое треба да биде ваша интима а тоа може да биде сигнал дека ве мачи некаква грижа на совест. Размислете за тоа пред околината да почне да ве избегнува.
РИБИ
Математички сте го израчунале својот љубовен живот па по ваше мислење не постои шанса нештата да бидат онакви какви што сте ги замислиле. Сфаќате дека не е лесно да го предвидите развојот на случувањата особено ако во односите се вклучени и емоции.
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (24 декември)
-
Хороскоп14 часа
Хороскоп за среда (25 декември)
-
Кичево16 часа
Без електрична енергија моментално Кичево, с.Лавчани, Подвис, превој Стража
-
Спорт2 дена
Со одлука на новоизбраниот претседател Омерагиќ, Ѓорѓи Христов назначен за технички директор во Фудбалската федерација на Македонија
-
Автомобили2 дена
(ВИДЕО) Лада Нива „Sport“ крена во производство
-
Македонија2 дена
Забрана за тешки товарни возила Пресека, Кичево-Гостивар, Дебар-Маврово
-
Кичево21 час
„IQ-UP“ Кичево и нивните дечиња во петок организираат хуманитарна новогодишна работилница, сите заедно да допринесеме и да помогнеме каде е најпотребно!
-
Lifestyle23 часа
Температурата на водата и нејзиното влијание врз вкусот на кафето: Што треба да знаете?