Следете не

Литература

НОВО ВО КИЧЕВО: Курсеви по Италијански јазик за деца и возрасни од оваа есен!

Објавено пред

на

Сакате да изучувате јазик кој има лесна граматика и брзо се учи? Јазик кој ќе ви се најде во секојдневието и ќе ви отвори врати кон други јазици? Јазик кој е одличен за можен напредок во кариерата?

Доколку вашиот одговор е „ДА!“, тогаш ајде заедно, да научиме да живеемe „La dolce vita“ и да започнеме да изучуваме еден од најзборуваните јазици во светот: ИТАЛИЈАНСКИОТ.

Курсевите се наменети за сите возрасти. За сите оние кои имаат желба да започнат со изучување на јазикот, за оние кои направиле пауза па сакаат да продолжат, и за оние кои сакаат да го надоградат своето знаење.

Наставата започнува оваа есен и ќе се одвива два пати неделно, а часовите се со времетраење од шеесет минути.

Што добива секој курсист?

Бесплатни книги, дополнителни материјали, книги поврзани со италијанската литература и контакт со италијанската традиција и култура.

Доколку успеавме да ве заинтересираме, за повеќе информации контактирајте не на телефонскиот број 072-321-402, или преку порака на официјалната фејсбук страница Impariamo l’italiano/Учиме италијански.

Литература

Излезе од печат новото литературно дело „Само птиците се враќаат назад“ на Христијан Аџиоски, каде прикажана е историска хроника и голготата на Егејска Македонија

Објавено пред

на

©porta.mk

Излезе од печат и петтата книга на проф. по Македонски јазик, Христијан Аџиоски, под наслов „Само птиците се враќаат назад“ каде прикажана е историска хроника за чемерната голгота на Егејска Македонија и прогонствата на бегалците од дедовата земја. Во ова мало книжевно дело е опишан долгиот пат и страдањата на стотици илјади семејства, кои сурово биле разменувани како што овчарите си го разменуваат добитокот, само затоа што така сакале „големите“, кои секогаш одлучуваат за иднината на малите.

– Ќе ги сретнете родните села на Грците во Кавказ, Кападокија, Измир, Трабзон, кои ја преплавија Македонија населувајќи се во селата на Македонците протерани во Струмица, Петрич, Пловдив, Софија, Бургас. Таму се опишани последните денови на убавиот Кукуш, пред да биде опожарен до темел, опишани се славните битки на партизаните, но и егзодусот на децата бегалци од опустошените големи костурски села.

Исто така таму ќе го сретнете и значењето на стотиците донесени грчки топоними, преку кои грчките бегалци го чуваат споменот за напуштената татковина во Мала Азија – зошто селото Зарово е преименувано во Никополис, а селото Илиџиево во Халкидона? Што е слично во имињата Малгара, Никомидија и Мундања во Турција и Неа Малгара, Неа Никомидија и Неа Мундања во Грција?

Овие страници се само плод на долгогодишно истражување и татковинска опседнатост да се откопаат закопаните вистини.

Зошто ваков ваков обид да се прераскаже болка нанесена поради прогон?
Бидејќи Егејска Македонија не е само морето, плажите, шопингот, гирото и по некое нашинско оро, Егејска Македонија е страдалничка земја која била жртва на најголемата размена на население во XX век. А татковина може да се нарече само земјата која ги чува гробовите обраснати со трње – како сведоштва за корените на илјадници откорнати од родната грутка.
————————————————
Книгата е веќе под сонцето – па нека зрачи како светилник за сите прогонети кои сонуваат да си го пронајдат патот до дома.
————————————————
Нарачка веднаш, засега преку порака на официјалниот фејсбук профил  Христијан Аџиоски, а наскоро информација и во книжарница.

„Птиците“ ќе патуваат по карго низ цела Македонија и секаде каде што ќе бидат побарани, вели Аџиоски за Порта.мк

Во прилог исто така проследете ја репортажата на Сител телевизија за официјалната книга и разговор со авторот кој детално ја опишува работата на ова прекрасно литературно дело:

Прочитај повеќе...

Литература

Вечерва од 19 часот, промоција на книгата „На крајот од патот“ од Марија Никодиноска – Лазареска во ЦК „Кочо Рацин“ – Кичево

Објавено пред

на

За нешто помалку од половина час вечерва, од 19ч во малата сала при Центарот за култура „Кочо Рацин„ – Кичево ќе се одржи промоција на книгата „На крајот на патот“ од Марија Никодиноска
Марија Никодиноска Лазареска има голем број на дипломи и признанија од разни манифестации, курсеви, обуки и сл. Еден од основачите на литературниот клуб Китка. Учествувала на голем број литературни манифестации и конкурси.

Рецензент и промотор била на неколку романи, учествувала во заеднички збирки, алманаси, антологии итн. Исто така има издадено во 2019 година и своја книга која се вика “Огнени воздишки”, а оваа книга “На крајот на патот” е втора книга по ред. И двете книги се напишани со многу љубов, со срце и душа. Опеана е љубовта, животот, среќата и тагата.

Ова е само почеток на нејзиното литературно творештво.

Прочитај повеќе...

Литература

Духовната поезија на кичевчанката Наташа Наумоска – таинствена лествица од земното кон небесното

Објавено пред

на

Денес имавме еден необичен разговор со нашата кичевчанка Наташа Наумоска, еден од основачите, а воедно и член на литературниот клуб „Китка“ од Кичево. Автор на повеќе стихозбирки од кои поголем дел се со духовна содржина, а сите се објавени во електронска верзија на веб просторот „Македоника“. Овојпат топло ги препорачуваме како поткрепа низ духовната пролет на велигденскиот пост до светлото Христово Воскресение како овој разговор така и нејзините стихословија.

1. Како се љуби Бог?
Да претпоставиме дека некој нè навредил, не само еднаш, туку повеќепати. И поради таа навреда ни било тешко, затоа што сме почувствувале неправда; но, сепак сме простиле. Сме се потрудиле да заборавиме. Поради нашиот Спасител, Господа. Поради Неговата заповед да го возљубиме ближниот свој како себеси (Матеј 22,39). Ете, така се љуби Бог.

2. Колку се љуби Бог?
Невозможно е да ги дофатиш облаците, но ги гледаш; и им се радуваш. Невозможно е да го допреш сонцето, но неговата топлина ја чувствуваш. Да помислиш да тргнеш накај нив за да ги дофатиш, ќе ти треба вечноста цела и пак нема да ги стигнеш. Можеби во поим имаат крај, (зашто сè создадено од Бога има крај, само Бог е без почеток и без крај, зашто Он Самиот е Почеток и Крај, Алфа и Омега (Откр. 1,8)), но во суштина се недофатливи и ни изгледаат безгранични. Таков е и Бог – Безграничен. И колку што би било нашето патување до облаците и до сонцето незамисливо, бескрајно… Ете, толку се љуби и Бог. Незамисливо. И бескрајно.

3. Зошто Му се верува на Бога?
Поради љубов. Без интерес, без очекување на возврат за било што. Толку е едноставно! Нам ни е потребен Бог, ние Нему не! Да речеме, некој човек оди во војна; и остава зад себе сè: семејството, домот, имотот. И воопшто не се грижи за ништо. Пак, некој ќе рече: „Треба да е луд, па да не се грижи.“ Да, треба да е луд, но во тоа лудило е најголемата радост. Такви да ги имаше повеќе, камо таа среќа. Малкумина биле јуродиви Христа ради; но вечно им е името на сите. Христос со слава ги овенча; така им возврати за довербата. Зашто Христос никому должен не останува, а ние сме должни. И тие што немаат никаков долг, должни се – на Бога. За животот што го имаат; за воздухот што го дишат. Бедно е нашето благодарење, за изобилните блага што Бог ги истура катаден пред нас, а ние не ги гледаме.

4. Колку треба да Му се верува на Бога?
Како многустрадалниот Јов – безрезервно. До крајот на краиштата. Колку може мајката да ги сака децата свои? И колку детето може да ги сака родителите свои? Но Бог се љуби повеќе. Кога може дури и од ближните да се откаже човек заради Христа, во смисла да ги остави на Неговата милост и на Неговата промисла – тоа се нарекува доверба во Бога и во Неговата промисла. Така се манифестира верата во Троединиот Бог и толку на Бога Му се верува! Исто така, ќе ја искористам оваа прилика и ќе кажам дека ние православните веруваме во Бога Сесвета Троица – Отецот, Синот и Светиот Дух, Троица Единосуштна и Неразделна, Којшто Бог живее во љубовна заедница од вечност. И не е Светото Тројство или Светата Тројца, туку Сесвета Троица.

5. Дали надежта е во Бога?
Самиот Бог е поим за надеж; Он е Надеж. Без Него ниту сонцето дење ќе свети, ниту месечината ноќе ќе изгрева. Да знаеш дека сите услови се против тебе, а ти повторно да опстојуваш, да чувствуваш дека многумина се креваат неправедно против тебе, а ти длабоко во себе не се плашиш зашто не чекаш помош човечка, туку од Господа и продолжуваш понатаму… Тогаш, што е тоа, ако не е надеж во Бога?!?

6. Како Му се благодари на Бога?
Тогаш, кога е лесно, среќни сме, се радуваме; веселие и песна во срцето има. Благодарни сме на Бога – така си мислиме во себе. Но тогаш, кога животот многу препреки и сопки ни става на патот, немоќни сме да ги избегнеме; се сопнуваме, паѓаме, се повредуваме, повторно стануваме и повторно паѓаме и пак стануваме… и така безброј пати. И сето тоа со насмевка на лицето. Така Му се благодари на Бога! Ете, затоа јас со поезија Го прославувам и Му благодарам на Бога за сè.

***
ЗА СВЕТЛОТО БЛАГОДАРЕЊЕ

И ќе се зарадува Господ
за срцето што во благодарие Му извикува:
„Ти благодарам Господи!“;
него достојно ќе го возвеличи.

Ќе погледне Бог на она срце
кое со благодарие воскликнува кон Мајката Бога што Го роди,
за Бога што благодари,
тоа срце без благослов да остане нема!

Ќе ги види Бог оние раце што кон небото се подаваат
за парчето леб да заблагодарат;
Ќе ја види Бог онаа уста што милосрдно благодари
жедна што не е.

Се радува Бог за она срце човечко што Му благодари постојано,
па и за маките што ги трпи,
така Бог ги испитува силниците – оние што ги сака,
така кон Себе ги приближува…

***
За љубовта, онаа вистинската (најдобро е опишана во Првото послание на светиот апостол Павле до Коринтјаните – 1. Кор. 13 гл.), и која не би се нарекувала љубов доколку не е вистинска, но за да ја разликуваме од лицемерната, која сепак, за жал, постои…

ВИСТИНСКАТА ЉУБОВ

Вистинската љубов Го моли Бога за сите, посебно за оној што навистина го љуби;
Вистинската љубов Го моли Бога вр себе да ја земе тагата наближниот свој;
Вистинската љубов ја бара од Бога болката на оној што го сака;
Вистинската љубов не се расфрла со тајните на оној што ѝ ги доверил;
Вистинската љубов трпение има и тогаш кога најмалку може да издржи;
Вистинската љубов не сожалува, таа се восхитува, таа не се превознесува;
Вистинската љубов со збор прегрнува, со молитва милува, гласот не го повишува;
Вистинската љубов така лесно не се разочарува, се бори дури и кога никаква надеж нема, лесно не се откажува;
Вистинската љубов храбро се држи, дури и кога под нозете е разнишано тлото, силата ја црпи одозгора – од Господа;
Вистинската љубов силно верува, верата нејзина дури и неверното срце го пренасочува;
Вистинската љубов многу простува, не гледа лошо во туѓите постапки, дури и кога ги има, таа во себе се труди да ги оправда, во добро се труди да ги претвори;
Вистинската љубов на сè се надева, како мало дете надежно срце има;
Вистинската љубов оди напред во огнот на непријателот, саканите да ги заштити, притоа не мислејќи на себе дали ќе се изгори;
Вистинската љубов дава сè што има за насмевката на љубените свои;
Вистинската љубов наликува на славеј, чија песна ја буди пролетта во срцето на саканите;
Вистинската љубов е извор, од неговата свежина постојано цветаат срцата на оние кои од него пијат;
Вистинската љубов и за најмалиот гест на внимание чувствува благодарие;
Вистинската љубов кога нема со што да возврати за љубовта и добрината, со молитва, со крвта на своето срце, тоа го прави;
Вистинската љубов е како сонце, огрева после секое невреме;
Вистинската љубов често подарува, но самата по себе е најголем подарок;
Вистинската љубов стои во позадина, ги пушта напред нестрпливите, своите површни чувства да ги искажат;
Вистинската љубов не љубомори, таа знае дека секој е посебен и своја вредност има;
Вистинската љубов е самостојна, таа не зависи од љубовта на љубените;
Вистинската љубов е силна, таа на себе е поддршка зашто не се самосожалува;
Вистинската љубов знае нелицемерно да почувствува вина, дури и когаа виновна не е;
Вистинската љубов во пламенот на неправдата се фрла да изгори, да се спасат оние кои ги љуби;
Вистинската љубов не се оправдува, зашто секогаш се преиспитува и секогаш вината во себе ја бара;
Вистинската љубов мисли дека сите други се во право, дека сите се добри; дека се сите подобри од неа;
Вистинската љубов знае дека сè што ќе направи е малку, дека секогаш може повеќе и подобро;
Вистинската љубов простува, дури и кога нема основа за тоа;
Вистинската љубов ја знае силата на насмевката, затоа постојано нежно ја подарува;
Вистинската љубов ја знае силата на убавиот збор, затоа често го кажува;
Вистинската љубов ја знае штетата на лошиот збор, затоа го премолчува;
Вистинската љубов трпение пројавува за сè околу неа што се случува;
Вистинската љубов со своето смирение пример е за тие околу себе;
Вистинската љубов се надева, но не бара, тоа што треба да се случи да ја одмине;
Вистинската љубов ја знае болката на Распетието и доброволно ја трпи;
Вистинската љубов ја претпоставува (чувствува) радоста на Воскресението и со нетрпение го очекува;
Вистинската љубов секој ја има, без разлика дали ја заслужува;
Вистинската љубов е околу секој, поточно во секој, само треба да се побара;
Вистинската љубов вели: „Исус Христос победува!“;
Вистинската љубов е од и во Господа и од Него произлегува и преку Него ни се дарува.
Самиот Он е Љубовта – Вистинската Љубов.

ЗА ЖИВОТОТ  (кој е награда од Бога што треба да ја оправдаме со своето постоење)

Понекогаш, животот е како Саул –
кога лошиот дух ќе го опседне,
напаѓа со стрели отровни, гаѓа кај што ќе стигне…
Го молам Господ со сето срце свое да бидам како пророк Давид –
штом тој по мене со стрели ќе напаѓа,
јас со молитва кон Бога како на харфа да свирам,
та злобниот Саул така да го смирам.
Ќе Го молам Господ мудрост да ми дари,
како Соломон чесно ќе Го замолам,
доброто од злото да ми помогне да ги разликувам,
Он разум и верност да стави во срцето мое.
Како на Мојсеј силна вера до последниот ден.
И кротоста на Авраам во срце да ми ја напише,
а трпеливоста на многустрадалниот Јов
в душа да ми ја насели,
со благодарието на радоста да ме украси,
како свети Јован Дамаскин да ме благослови
додека дишам да Му пеам
благодарствени песнопенија;
додека постојам да Му пишувам
богоугодни стихословија…

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза45 минути

Најавениот влажен продор кој носи снег и дожд пристигнува…

Нов продор на ладен воздух и формирање циклон во областа на северен Јадран. Овој атмосферски систем со низок притисок, циклонска...

Временска прогноза9 часа

Западните и северозападните делови од Македонија утрово под продор на ладен и влажен воздух кој носи снежни врнежи

Нов продор на ладен воздух и формирање циклон во областа на северен Јадран. Овој атмосферски систем со низок притисок, циклонска...

Хороскоп10 часа

Хороскоп за понеделник (23 декември)

ОВЕН Можно е во текот на денешниот ден да успеете да склопите нови деловни контакти кои ќе ви значат многу...

Магазин20 часа

Huawei го симна Apple од тронот на пазарот за носечки уреди

Иако Apple долго време доминираше на пазарот за носечки уреди благодарение на успехот на Apple Watch, новите податоци покажуваат дека...

Магазин20 часа

YouTube почнува борба против мамката за кликнување: Нови мерки за поголема транспарентност

YouTube најави дека ќе започне со отстранување на видеа кои ги оставаат гледачите да се чувствуваат „измамени и фрустрирани“. Платформата...

Магазин20 часа

Сакате да го спречите iPhone-от да ја менува осветленоста автоматски? Еве како

Дали ви пречи кога осветленоста на екранот на вашиот iPhone автоматски се менува? Ова може да биде резултат на автоматските...

Магазин21 час

Живот на Месечината? Јапонија работи на лунарно живеалиште со вештачка гравитација

Јапонскиот универзитет во Кјото и градежната компанија Каџима го започнаа истражувањето за создавање на лунарно живеалиште кое ќе генерира вештачка...

Спорт21 час

Масар Омерагиќ со 62 гласа и нути еден против избран за нов претседател на ФФМ

Во “Хилтон” денес се одржа вонредното собрание на ФФМ, каде единствен кандидат беше г-дин Масар Омерагиќ, со мандат до 2025...

Временска прогноза22 часа

Попоски од вечерва најавува снежни врнежи во нашиот регион, како и на Балканот

Многу длабок циклонски систем кој ќе биде со центар над Средоземјето, и во центарот на овој циклон воздушниот притисок ќе...

Автомобили24 часа

Автомобилскиот бренд Dacia продаде повеќе од пола милион примероци во Европа за 11 месеци од оваа година

За 11 месеци од оваа година Европејците регистрирале 522.013 нови автомобили „Дачиа“, два отсто повеќе отколку во истиот период во...

НАЈЧИТАНИ