Македонија
ЛУКОИЛ додели вредносен ваучер на свој клиент за неговата лојалност кон брендот

ЛУКОИЛ Македонија, на својот 30.000-ти член во програмата „ЛУКОИЛ КЛУБ“ му додели вредносен ваучер во вредност од 30.000 денари, како знак на почит и благодарност за неговата лојалност кон брендот ЛУКОИЛ.
Среќниот добитник е Спасовски Ацо од Пробиштип, кому на бензинската станица “Македонски Фолклор”, во Скопје, му беше врачена наградата. Од ЛУКОИЛ Македонија велат дека на овој начин ја изразуваат благодарноста кон своите верни потрошувачи и воедно ги поттикнуваат и останатите да станат членови на реномираната лојалити програма на компанијата и да добијат можност за безброј придобивки.
– „Навистина сме среќни и горди што програмата ‘ЛУКОИЛ КЛУБ’ наиде на толкав интерес од страна на нашите потрошувачи и за толку краток период успеавме да дојдеме до бројка од 30.000 членови. Верувам дека сите корисници ги гледаат бенефитите од членувањето во програмата и истата ќе претставува поттик и за останатите потрошувачи да станат член на ‘ЛУКОИЛ КЛУБ’. За нас, ова е мотив повеќе да продолжиме да делуваме во насока на континуирано наградување, стимулирање и вреднување на сите наши клиенти. Во оваа прилика би сакал и да му честитам на среќниот добитник, но и да му се заблагодарам за неговата лојалнот кон препознатливиот бренд на ЛУКОИЛ“, изјави г-дин Андреј Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.
– „Морам да кажам дека сум изненаден и не очекував дека токму јас ќе ја имам честа да бидам 30.000-тиот член на “ЛУКОИЛ КЛУБ” кој ќе ја добие оваа награда. Јас сум редовен посетител на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија на кои полнам квалитетно гориво, користам други услуги и купувам од богатиот асортиман на производи на нивните бензински. ЛУКОИЛ Македонија умее да ги вреднува и наградува своите верни потрошувачи. Затоа, од срце им се заблагодарувам и ги повикувам и другите да станат членови во “ЛУКОИЛ КЛУБ” затоа што нуди безброј поволности и секако награди.” изјави добитникот Ацо Спасовски.
Програма за лојалност за физички лица ЛУКОИЛ Македонија ја воведе кон крајот од јули месец минатата година и оттогаш, за помалку од 7 месеци, вкупно 30.000 потрошувачи на ЛУКОИЛ Македонија ја искористиле можноста да се стекнат со поени и со други ексклузивни бенефиции при своето пазарување или полнење гориво на некоја од бензинските станици на ЛУКОИЛ. При членување во програмата, членовите своите собрани поени може да ги претворат во гориво, да купуваат од маркетите на ЛУКОИЛ, но и да ги искористат многубројните акциски поволности.
Сите официјални информации поврзани со правилата и со програмата може да се најдат на интернет-страницата ТУКА, каде членовите истовремено може да се регистрираат, да вршат проверка на состојбата на поените, да добиваат информации за тековни промоции, како и други информации од Програмата.
Македонија
Од ноќеска значителен пад на цената на бензинот и дизелот

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.04.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ден/лит, малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 66,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена на нафтениот дериват утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.04.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,00 ден/лит, известува РКЕ.
Македонија
Мало намалување на цената на нафтените деривати од ноќеска

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.04.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит, малопродажната цена на малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 68,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 68,50 ден/лит.
Македонија
Воведена забрана за тешки товарни возила за Стража, Маврово-Дебар

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила од 15.25 часот се воведени на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, на патниот правец крак Маврово – Дебар и од 16.20 часот на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот превој Ѓавато.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502.
Извор: ЈП Македонија Пат
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (9 април)
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за четврток (10 април)
-
Кичево1 ден
Се спрема најрадосната Лазарева Сабота во Кичево, утре е Втората проба за манифестацијата
-
Свет1 ден
Се родија Ромул и Рем: За прв пат оживеа изумрен вид
-
Македонија1 ден
Од ноќеска значителен пад на цената на бензинот и дизелот
-
Lifestyle1 ден
Домашен сок од цвекло: Го чисти црниот дроб и го намалува притисокот
-
Lifestyle1 ден
Оваа едноставна промена во исхраната може да го заштити вашето срце ако работите во смени
-
Магазин1 ден
WhatsApp веќе не работи на овие постари телефони