Следете не

Македонија

Честит 8-ми септември, 28 години самостојна, суверена, една Македонија! 🇲🇰

Објавено пред

на

Република Македонија денеска го одбележува 28 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. 

Празникот ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Македонија и македонскиот народ.

Референдумот во Македонија се одржал во предвечерјето на распадот на СФРЈ на 8 септември 1991 г.
На 8 септември 1991 година убедливо мнозинство – 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумско прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.626 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85 отсто, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,09 отсто (односно 72,16 % од вкупниот број на граѓани со право на глас). Резултатите само по себе говорат за успешноста на Референдумот.

Во официјалниот извештај на Комисијата за спроведување на Референдумот се вели дека за начинот на кој беше спроведен не беа поднесени приговори или жалби поради неправилности или повреди на одредбите на Законот за републички Референдум. Комисијата ја констатирала масовноста на граѓаните со право на глас во Македонија кои се изјасниле “за” самостојна и суверена Македонија.

Македонците самите резултати ги прифатиле со голем оптимизам и еуфорија.

Еве едно ретро видео од прославата по повод 8-ми септември некогаш!

Македонија

(ФОТО) СВР Охрид реализираше едукативно-превентивна кампања „Не пиј кога возиш“, додека ОВР Кичево ја спроведе „Паркирај совесно, паркирај одговорно” за сите учесниците во сообраќајот

Објавено пред

на

ФОТО: Министерство за внатрешни работи

Изминатиов викенд, Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид, ја реализираше едукативно-превентивната кампања – „Не пиј кога возиш“. Целта на кампањата е насочена кон подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност и будност кај сите учесници во сообраќајот а пред се кај возачите на моторни и други возила што треба да придонесе за повисока безбедност во сообраќајот.

Притоа, полициските службеници од Отсекот за превенција, во соработка со полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид и со Републичкиот совет за безбедност на сообраќај на патиштата, на повеќе пунктови во градот и во приградските населби, на возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот, низ непосредна комуникација им укажуваа на доследно придржување кон правилата и прописите во сообраќајот, почитување на поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација, исклучиво придржување кон дозволената брзина на движење со моторни возила и некористење мобилни телефони во текот на возењето.

Посебно беше посочено дека, управување моторно возило под дејство на алкохол нема да биде толерирано и дека законските санкции, во такви случаи, ќе бидат доследно и неселективно применувани. На возачите на моторни возила, им беа поделени летоци и друг едукативен материјал со низа практични совети кои водат кон јакнење на личната, но и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Истовремено и полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при ОВР Кичево, на подрачје на Кичево ја спроведоа едукативно-превентивната кампања „Паркирај совесно, паркирај одговорно”. Полициските службеници во непосредните контакти со возачите на моторни возила како учесници во сообраќајот, укажуваа на потребата и законската обврска за одговорно придржување до законските одредби за безбедност во сообраќајот. Воедно, на возачите им беа делени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП, известува Министерството за внатрешни работи.

Прочитај повеќе...

Македонија

Од ноќеска цената на дизел и бензин горивата се намалува

Објавено пред

на

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2025 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,00 ден/лит, известува РКЕ.

Прочитај повеќе...

Македонија

(ВИДЕО) МВР: Сузбиена меѓународна криминална група инволвирана во фалсификување пари

Објавено пред

на

На 02.01.2025 реализирана е меѓународна истрага координирана од страна на ЕУРОПОЛ, македонската и српската полиција, а под раководство на надлежните јавни обвинителства, при што сузбиена е организирана криминална група инволвирана во извршување на кривично дело фалсификување пари, која делувала на териториите на повеќе држави.

Во периодот од крајот на 2023 година до февруари 2025 година на територијата на Република Македонија и на Република Србија формирана е организирана криминална група, составена од македонски и српски државјани, која имала за цел изработка и пуштање во оптек на фалсификувани пари. Во стан на подрачје на Скопје, по претходно направени специјални машини со гравирани плочи кои имитирале сигурносни знаци на пари, биле изработувани лажни пари во различни апоени. Вака изработените лажни пари организираната криминална група ги пуштала во оптек во платниот промет на Република Македонија и Република Србија, а голем дел од нив завршувале и во платниот промет на Австрија, Германија, Романија, Словенија, Хрватска и Косово.

Во рамки на акцијата на територија на Република Македонија, врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен кривичен суд, извршени се претреси на повеќе локации на подрачје на Скопје, Велес и Прилеп кај правни и физички лица, при што лишени од слобода се 10 лица (девет лица од Скопје и едно лице од Велес). При извршените претреси пронајдени и одземени се предмети и парични средства кои ќе бидат предмет на вештачење и тоа: околу 500.000 евра, 25.000 американски долари, 500 швајцарски франци, 1.800 израелски шекели, 500 хрватски куни, 10.000 албански леки, 1.000 шведски круни и 25.000 рубљи, CNC машина за изработка на калапи, калапи, жигови и валјаци со кои се изработувале фалсификуваните пари, копии од делови од банкноти, три пиштоли, една пушка, 100 парчиња куршуми калибар 9 мм, 40 патрони калибар 12 мм, кесе исполнето со бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, повеќе телефонски апарати, СИМ картички, УСБ и лаптопи.

Во рамки на акцијата спроведена во Република Србија лишени од слобода се шест лица, членови на организираната криминална група, при што пронајдени и одземени се околу 153.700 евра.

Активностите ќе продолжат и понатаму во рамки на отворената меѓународна истрага и во текот на денешниот ден од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ќе биде поднесена кривична пријава против шест македонски и двајца српски државјани.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза48 минути

Следи целосно разведрување, но ќе биде многу ладно – ова се сите актуелни метео информации

Денес (19.2.2025 среда) од пладневните  и попладневните часови во нашата Република Македонија ќе настапи целосно разведрување на времето, а ќе...

Хороскоп6 часа

Хороскоп за среда (19 февруари)

Овен Ако очекувате прилив на пари, можете да се надевате на успех. Ви доаѓа можност на личноста која ви се...

Автомобили8 часа

Дали автомобилскиот бренд „Fiat“ на голема врата го враќа моделот „Punto“ ?

Моделот на Фиат – „Punto“е отсутен од поставата веќе од 2018 година, но изјавите на шефот на компанијата сепак оставаат...

Спорт13 часа

Судијата погрешил за поновениот пенал на мечот Вардар – Шкендија, одлучи ФФМ судиската организација и комисија

Судиската организација и комисија на Фудбалската федерација на Македонија излезе со соопштение по добиениот писмен допис од страна на ФК...

Lifestyle18 часа

Пет намирници кои не треба да се консумираат на празен стомак

Почетокот на денот има големо влијание врз нашето тело и расположение, а често несвесно носиме одлуки кои можат негативно да...

Магазин18 часа

Илон Маск го претстави Grok 3 – најмоќниот модел на вештачка интелигенција досега

Илон Маск и неговата компанија xAI го претставија Grok 3, нов напреден модел со вештачка интелигенција. Овој модел нуди значителен...

Кичево19 часа

Управните служби во Кичево и останатите добиваат ново работно време

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека започнувајќи од денеска (18.02.) Отсеците за управни работи при Одделот за граѓански...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за вторник (18 февруари)

Овен Не сте многу посветени и само онака ги завршувате работите. Колегите и надредените можат да ви замерат поради тоа....

Спорт1 ден

Женската репрезентација на Македонија в петок ја дочекува селекцијата на Косово во Лигата на Нации, Андонова поради повреда без ангажман на овој меч

Македонската женска „А“ репрезентација на Македонија на 21-ти февруари на домашен терен, со почеток од 14:00 часот ја дочекува селекцијата...

Спорт2 дена

Омерагиќ: „Очекувам секогаш да судите со праведност и непристрасност“. Кичевските професионални судии со поддршка за Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ

Во рамки на денешниот ден, професионалните судии кои се дел од Општинскиот фудбалски сојуз Кичево имаа работна средба во „Куќа...

НАЈЧИТАНИ