Спорт
Македонија на тронот во групата Ц: Падна и Црна Гора во Загреб
Македонската репрезентација ја запиша и втората победа на ЕП во Хрватска.
Екипата предводена од Раул Гонзалес по триумфот над Црна Гора од 28:29 ги запиша вторите два бода и сега се наоѓа на лидерската позиција во групата.
Македонија и Црна Гора имаа драматичен меч, кој се кршеше резултатски во самиот финиш. Првото полувреме донесе возбудувања, по мини позитива на обете страни за 16:15 во корист на Црна Гора на полувремето.
Во вториот дел Македонија дојде до пресврт, па создаде во еден момент и највисоки 4 гола позитива. Избраниците на Ѓукиќ се враќаа постојано, па во самиот финиш разликата се движеше од еден до два гола разлика. Сепак на крајот, 28:29 за нашата селекција, со што е обезбеден пласманот во следната фаза во Вараждин.
фото: Филип Вирановски
/sportski.mk
Спорт
„Да се потпреме на сите расположливи сили за македонската репрезентација“, новото раководство на ФФМ оствари работен состанок со Благоја Милевски
Новоизбраниот претседател на ФФМ, г-дин Масар Омерагиќ, во придружба со еден од најдобрите наши фудбалски арбитри, спортскиот директор на Националните селекции г-дин Горан Пандев одржаа состанок со првиот човек на фудбалската „А“ репрезентација на Македонија, Благоја Милевски.
– Претседателот на федерацијата ја повтори искажаната поддршка за работата на А македонската репрезентација. Со Горан се согласивме дека репрезентацијата секогаш треба да биде над сите нас. Тоа е национален интерес и секогаш ќе биде во прв план. Сите треба да се ставиме во функција на тоа и на Македонија. Се надевам дека ќе имаме добра соработка во интерес на тимот, но и на сите кои ја поддржуваат македонската репрезентација,изјави селекторот на А репрезентацијата – истакна Милевски
– Заедно со претседателот Омерагиќ ни беше важно да разговараме отворено со селекторот за сите теми и му благодарам што го сфати она што го сметаме за правилно, а тоа е дека како мала држава мораме да се потпреме на сите расположливи сили и фудбалерите кои имаат квалитет мора да помогнат и со настапи во репрезентацијата. Секако, доколку тоа го заслужуваат. Верувам дека ги решивме сите такви прашања и се радувам на новите предизвици“, заврши Пандев.
Извор: ФФМ
Спорт
Со одлука на новоизбраниот претседател Омерагиќ, Ѓорѓи Христов назначен за технички директор во Фудбалската федерација на Македонија
Ѓорги Христов, поранешниот македонски репрезентативец со одлука на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ е именуван за нов технички директор во ФФМ.
Еден од легендарните македонски фудбалери и поранешен напаѓач на битолски Пелистер, Партизан (Србија), Барнсли (Англија), Данфермлајн (Шкотска), Ден Бош (Холандија)…ќе биде задолжен за работата и развојот на младинските национални селекции и фудбалската акедемија во рамки на федерацијата. Ѓорѓи Христов е носител на тренерска ПРО лиценца и долги години е вклучен во работата на клупскиот фудбал во Македонија.
– „Функцијата технички директор во ФФМ за мене претставува чест, но истовремено и голема обврска. Иднината на македонскиот фудбал е во младите, а тоа треба да го сфатиме во права смисла на зборот.
Знаеме на каков начин во изминатиот период беа третирани младинските селекции, а посебно академијата. Нашата намера е да го смениме тоа, фокусот да биде во младите. Во програмата на новиот претседател на ФФМ, младинските селекции се еден од топ приоритетите. Заеднички ќе се обидеме да го реализираме тоа. Во разговор со Омерагиќ и Пандев заклучивме дека има голема „дупка“ од таа славна генерација која се пласираше на младинското Европско првенство и мора да се обидеме да го промениме тоа.
Едукацијата на тренерскиот кадар и логистиката околу младинските селекции ќе трпи големи промени, а тоа ќе ни донесе резутат во иднина. Во тоа сум сигурен”, во завршница истакна Христов за јавноста преку Фудбалската федерација на Македонија.
Извор: ФФМ
Спорт
Масар Омерагиќ со 62 гласа и нути еден против избран за нов претседател на ФФМ
Во “Хилтон” денес се одржа вонредното собрание на ФФМ, каде единствен кандидат беше г-дин Масар Омерагиќ, со мандат до 2025 година, кога ќе се одржи Редовно годишно собрание.
– Врвните фудбалски имиња ќе бидат повторно дел, систем за подобрување на младинските категории, женскиот фудбал. Ветувам чесност, транспарентност, максимална, ќе се заложам за фудбал, за јавноста истакна Омерагиќ.
Од тука, нашиот медиум упатува срдечни честитки, за поголеми успеси и плодна работа!
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (25 декември)
-
Хороскоп15 часа
Хороскоп за четврток (26 декември)
-
Временска прогноза23 часа
Најава за нова снежна покривка, до денес во Маврово имаме најмногу снег
-
Кичево2 дена
Без електрична енергија моментално Кичево, с.Лавчани, Подвис, превој Стража
-
Временска прогноза7 часа
Според најновите метео алатки, се очекува доста поладна зима во јануари и февруари
-
Кичево2 дена
„IQ-UP“ Кичево и нивните дечиња во петок организираат хуманитарна новогодишна работилница, сите заедно да допринесеме и да помогнеме каде е најпотребно!
-
Македонија2 дена
(ФОТО) Нови моторни возила за дел од едниците на полицијата
-
Мобилни уреди16 часа
iPhone 18 Pro би требало да добие камера со променлива решетка, а неговата промоција се очекува кон септември 2026 година?