Временска прогноза
Македонија во жолта алертна фаза, ова се препораките од Министерство за здравство

Целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, соопшти Министерството за здравство
Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето. Во текот на екстремно топлите денови треба да се престојува повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка, да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на Сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор, да се внесува помало количество храна, главно овошје и зеленчук, а помалку масна храна, да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци, а при влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.
На хронично болните лица им се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.
Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката, а ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на + 4 степени Целзиусови и пред употребата таа да се загрее на + 100 степени. Се препорачува да се избегнуваат производи кои термички не се обработени, како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови.
Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата и по потреба ќе предлага мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури, стои во соопштението.
Временска прогноза
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија ќе попушти и температурите ќе бидат повисоки, како наутро, така и преку ден, но не се работи за некое многу големо затоплување. Исто така, во текот на следната седмица ќе имаме и значително повеќе облачност и претежно тивко време и без некој изразен ветер.
По котлините пак за време на овој период, ќе се создаваат услови за појава на магла и на ниска облачност, која ќе биде најизразена во ноќните и во утринските часови. Но мора да напоменам дека, повремено во овој период ќе има и слаби локални врнежи, кои на ниските места ќе бидат од дожд, а на повисоко, како и на планинските места, секако, и на Скијачките центри ќе има слаби врнежи од снег.
Повремено, снежната граница би можела да се спушти и во дел од градовите, па не се исклучува можноста и во градовите повремено да има појава на слаби врнежи од дожд и од снег, или влажен снег.
И во Скопскиот регион не очекува слично време како и во останатите предели од државава.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интевалот од -4 до 3 степени, додека преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот претежно од 3 до 13 степени. Во Скопје пак максимумот на температурата во текот на следната седмица ќе се искачува до околу, а према средината и во вториот дел од истата таа ќе надминува 10 степени. Наутро пак таа ќе се спушта до околу, повремено и за некој степен под нулата, а од средината на следната седмица таа и наутро ќе биде претежно над нулата, информира Славчо Попоски.
Временска прогноза
Следи целосно разведрување, но ќе биде многу ладно – ова се сите актуелни метео информации

Денес (19.2.2025 среда) од пладневните и попладневните часови во нашата Република Македонија ќе настапи целосно разведрување на времето, а ќе продолжи да дува повремено засилен ветер од северен правец, особено Во Повардарието и со брзина локално и повремено од над 60 км/час.
Температурите преку денов на многу места ќе се искачат само за неколку степени над нулата, а само во југоисточните предели тие ќе надминат за некој степен над 5 степени. Сепак, да напоменам дека понекаде, особено на повисоките населени места, планините, секако и Скијачките центри температурите и преку денов ќе бидат негативни, односно под нулата.
И во Скопје во текот на денов ќе настапи целосно расведрување на времето, проследено со повремено засилен ветер од северен правец.
Од крајот на денов и во вечерните часови, кон утрешниот ден (четврток 20 февруари) температурите ќе бидат уште пониски од сега, што значи ќе имаме исклучително ладно време со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до близу -10 степени, локално и под -10 степени, а во Беровскиот регион, повисоките населени места, планините, и секако Скијачките центри температурите ќе се спуштат до близу -15 степени, а не се исклучува можноста тие да се спуштат и под -15 степени, рано утрово информираше Славчо Попоски
Временска прогноза
Од среда драстично заладување на времето, ова се најновите метео вести

Под влијание на нов поларен, но сув воздух, од среда 19 февруари, па во деновите потоа ќе имаме разведрување на времето, како и исклучително ниски температури на воздухот, особено наутро кога тие насекаде ќе се спуштаат под нулата, а на повеќе места тие ќе се спуштаат до близу, па и под -10 степени, додека во Беровскиот регион, на повисоките населени места, планините, како и на Скијачките центри, тие ќе се спуштат до, па и под -15 степени.
Преку денот пак исто така ќе биде ладно, кога температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7/8 степени во југоисточните предели од нашата Република Македонија.
Што се однесува до Скопскиот регион, со овој поларен бран, наутро температурите ќе се спуштаат до околу -7/-8 степени, а преку ден тие ќе се искачуваат до околу 5/6 степени.
Токму поради овој продор на поларниот воздух кај нас, насекаде ќе имаме појава на силен мраз, особено во ноќните и во утринските часови, утрово истакна Славчо Попоски
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза6 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп48 минути
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија9 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди6 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили1 ден
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин1 ден
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети