Култура
Марко Трпчевски ја препеа песната на сите македонци. Која е код, кој сме и од каде сме!
Младиот и талентиран Марко Трпчевски, кој веќе неколку години ги собира импресиите од публиката во Македонија. Позитивно ја изненади публиката и овој пат, со преработка на, прекрасната македонска песна “Внуци на Гоцета”. Пред Марко, очигледно стои прекрасна кариера, а ние како тим на порталот “Порта.мк”, му посакуваме безброј други новосоздадени нумери и преработки. Секоја чест да ја продолжи да ја негува македонската песна.
Марко Трпчевски има зад него и други авторски песни, како и преработка на прекрасни македонски народни песни. Во повеќе настапи, настапува заедно со неговиот бенд “Плетенка”, но и како солист со други групи на различни веселби, каде добива само позитивни коментари. Уште еднаш му посакуваме среќа во понатамошната работа и творењена македонска народна музика.
Култура
БОГ СЕ ЈАВИ, НАВИСТИНА СЕ ЈАВИ! – За многу години!
Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан.
Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на Божествената Троица.
Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата.
И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Тоа е Спасителот и тоа е патот на спасението.
Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување. Зашто настанот на Јордан просветлува, прво: покажувајќи ни го Бога како Троица еднобитна и неразделна. И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.
Култура
Денес е „Водопост“ или „Водокрст“ денот пред „Богојавление“, овие работи треба да ги знаеме
Празникот Водици го менува денот, но датумот не. Се празнува на 19 јануари. Меѓутоа обичаите сврзани со празнувањето на овој Свет ден се врзани за три дена: 18 јануари – Водокрст или Водопост, 19 јануари – Богојавление (Водици) и 20 јануари – Собор на Свети Јован Крстител.
Постојат многу обичаи кои се почитуваат за Водопост, но она што е потребно е да се молиме на Бога и да го поминеме денот во пост. Денот пред Богојавление, верниците одат во црква, палат свеќа, се крстат и ја читаат „Оче наш“. Постот е задолжителен и ригорозен. Кој може, овој ден треба да пости само со леб и вода!
Во православните храмови на Водопост се крсти вода, но и на Богојавление. Оваа света вода се пие само со почит и молитва. Се дава на деца со вера дека ќе ги излечи и заштити.
На овој ден, со молитва во срцето, мајките ќе направат знак на крст со масло на челото на детенцето, а крстената вода ќе ја чуваат во домот и ќе ги мијат децата преку целата година – ако е потребно.
Од Божиќ до Богојавление, наместо со „Добар ден“, соседите се поздравуваат со „Христос се роди“, а на Богојавление или Водици со „Бог се јави“.
За луѓето што се родени на овој ден се верува дека на нивните слаби рамења ја носат сенката на Светиот Крст и затоа се посебно одговорни за своите постапки пред Бога.
Водопост е ден кога треба да се опуштите и да се подготвите за Водици. Време е да престанете да обрнувате внимание на лоши мисли и гласини.
Култура
Православните Христијани ја дочекуваат Стара Нова година – „Василица“, вечерва се палат традиционални огнови, а утре се крши пита со паричка, на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.
Православните Христијани, чии цркви го користат Јулијанскиот календар вечерва ја пречекаа Православната нова година, која почнува практично од денес, додека утре е Василица. Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.
Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.
На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и пита со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.
Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.
Краток прилог од колегите од Телевизија „Стар“ и појаснување зошто се крши паричката на овој ден од, Протојереј Добрица Јанев:
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за среда (22 јануари)
-
Кичево2 дена
Дистрибутерот на „Жито Лукс“ распишува оглас за работници за реон на Кичево, отворени работни позиции во следните категории
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за вторник (21 јануари)
-
Временска прогноза12 часа
Котлините под густа магла и многу ладно време, на другите места значително потопло
-
Спорт7 часа
(ВИДЕО) ФФМ истакна видео од затекнатата состојба на Академијата, секој талент заслужува подобри услови за фудбал
-
Автомобили6 часа
Најпродаваниот нов автомобил во Европа станува електричен
-
Гејминг2 дена
„Activision“ истакна загриженост поради големиот број „измамници“ односно корисници кои користат помагала
-
Магазин2 дена
Метју Бол: Можеби новата „GTA 6“ ќе има зголемена цена за разлика од досегашните игри на издавачот