Следете не

Lifestyle

Метеоролог кој 26 години никогаш не промашил: „Оваа зима која ни претстои ќе биде многу…“

Објавено пред

на

Од година во година се бележат климатски екстреми на глобално ниво, ни минатата зима ќе остане посебно запаметена по ниските температури и снегот на кој како малку да подзаборавивме.

Водени од тоа искуство, многумина ја исчекуваат прогнозата за оваа зима. Според официјалниот став на метеорололозите, долгорочна временска прогноза без отстапувања е невозможно да се изготви, бидејќи условите во кои се творат климатолошките законитости се менуваат од момент во момент.

Меѓутоа, постои еден пензиниоран професор по спорт од Србија, на кој долгорочната временска прогноза му оди од рака без грешки, од година во година.

Почнувајќи од конвенционалната метеоролошка апаратура, Мухамед Адемовиќ од Тутин ги следи природните законитости и движења во растителниот и животинскиот свет.

Потребно е многу време и љубов за да се научи овој посебен јазик на природата – вели тој. Мухамед во својот град, но и во поголемиот дел од Србија е познат како своевидна ренесансна личност.

Како вљубеник во фотографијата и електротехниката, Адемовиќ својата прва етапа од формалното образование ја завршил како наставник по физика и хемија. Кога собрал доволна сума пари за да го продолжи своето образование, тој се запишал на Факултетот за спорт и физичко воспитување во Белград. За време на студирањето се обучувал за метеоролог и истовремено започнал со изучување на ботаника.

Со дипломата од ДИФ, дома понесов уште еден куп формално и неформално образование. Школувањето го финансирав работејќи како спасител и сервисер на електрични апарати, а слободното време го трошев во изучување на науките кои ме интересираа.

Никогаш не можев да се ограничам на едно мислење и поле на дејствување. Таквиот став ме доведе овде каде што сум денес – наведува Адемовиќ.

Како школуван метеоролог, Адемовиќ во 1970-тите бил задолжен од локалната метеоролошка станица секојдневно да ги очитува метеоролошките параметри и да ги доставува до Хидрометеоролошкиот завод на Србија.

Секој ден вршам мерења на температурата, влажност на воздухот, воздушниот притисок, односно количина на врнежи, ги евидентирам и ги испраќам до Заводот – наведува тој.

Но, има нешто што скалата на термометарот и барометарот не го гледаат. Минатата година уште есента знаев дека зимата ќе биде долга и ладна. Тоа јасно можеше да се види во шумата, каде ниските растенија уште во октомври беа прекриени со мов, а инсектите кои во текот на зимата престојуваат под кората на дрвјата, го променија своето живеалиште.

Кога во својата викендица затекнав илјада бумбари, сфатив каков екстрем нè очекува – раскажува метеорологот од Тутин.

Природонаучниот пристап во метеорологијата не е ништо ново и необично, а ова го потврдува и стручниот соработник за климатологија на Федералниот хидрометеоролошки завод во Сараево, Бакир Крајиновиќ.

Првенствено научниот пристап и методологијата на работата е токму посматрањето на растителниот и животинскиот свет, како и толкувањето на нивниот јазик. Животните се значително почувствителни на метеоролошките промини за разлика од луѓето, па нивното однесување, заедно со промените во природата, го наговестуваат движењето на временските прилики – објаснува климатологот од Сараево.

Есента е најдобриот природен показател за климатолошките прилики во текот на целата година. Според тврдењата на Адемовиќ, есента многу говори за тоа каква ќе биде зимата, додека природата на зимата открива какви движења би можело да се случат в текот на пролетта, односно летото.

ДАЛИ НЕ ЧЕКА БЛАГА ЗИМА?

Токму богато искуство во мултидисциплинарниот пристап му овозможиле на Адемовиќ да процени и адекватно да ги прочита природните знаци. Тој не смета дека внесува иновација во метеорологијата, туку дека само го користи сопственото чувство и љубов кон природата, за да ги дополни празнините кои класичната метеорологија не ги пополнува.

Се очекува дека претстојната зима ќе биде блага, со умерени врнежи. “Првиот снег го имавме на почетокот од октомври, ги скрши слабите дрвца, на кои сè уште имаше листови, па така оваа појава можеме да ја протолкуваме како природна селекција. Кога рано започнуваат врнежите, тоа значи дека ќе бидат чести, но рамномерно распоредени. Значи, во серија на екстреми, оваа година малку ќе одмораме” – заклучува народниот метеоролог Мухамед Адемовиќ од Тутин.

Lifestyle

Како да го искористите празното шише за детергент за чистење?

Објавено пред

на

Пред да фрлите нешто, размислете дали може повторно да се употреби. Овој совет важи за сè – од стари тегли и капаци до празни шишиња со детергент или кечап. Една штедлива домаќинка сподели трик кој ќе ви заштеди пари и ќе го олесни чистењето на домот.

Зошто никогаш не треба да ги фрлате празните шишиња со детергент?

Сигурно сте забележале дека дури и кога мислите дека сте го потрошиле целиот детергент, секогаш останува малку на ѕидовите и на дното на шишето. Наместо да го фрлите, пробајте го овој едноставен трик:

  • Истурете топла вода и малку оцет во шишето.
  • Протресете нежно – ќе добиете моќно средство за чистење кое ги раствора маснотиите и нечистотијата!

Можете да го користите ова решение за да ги избришете мијалниците, работните површини и тврдоглавите дамки на шпоретот.

Уште поефикасно чистење – додадете ги овие состојки!

Доколку сакате уште посилен ефект, можете да додадете:

  • Сода бикарбона – за отстранување на тврдоглави дамки.
  • Сок од лимон – за освежувачки мирис и посилен анти-калк ефект.
  • Водород – за дезинфекција на површини.
  • Етерични масла (лаванда, лимон) – за пријатен и свеж мирис во кујната.

Освен што заштедува пари, овој трик е и неверојатно практичен! Шишето со детергент е лесно за користење и можете да го носите низ кујната – од мијалникот до шпоретот. Благодарение на тесниот отвор, можете лесно да го нанесете производот токму онаму каде што е потребно, без излевање и неред.

Следниот пат кога вашето шише со детергент ќе биде при крај, не брзајте да го фрлите! Со малку креативност, можете да го претворите во корисен производ за чистење кој ќе му помогне на вашиот дом да блесне и да го задржи вашиот буџет недопрен!

Извор: Alo

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Храна која е ултра-обработена, но не е лоша за вашето здравје

Објавено пред

на

Исхраната богата со ултра-обработена храна и нејзините ризици

Многу студии ја поврзаа исхраната богата со ултра-обработена храна со зголемен ризик од хронични здравствени проблеми, како што се срцеви заболувања, дебелина и рак.

Но, не се сите ултра-обработени производи штетни.

Ултра-обработената храна е широка категорија, а експертите сметаат дека постои потреба за дополнително истражување на овие производи. Некои од нив не се толку штетни како што се претпоставува. На пример, студија од 2024 година, објавена во The Lancet Regional Health – Americas, покажала дека некои ултра-обработени производи, како леб, ладни житарки, јогурт, млечни десерти и солени грицки, не се поврзани со истите ризици за здравјето на срцето како што се зашеќерените пијалоци и преработеното месо.

Како ја објаснува оваа ситуација Бони Тауб-Дикс

Овие наоди укажуваат на важноста од разгледување на ултра-обработените производи од различни аспекти, вели Бони Тауб-Дикс, водителка на подкастот за медиуми, креатор на веб-страницата BetterThanDieting.com и авторка на книгата „Прочитај го пред да го јадеш: од етикетата до масата“.

„Не треба сите ултра-обработени производи да се осудуваат“, додава Тауб-Дикс за Health, нагласувајќи дека „некои од овие производи можат да бидат корисни и практични, обезбедувајќи лесен начин да се задоволат диететските потреби“.

Недостаток на јасност во дефиницијата

Таа исто така посочува дека неодреденоста во дефинирањето на тоа што всушност претставува ултра-обработена храна придонесува за конфузија околу кои производи треба да се избегнуваат. Додека термините „нездрава храна“ и „ултра-обработена храна“ се користат во сличен контекст, „ултра-обработена“ опфаќа многу поширока категорија.

Како дефинираат ултра-обработените производи?

Иако постојат разлики во дефинициите, Тауб-Дикс ги објаснува ултра-обработените производи како „намирници кои се значително изменети при производството и кои содржат додадени шеќери, нездрави масти, натриум и вештачки состојки“.

Еве пет намирници кои се технички ултра-обработени, но не се толку лоши за вас како другите:

1. Леб од цело зрно

„Освен ако не станете наутро и не џвакате стебленце пченица, лебот што го јадете (дури и ако е од цело зрно, органски и ‘природен’) е високо обработен“, рече Тауб-Дикс.

Сепак, преработката не ги намалува здравствените придобивки од цели зрна. Американското здружение за исхрана известува дека пченичното брашно од цело зрно задржува многу повеќе хранлива вредност за време на мелењето и печењето отколку рафинираното брашно и лебот. Лебот од цело зрно обезбедува влакна, витамини од групата Б и есенцијални хранливи материи кои можат да помогнат во поддршката на варењето и да го намалат ризикот од срцеви заболувања.

Совет: Побарајте цело зрно пченица, овес или јачмен како прва состојка и проверете кратка листа на состојки.

2. Преработено месо

Преработеното месо кое се храни со трева е подобар избор од месото кое се храни со жито. Студија од 2022 година покажала дека говедското месо одгледувано на пасишта има многу поголема содржина на омега-3 масни киселини и алфа-линоленска киселина, што го прави поздраво за срцето.

Совет: Изберете месо хрането со трева за подобра хранлива вредност.

3. Хумус

Хумусот понекогаш може да содржи многу адитиви кои го прават ултра-обработен (додадени конзерванси, ароми и натриум). Сепак, едноставниот хумус базиран на наут често содржи само неколку состојки и обезбедува влакна и малку протеини.

Совет: Изберете хумус со маслиново масло или високоолеинско сончогледово масло за додадена корист за здравјето.

4. Јогурт

Јогуртот доаѓа во широк спектар на опции, од обични незасладени сорти до оние со додадени сладости.

„Јогуртот е преработена храна, а некои јогурти кои се богати со шеќер се како бонбони во кутија“, вели Тауб-Дикс.

Меѓутоа, дури и засладениот јогурт е одличен извор на пробиотици, калциум и протеини, и е поврзан со здравствени придобивки како што се намален ризик од дијабетес тип 2.

Совет: Изберете минимално обработен, обичен јогурт и додадете овошје или мед за природен вкус.

5. Конзервирани мешунки

Конзервираните мешунки понекогаш се сметаат за ултра-обработена храна, но се меѓу најздравите намирници. Тие содржат растителни протеини, влакна и есенцијални хранливи материи.

Совет: Изберете конзервирани мешунки со ниска содржина на натриум и плакнете ги за да ја намалите содржината на сол.

Извор: N1Info

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Научници открија метод за совршено варени јајца

Објавено пред

на

Ако мислите дека сте ја усовршиле техниката на варење јајца, можеби сè уште не сте го подготвиле „совршеното“ варено јајце.

Варењето јајца е предизвик затоа што белката и жолчката имаат различен состав и бараат различни температури за да се постигне идеална текстура и вкус. Но, научниците сега тврдат дека го откриле совршениот метод – техника наречена периодично готвење.

Овој метод вклучува наизменично потопување на јајцата во топла и млака вода, што овозможува оптимално готвење на белката и жолчката без нивно раздвојување, според студијата објавена на 6 февруари во списанието Communications Engineering.

Најголемата предност на овој метод е што го зачувува најголемото количество хранливи материи, во споредба со традиционалните методи како што се тврдо варење или sous vide (готвење во вакуум).

Како се подготвува совршено варено јајце?

Водечкиот автор на студијата, д-р Ернесто Ди Мајо од Универзитетот во Неапол Федерико II, вели дека експериментот не бил направен со лабораториска опрема, туку во неговата домашна кујна. Со други зборови, секој може да го проба овој метод.

Еве како изгледа процесот на варење:

  1. Наполнете тенџере со вода и загрејте ја на 100°C.
  2. Подгответе друго тенџере со млака вода на 30°C.
  3. Потопете свежо, излупено пилешко јајце во врелата вода две минути.
  4. Потоа преместете го во млаката вода на две минути.
  5. Повторете го овој циклус осум пати (вкупно 32 минути).

Како работи оваа техника?

За разлика од традиционалните методи каде што температурата во јајцето постепено се зголемува, периодичниот метод одржува постојана температура на жолчката од 67°C, додека белката достигнува температури од 87°C до 100°C во топла вода и 30°C до 55°C во млака вода.

Овој балансиран термички процес овозможува белката да стане цврста, а жолчката да остане кремаста, без премногу стврднување или одвојување.

Дали вреди да се проба?

Регистрираниот диететичар и писател на рецепти, Мика Сива, вели дека методот има совршена научна логика. „Готвењето е всушност наука – контролирањето на температурата според својствата на протеините во јајцето значително го подобрува квалитетот“, додава тој.

Сепак, некои се сомневаат во практичноста на овој метод. „Повеќето луѓе сакаат побрз начин за подготовка на јајца, а не метод што трае 32 минути“, вели Сива.

Без разлика дали ќе одлучите да го пробате или не, ова истражување покажува дека дури и наједноставните јадења можат да се усовршат со вистинската комбинација на наука и трпение.

Извор: N1info

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп5 часа

Хороскоп за недела (23 февруари)

ОВЕН Бидете јасни и гласни, но не фокусирајте се само на приказни за планови. Денот е идеален за први чекори...

Временска прогноза10 часа

Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!

Во текот на следната седмица, односно во периодот од 24 февруари (понеделник), па до 2 март (недела) студот во Македонија...

Свет10 часа

(ВИДЕО) Страшна несреќа во САД, автомобил падна од мост

Во Сакраменто, Калифорнија, автомобил падна од надвозник на автопат. За чудо, и покрај тоа што се превртел и слетал на...

Мобилни уреди11 часа

Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години

Многу корисници изразуваат жалење поради отстранувањето на копчето Home и Touch ID, посочувајќи колку овие функции им биле корисни на...

Македонија13 часа

Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на...

Магазин21 час

YouTube конечно ги намалува цените. Наскоро доаѓа нова опција Premium Lite без реклами

YouTube официјално ќе започне со поевтина претплата Premium Lite, која ќе им овозможи на корисниците да гледаат видеа без реклами...

Хороскоп1 ден

Хороскоп за сабота (22 февруари)

Овен Препораката е да водите сметка со кого соработувате во иднина за да немате поголеми проблеми. Потребно е да имате...

Македонија1 ден

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г....

Lifestyle2 дена

Како да го искористите празното шише за детергент за чистење?

Пред да фрлите нешто, размислете дали може повторно да се употреби. Овој совет важи за сè – од стари тегли...

Магазин2 дена

Старомодни колачиња со јаткасти плодови кои одлично се комбинираат со кафе или чај

Овие неодоливи колачиња со ореви ќе ги воодушеват и најпребирливите љубители на слатки. Совршени за оние моменти кога сакате да...

НАЈЧИТАНИ