Психологот Ијан Валас, во текот на неговата 30-годишна кариера го истражувал значењето на над 150.000 сонови.

Тој состави листа од 9 најчести соништа и нивното значење.

1. Некој ве брка

Според Ијан Валас, ова е убедливо најчестиот сон кој луѓето го сонуваат и неговото значење е дека во вашиот реален живот се соочувате со проблем кој треба да го решите, но не знаете како.

2. Ви паѓаат забите

Вашите заби во сонот ја симболизираат вашата самодоверба и сигурност, а кога во сонот тие ви паѓаат значи дека се наоѓате во ситуација која предизвикува да ви опаѓа сигурноста и самодовербата.

3. Не можете да најдете тоалет

Го користиме тоалетот за да одговориме на нашите основни потреби, па затоа според толкувањата на Валас, овој сон значи дека во вашиот реален живот имате проблем да најдете начин како отворено да ги искажете вашите желби.

4. Голи во јавност

Секогаш се облекуваме врз основа на тоа како се чувствуваме или каков впечаток сакаме да оставиме кај луѓето. Доколку сонувате дека сте голи во јавност, тоа значи дека постои нешто во вашиот живот што прави да се чувствувате многу ранливо.

5. Одите неподготвени на испит

Овој сон значи дека си ги преиспитувате вашите способности во реалниот живот.

6. Летате

Ако сонувате дека летате, тоа значи дека во изминатиот период сте се мачеле со некоја работа или ситуација и конечно сте се ослободиле од она што ве мачело.

7. Паѓате

Паѓањето е многу чест сон кај луѓето и значи дека долго време се држите за нешто коешто не сакате да го пуштите, но вистинско време е да се опуштите и да се ослободите.

8. Автомобилот ви бега од контрола

Ако сонувате дека сте во автомобил и ја губите контролата над воланот, тоа значи дека во реалниот живот мислите дека немате контрола врз својот живот и врз патот кон остварување на целите.

9. Сте пронашле соба во која прв пат влегувате и не сте ја користеле

Секоја соба од куќата претставува посебен аспект од вашиот живот, а ако пронајдете соба која не сте ја користеле, значи дека сте откриле талент кој не сте биле свесни дека сте го поседувале.