Нови 30 случаи на коронавирус потврди вчера Министерството за здравство. Истите се регистрани во 8 градови, а најголем број во Скопје. Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се по 15 лица од женски и машки пол.
Во текот на вчерашниот ден потврдени се и нови три смртни случаи на пациенти од Тетово и Велес, а на возраст од 57-78 години. За оздравени се водат 26 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Според последната статистика на Институтот за јавно здравје биле спроведени 426 тестирања од кои 112 на вработените од градинките Скопје, Битола и Велес и кај овие тестови нема регистриран позитивен случај.
Во Македонија вкупно има 1.792 случаи на Ковид-19 .
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 30 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес.
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 856 машки и 936 женски лица.
Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 389 (21,7%), највисока специфична инциденца од 134,5/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (374 заболени). Кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 63 и 78 случаи соодветно.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (66,6%), кашлица (54,0%), малаксаност (37,5%), треска (19,9%), главоболка (15,0%), болка во грло (14,5%) и отежнато дишење (14,3%).
Кај 578 или 32,3% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.
Регистриран е 251 (14,0%) случај на заболување меѓу здравствени работници и вкупно 101 смртен случај во Македонија.
Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=66). Регистрирани се 68 смртни случаи кај лица од машки и 33 кај лица од женски пол.
Извршени се вкупно 21.436 тестирања во Македонија.
Додека денес Во ГОБ „8 Септември“ почина пациент од Струга (59 г.), примен на 16 мај и пациент од Скопје (51 г.) хоспитализиран на 4 мај. Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи со Ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2, соопшти Министерството за здравство.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.817, бројката на оздравени пациенти е 1.301, на починати е 104, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 412. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 628, активни 152
• Куманово – 416, активни 31
• Дебар – 51,
• Штип-36, активни 2
• Прилеп –200, активни 63
• Тетово – 147, активни 79
• Струга – 70, активни 4
• Велес – 121, активни 50
• Битола –27, активни 8
• Охрид –21, активни 6
• Кавадарци – 5,
• Гостивар –19, активни 2
• Гевгелија – 4,
• Струмица – 2,
• Крива Паланка- 6, активни 2
• Радовиш – 4,
• Крушево – 3,
• Кочани – 31, активни 4
• Пробиштип – 2,
• Кичево – 2,
• Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1,
• Македонски Брод – 2,
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1,
• Валандово -1, активни 1
• Виница – 2,
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 1
Направени се 286 теста и тоа се преку: ИЈЗ –165, Клиника „Жан Митрев“ –3, Систина со PCR метода -18 и МАНУ -100. Досега во земјата се направени вкупно 21.722 тестирања на Ковид -19. Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни во изминативе 24 часа примени се двајца нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 48 пациенти од кои двајца пациенти се на механичка вентилација, 23 се потешко болни и на кислородна поддршка.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се седум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 20 пациенти. На респиратор се шест пациенти, а со потешка клиничка слика се уште двајца пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани седум пациенти, а на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани четворица пациенти, и нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 47 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.