Следете не

Временска прогноза

Облачно и нестабилно денес, од утре ќе преовладува претежно сончево време

Објавено пред

на

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус два до седум, а дневната температура од четири до 12 Целзиусови степени.

Во главниот град ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд,  Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе достигне до пет степени, а дневната температура до девет степени. Во Маврово 4, Охрид 8, Битола 9, Крива Паланка 6, Берово 5, Кавадарци 11, Дојран 12.

Од утре времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 9 до 19 степени

Временска прогноза

Викендов вистинска пролет, утринските температури ќе бидат над нулата – ова се најновите метео вести

Објавено пред

на

Во петок и во сабота (31 јануари, и 1 февруари) во Македонија ќе имаме преодно и краткотрајно стабилизирање на времето, со многу повеќе сончеви периоди, како и со повремено слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Особено во ноќните  и во утринските часови по котлините повторно ќе има појава на магла и на ниска облачност.

И во Скопскиот регион во овие два дена ќе имаме стабилно, суво време со многу повеќе сончеви периоди, а во котлината, особено во ноќните и во утринските часови ќе има појава на магла  и на ниска облачност.

Наутро речиси насекаде во Македонија температурите ќе бидат позитивни, односно над нулата, а преку денот тие ќе бидат значително натпросечни за овој период од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени, додека во Скопје температурата ќе се искачи до околу 16 степени, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Дали во месец февруари се враќа ладниот бран проследен со нов снег?

Објавено пред

на

Според она што може да се истакне, според најновото ажурирање на прогностичките модели, големо враќање на зимата и големо заладување на времето, со многу ниски температури на воздухот, северен ветер и можност за нов снег можно е од 3 февруари па во деновите потоа, што значи по се изгледа дека од тој период ќе навлеземе во нов многу ладен период.

– Состојбата околу ова постојано ќе ја следам, што значи дека јавноста навремено ќе биде информирана што точно не очекува од првите денови на месец февруари и дали навистина зимата своето право лице повторно наскоро и тоа како ќе го покаже, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Температурна инверзија, ладно во градовите, магла и топло на превоите и котлините

Објавено пред

на

Голема температурна инверзија имаме  и ова утро и претпладне во Македонија, котлините се многу поладни од планинските места и Скијачките центри, па така најладно утринава до 7 часот беше во Битола со -5 степени и во Прилеп со -4 степени. Највисока минимална температура во исто време е измерена во Гевгелија, и тоа 3 степени.

Снежната покривка утринава до 7 часот изнесуваше 40 сантиметри на Попова Шапка, 31 сантиметар во Маврово, 15 сантиметри во Крушево и 10 сантиметри во Битола.

На табелата можете да ги погледнете  и останатите температури измерени по градови и места утрово до 7 часот низ Македонија, и тоа на мерните станици на УХМР.

Инаку, по котлините, особено оние во Полошкиот, Пелагонискиот  и Повардарскиот регион е многу магливо и со ниска облачност, па во овие котлини како што веќе напоменав е многу поладно за разлика од повисоките места, планините, секако вклучувајќи ги и Скијачките центри. Густа магла секако има и во Скопската котлина, истакна Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп8 часа

Хороскоп за петок (31 јануари)

ОВЕН Вашиот најголем непријател овие дена ќе биде здодевноста и мрзеливоста на работа. Обидете се што побрзо да се грижите...

Спорт9 часа

(ВИДЕО) Домаќинот Хрватска со победата над „големата“ Франција ќе игра во големото Финале!

Хрватската машка ракометна репрезентација се пласираше во финалето на Светското првенство, откако во преполната сала во Загреб ја совлада Франција...

Спорт9 часа

ФФМ организираше семинар за медицински лица, како и практични вежби на фантоми од медицинскиот симулациски центар

Фудбалската федерација на Македонија го спроведе годишниот семинар за доктори и физиотерапевти на тема „Ургентни состојби и траума во фудбалот“....

Кичево10 часа

Учесници, спонзори, помагатели, фирми и луѓе со големо срце кои дадоа свој придонес за мега спектакуларниот кичевски „Хуманитарен Божиќен Базар“

Почитувани граѓани, изминува месец јануари, но емоциите од „Божиќниот Базар“ кој се одржуваше традиционално по 4 пат на градскиот плоштад...

Lifestyle20 часа

Дали јаболковиот оцет е здрав?

Ако сакате да го подобрите вашето здравје, можеби вреди да го додадете јаболковиот оцет во исхраната. Диететичарката Јулија Зумпано објаснува...

Магазин20 часа

SoftBank во преговори за 25 милијарди долари инвестиција во OpenAI

SoftBank е во напредни разговори да инвестира до 25 милијарди долари во OpenAI, што би ја направило јапонската компанија најголемиот...

Магазин20 часа

5 нови Android 15 функции што можеби не сте ги знаеле

Android 15 носи бројни нови функции, особено во областа на безбедноста, батеријата и продуктивноста. Некои од нив се помалку познати,...

Магазин20 часа

Google Play Store на Android постојано паѓа? Еве како да го решите проблемот

Во последните 24 часа, многу корисници на Android телефони и таблети пријавуваат грешка со пораката: “Google Play Store keeps stopping”,...

Хроника20 часа

Кичевчанец додека работел на работни задачи на автопат Кичево-Охрид паднал и починал

На 29.01.2025 во 13.20 часот во ОВР Кичево е пријавено дека З.Т.(51) од Кичево, при извршување работни задачи на дел...

Култура1 ден

Денеска е Св.Антониј Велики, честито име Антонио, Антоанета, Антониј..

Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си...

НАЈЧИТАНИ