Следете не

Временска прогноза

Од недела засилен северен ветер кој ќе донесе снег во поголемиот дел од земјата

Објавено пред

на

Како што иформираат од УХМР, во почетокот на наредната седмица времето ќе биде стабилно и студено, а во понеделник со засилен северен ветер.

Во текот на утрешниот ден и во сабота ќе се задржи претежно сончево време со услови за утринска магла по одделни котлини. Под влијание на студена воздушна маса во недела ќе има на облачување со засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег.

Како што иформираат од УХМР, во почетокот на наредната седмица времето ќе биде стабилно и студено, а во понеделник со засилен северен ветер.

Времето денеска во земјата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје и околината ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер и температура до 6 степени.

Временска прогноза

Детали за временска прогноза оваа седмица, ќе имаме многу ниски температури на утро и релативно сува воздишна маса

Објавено пред

на

Во текот на оваа работна седмица во Македонија ќе имаме значително поладно време, односно, ќе бидеме под влијание на ладна и на релативно сува воздушна маса која ќе продира од истокот и од североистокот на Европа. Температурите позначително ќе опаднат, особено во ноќните  и во утринските часови, кога минималните температури насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата, особено од оваа среда.

Повремено ќе засилува ветер од северен правец, а времето ќе биде претежно стабилно, суво и со сончеви периоди.

Наутро температурите во делови од Македонија, особено во Пелагониско, Беровскиот регион, како и на планинските места,м секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри температурите ќе се спуштат  и до околу -10 степени. Преку ден пак температурите исто така ќе бидат значително пониски и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9/10 степени.

И во Скопје и околината ќе имаме слично време како и во останатите дселови од Македонија, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од понеделник сув студ со доста ниски утрински температури – Ова се деталите

Објавено пред

на

Во текот на следната седмица, и тоа почнувајќи од понеделник (3 февруари) па се до крајот на седмицата ќе бидеме под влијание на значително поладна, но сува воздушна маса од североистокот  и од истокот на Европа. Истата ќе услови значително пониски температури на воздухот, особено во утринските часови кога тие насекаде ќе се спуштаат под нулата.

Во делови од Македонија, особено во Пелагониско, Беровскиот регион, како и на планинските места  и на Скијачките центри температурите наутро ќе се спуштаат и до околу -10 степени, локално и под -10 степени. Преку денот пак тие на повеќе места нема да надминуваат 5 степени, односно тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9/10 степени. На планинските места, како и на Скијачките центри ќе биде значително поладно.

Со овој ладен продор, повремено ќе дува засилен ветер од северен и од североисточен правец, кој се очекува значително да го прочисти воздухот низ котлините кои се многу загадени во моментов, секако, вклучувајќи ја и Скопската котлина.

Само да напоменам, дека само во понеделник (3 февруари) ќе има локални послаби врнежи од дожд и снег на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри надморска височина, информира Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

На повидок краткотрајна пролет, температури во пораст до 20°C

Објавено пред

на

Денес и утре (31 јануари и 1 февруари) во Македонија ќе има многу повеќе сончеви периоди и ќе биде невообичаено топло за овој период од годината со температури значително над просекот за овој дел од годината. Сепак, по котлините, особено во утринските, претпладневните  и повторно во ноќните часови ќе има појава на магла или ниска облачност. Ќе дува претежно слаб ветер од променлив правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат пролетни на повеќе места низ Македонија и ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 18 степени, а не се исклучува можноста во југоисточните предели тие да се искачат  и до околу 20 степени.

Во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 16 степени.

Во недела ќе имаме поголема облачност, а ќе има и појава на повремен локален дожд, а на високите планини (над 1700/1800 метри надморска височина) ќе има услови за послаби врнежи од дожд и снег или влажен снег, пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Lifestyle20 минути

Истражувачите објаснуваат: Кои намирници навистина го зајакнуваат имунитетот?

Многу популарни домашни лекови и намирници што се сметаат за здрави можеби не се толку ефикасни како што се верува,...

Магазин21 минута

OpenAI воведе нова функција: Што може да направи ChatGPT сега?

Компанијата за развој на вештачка интелигенција OpenAI, со седиште во Калифорнија, ја претстави новата функција Deep Research во рамките на...

Магазин22 минути

Стотици компании го блокираат DeepSeek

Кинескиот четбот DeepSeek оваа недела го освои американскиот пазар, искачувајќи се на врвот на продавниците Apple App Store и Google...

Магазин23 минути

Apple плаќа 20 милиони долари за батеријата на Apple Watch

Apple се согласи на спогодба од 20 милиони долари во колективна тужба поради проблеми со протекување на батеријата кај раните...

Здравје и убавина32 минути

Дознајте детали за вашето здравје преку јазикот

Симптомите на болестите се покажуваат на различни начини, но она што веројатно не сте го знаеле е дека првите знаци...

Хороскоп16 часа

Хороскоп за среда (5 февруари)

ОВЕН Се потпирате на вашите соработници во кои имате доверба. Но би требало да поводите сметка околу вашата доверба и...

Спорт18 часа

Комисијата за натпревари при ФФМ закажа редовен семинар со делегатите од првата и втората македонска фудбалска лига

Комисијата за натпревари при Фудбалска федерација на Македонија ќе одржи редовен семинар со делегатите од Прва и Втора МФЛ. Семинарот...

Lifestyle1 ден

Се дебелееш и внимаваш на исхраната? Еве што може да биде причината

Ако јадете повеќе од вообичаено или вежбате помалку, зголемувањето на телесната тежина не треба да ве изненади. Но, што ако...

Магазин1 ден

Дали новиот iOS 18.3 ви ја троши батеријата побрзо? Тестови откриваат резултати, Apple објавува ново ажурирање

Најновите тестови не покажуваат значителна разлика во потрошувачката на батеријата по ажурирањето на iOS 18.3 Apple го објави iOS 18.3...

Магазин1 ден

Amazon Music Unlimited ги зголемува цените

Amazon ја зголеми цената на својата услуга Music Unlimited во САД, Канада и Велика Британија, како што објави The Hollywood...

НАЈЧИТАНИ