Граѓанското здружение од Кичево „Саншајн Кидс“ Ве поканува да учествувате во уникатна серија работилници за еманципација и едукација организирани во рамките на проектот #BeHerVoice.
Овие работилници се отворени за жени од сите возрасти и се целосно бесплатни, со цел да поттикнат зајакнување, и тоа зајакнување на самодоверба и разбирање на правата на жените.
Што е #BeHerVoice?
#BeHerVoice е европски проект имплементиран во Патра (Центар Ерифили), Кичево (Sunshine Kids) и Софија (Балкански мост), финансиран од Европската Унија. Неговата главна цел е да ја подигне свеста, да обезбеди едукација и да ги зајакне жените за прашањата на родово базирано насилство.
Проектот содржи кампањи за подигање на свеста и едукативни работилници прилагодени за различни целни групи, од професионалци до пошироката јавност. Целта е да создаде безбеден простор каде жените ќе можат да се изразат, да се оспособат и да стекнат вештини за да се поддржат помеѓу себе и другите на кои им е потребна помош.
Зошто да учествувате?
Во безбедно и доверливо опкружување, ќе имате можност да:
– Ги разберете критичките концепти поврзани со родово-базираното насилство;
-Ги истражите и деконструирате стереотипите и митовите околу семејното насилство;
-Ги Препознаете вашите емоции и да ја зајакнете самодовербата;
-Научите како да управувате со критични ситуации со инклузивни комуникациски вештини и практични совети за помош;
-Се вклучите во процес на групна поддршка и зајакнување;
-Се стекнете со сертификат за учество во европски проект;
Распоред на работилницата;
Работилница 1: Вовед и концептуално појаснување на родовата дискриминација и семејното насилство
Работилница 2: Инклузивна јазична работилница и анализа на стереотипи и митови за насилството од интимни партнери.
Работилница 3: Препознавање емоции.
Работилница 4: Управување со емоции.
Работилница 5: Градење самодоверба.
Работилница 6: Работилница за искуствено читање.
Работилница 7: Изработка на план за бегство од навредливи врски.
Работилница 8: „Убавицата и ѕверот“ и завршна сесија
Како да се аплицира?
Местата се ограничени, а апликациите ќе се примаат до вторник, 28 јануари 2025 година. Пополнете го формуларот на овој линк ТУКА
Или контактирајте на телефонските броеви ☎️ 071/228-423 ☎️ 071/544-369 ☎️ 072/274-688