Следете не

Македонија

Ова е состојбата на патиштата низ Македонија

Објавено пред

на

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВЕСТУВАЊЕ: Виадукт трејд известува дека денес 23.08.2019 (денес) ќе се изведуваат градежни активности при поставување на индуктивни јамки на регионален пат Државен пат А4 Стенковец – Косово, во времетраење од 1 (еден) ден, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07. до 31.08. на државните патишта, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Временските интервали се следни:
петок: 17:00 – 22:00 часот,
сабота: 09:00 – 18:00 часот
и недела: 09:00 – 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА на магистрален пат А2: Од 01.07.2019 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопјесо кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.

Временските интервали се следни:
петок: 15:00 – 22:00 часот,
сабота: 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот
и недела: 07:00 – 22:00 часот.

Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

РАБОТИ НА ПАТ:

Виадукт Трејд известува дека на ден 19.08.2019 ќе се започне со изведување на градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосница Катланово на магистрален пат А1, делница Петровец – Катланово, во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Виадукт Трејд известува дека на ден 19.08.2019 ќе започне со изведување на градежни активности на дел од ул. “Ѓорче Петров” од крстосница со бул. “Кузман Јосифовски Питу” до БС Макпетрол, патен правец Скопје – Тетово, во времетраење од 10 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај (пренасочување на соседните улици, како и автобуските станици на ЈСП).

Oд 31.07.2019 се почнува со изработка на прв слој асфалт на патен правец Лот 2 Драчево-Орешани. Како алтернатива ќе се користи патот низ Студеничани, пренасочувањата ќе бидат кај Бајота маркет на крај на нас.Драчево во правец кон Студеничани и кај Фурната во Студеничани во правец на нас.Драчево.

Ј.П.Македонија Пат известува дека поради изведување на градежни работи на пат (асфалтирање) на регионалниот патен правец Р2344, населба Чашка – с. Голозинци, од 26.06.2019 год. (среда) сообраќајот ќе биде во прекин секој ден, освен во недела, од 10 – 16 часот во наредните два месеци.

Страбаг АГ известува дека изведува градежни активности на експресен пат А4 делница Штип – Радовиш. Се препорачува до возачите внимателно да пристапуваат на оваа делница и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Од 19.06.2019 се изведуваат градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосницата Другово, на магистрален пат А2, делница Кичево – Охрид, за што има промена на режимот на сообраќај, во времетраење од 6 месеци.

Виадукт трејд известува дека од 22.05.2019 се изведуваат градежни работи на магистрален пат А3, делница Велес – Штип при поставување на електрично осветлување на крстосница Овче Поле во времетраење од 6 (шест) месеци, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Од 09.05.2019 на патниот правец Р1201 Маврово – Дебар кај с. Скудриње, сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

Друштвото Асфалт ДООЕЛ Скопје, известува дека порaди изведување на градежни работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатните станици за патарина, сообраќајот ќе се одвива согласно Одобренијата за времен режим на сообраќај и тоа на;

-наплатна станица Гевгелија во период од 18.03.2019 до 18.09.2019 (делница Демир Капија-Гевгелија)

-наплатна станица Демир Капија во период од 11.04.2019 до 18.09.2019 (делница Неготино-Гевгелија)

Г. П. Илинден – Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с. Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Ескаватори Мк известуваат дека поради рехабилитација на регионален пат Р1204, делница Куманово – Свети Николе Л=32 км од 28.03.2019 година има одобрен времен режим на сообраќај.

Од 21.03.2019 (четврток) на регионалниот патен правец Р1103 Неготино – Лакавица се извршуваат работи на пат, реконструкција на мост на река Вардар кај с. Пепелиште. Сообраќајот се пренасочува по земјениот пат с. Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони. На самото место e поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.

Г. П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Штрабаг врши целосна реконструкција на патниот правец Тетово – Попова Шапка, која ќе трае до крајот на 2019 год.

АМСМ

Македонија

МВР: Преземени дисциплински мерки за полициски службеници од ГП „Долно Блаце“

Објавено пред

на

Во врска со преминувањето на државната граница на Граничниот премин „Долно Блаце“ од страна на А.Г. иако имал активна мерка на стоп листа „задржи и веднаш извести“, на 15.12.2024 Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапи и по извршени проверки, извршен увид во службените материјали и по извршена анализа од обезбедени снимки од безбедносните камери од ПС за ГП „Долно Блаце“, Одделот утврди дека полицискиот службеник Б.Ј. со своето несовесно работење не извршил адекватни проверки за патничко моторно возило „мерцедес“ при премин на државната граница на излез од РСМ, не го евидентирал за остварување на излез од РСМ и патниците од предметното возило А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач во возилото ги завел дека пешки ја поминале границата, односно со пропуштање на должниот надзор извршил гранична проверка во системот СКПВ за лицето А.Г. и при тоа не почекал системот да утврди дали предметното лице има активна мерка „задржи и веднаш извести“ туку веднаш на лицата им ги дал патните исправи, по што тие го напуштиле граничниот премин. Со наведените дејствија, Б.Ј. постапил спротивно на чл. 12 т.1, чл. 13 с.1 т.8 од Законот за гранична контрола, со што сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина. Во врска со настанот, од страна на Одделот за внатрешна контрола до ОЈО за ГОКК – Специјализирано оддление за гонење на кривични дела сторени од страна на полициски службеници и затворска полиција доставено е известување заради запознавање на јавниот обвинител.

Исто така, од страна на ОВККИПС беше утврдено дека од страна на раководителот на смена Б.А. било сторено потешко кршење на работниот ред и дисциплина бидејќи истиот како раководител на смена имал обврска навремено да ги задолжува и раздолжува полициските службеници на смена со Мобилен систем за снимање со камери и тоа уредно да го евидентира во Евиденцијата за задолжување и техничка исправност на МССК. Истиот откако ги задолжил сите полициски службеници со МССК и истото го завел во евиденцијата, во 07.30 часот, од страна на полициски службеници Б.Ј., С.Ф., Б.А., Ф.Ф. и Е.Ш., било пријавено дека МССК не им работат бидејќи им се испразниле батериите. Од страна на раководителот на смена Б.А. истите полициски службеници не биле задолжени со други МССК, бидејќи батериите не можеле да се наполнат. Од извршениот увид во горенаведената евиденција од страна на ОВККИПС исто така беше утврдено дека од страна на раководителот на смена Б.А. откако МССК биле вратени, истите не биле заведени во графите како раздолжени во самата евиденција, а воедно и не ја пополнил графата за забелешка каде што требало да го нотира настанатиот проблем со  МССК.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесен е предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина против Б.Ј. и Б.А.. Против полицискиот службеник Б.Ј. Одделот изрече задолжителна мерка отстранување од работно место-суспензија до завршување на дисциплинската постапка.

Извор: МВР

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО+ВИДЕО) Во акцијата во Арачиново пронајдено оружје, ранец и други предмети

Објавено пред

на

Министерство за внатрешни работи

На  18.12.2024 околу 01.30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје на локален пат од с.Орланци во правец кон с.Никуштак, во атарот на општина Арачиново, биле пронајдени еден пушкомитралез, девет автоматски пушки, повеќе празни рамки за автоматска пушка и реденик за пушкомитралез, две рамки за автоматска пушка со куршуми, една тегла со муниција, ранец и други предмети.

Пронајденото е предадено на вештачење во Одделот за форензички испитувања и се преземаат мерки за расчистување на случајот, известува МВР

Прочитај повеќе...

Македонија

„Wizz Air“ денес најави три нови меѓународни линии од Скопје, граѓаните од денес ќе можат да патуваат за Барселона, Лион и Штутгарт

Објавено пред

на

Wizz Air, еколошки најодржливата авиокомпанија на EMEA*, денеска најавува три нови меѓународни линии од Скопје. Новите дестинации ги вклучуваат Барселона, Лион и Штутгарт, зголемувајќи ги опциите за патување за патниците во Македонија. Основните цени започнуваат од само 24,99 евра за Штутгарт и 29,99 евра за Лион. Новата линија од Скопје до Барселона е достапна од 31,99 евра. Билетите за новите дестинации од Скопје се веќе достапни на официјалната веб-страница на Wizz Air и преку мобилната апликација на компанијата.

 

Како најголема авиокомпанија во Македонија, Wizz Air ја потврдува својата долгорочна посветеност на македонскиот пазар. Со додавањето на овие три нови линии, авиокомпанијата има за цел да ја диверзифицира својата мрежа, задоволувајќи ги потребите за патување на македонците, а истовремено обезбедувајќи опции за влезен туризам.

Новите линии од Барселона и Лион почнуваат со операции од мај 2025 година, нудејќи им на патниците возбудливи можности да ги истражуваат енергичните европски градови по пристапни цени за претстојното лето. За Штутгарт директните летови почнуваат од септември 2025 година.

НОВИТЕ ЛИНИИ:

Барселона: Раздвижен град познат по својата уникатна архитектура, богата историја и живописна култура. Резервациите се отворени денес, летовите ќе започнат на 3 мај 2025 година и ќе бидат достапни во вторник и сабота.

Лион: Познат по својата кулинарска извонредност и историско значење, Лион е дестинација што мора да ја посетат и љубителите на храна и љубителите на културата. Резервациите се отворени од денес, а летовите ќе има во вторник, четврток и сабота. Летовите ќе започнат на 1 мај 2025 година.

Штутгарт: Познат по својата автомобилска индустрија и прекрасните паркови, Штутгарт нуди спој на модерност и традиција. Летовите ќе започнат на 29 септември 2025 година, три пати неделно, во понеделник, среда и петок.

Овие нови рути од Скопје ја истакнуваат нашата посветеност да понудиме удобни и достапни опции за патување за нашите патници“, изјави Роланд Тишнер, управен директор на Wizz Air Унгарија. „Возбудени сме што ќе ја диверзифицираме нашата мрежа и ќе го поврземе Скопје со популарни дестинации како Барселона, Лион и Штутгарт. Овие нови линии ќе им овозможат на патниците да истражуваат нови возбудливи локации и да се впуштат во незаборавни авантури, истовремено нудејќи им можност на европските туристи да ги откријат убавините на Северна Македонија.

Wizz Air е горд што нуди мрежа од 32 рути од Скопје, што ја подобрува поврзаноста и опциите за патување и за локалните жители и за посетителите. Со поттикнување на растот на работните места и поттикнување на туризмот, Wizz Air ја покажува својата посветеност во поддршката на развојот на туристичката индустрија во Северна Македонија и нејзиниот целокупен економски развој.

„Како ТАВ Аеродроми, воодушевени сме што можеме да го објавиме враќањето на Барселона како дестинација за одмор од скопскиот аеродром од 3 мај 2025 година, на која ќе сообраќа Визер, особено затоа што тоа беше најпосакуваната рута од нашите патници. Дополнително, освен до Барселона, Визер следната година ќе ги воведе и Лион и Штутгарт како нови дестинации од скопскиот аеродром, што ќе биде предност за сите бидејќи со ова се проширува мрежата на дестинации од скопскиот аеродром, мапата на авиолинии на Визер, како и опциите за патување за секој авантурист. Преку ова проширување на мрежата на авиолинии, со нетрпение очекуваме и целиме кон понуда на поголема удобност и подобрување на поврзувањето за нашите патници со светот“. – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Хороскоп3 часа

Хороскоп за четврток (19 декември)

ОВЕН Доаѓа време во кое ќе успеете да остварите успех на работно поле. Конечно ќе бидете задоволни со својата работа....

Свет5 часа

Јапонската ракета „Каирос“ откажа неколку минути по полетувањето

Јапонската компанија Space One ја истражува причината за неуспехот на ракетата Kairos, која абортираше по десет минути поради нејзиниот автономен...

Спорт8 часа

Вчера во ФФМ се одржа работилница за финансиски критериуми во клупско лиценцирање

Вчера во „Куќата на фудбалот“ се одржа работилница за финансиските критериуми во процесот на клупско лиценцирање, која беше организирана со...

Култура8 часа

Пред нас е големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!

Пра­вос­лав­ни­те хрис­ти­ја­ни во Ма­ке­до­ни­ја од утре го праз­ну­ва­ат Све­ти Ни­ко­ла Чу­дот­во­рец, све­те­цот заш­тит­ник на де­цата, мо­реп­лов­ците, де­вој­ките, си­ро­маш­ните, уче­ни­ците, пе­ка­рите,...

Македонија9 часа

МВР: Преземени дисциплински мерки за полициски службеници од ГП „Долно Блаце“

Во врска со преминувањето на државната граница на Граничниот премин „Долно Блаце“ од страна на А.Г. иако имал активна мерка...

Кичево11 часа

Дедо Мраз пристигна во Кичево, на голема радост на најмилите

Токму така, секој ден со почеток од 12:00 до 20:00ч, во недела од 12:00 до 19:00ч, на радост на најмилите,...

Македонија14 часа

(ФОТО+ВИДЕО) Во акцијата во Арачиново пронајдено оружје, ранец и други предмети

На  18.12.2024 околу 01.30 часот од страна на полициски службеници од Единицата за брзо распоредување и Единицата за недозволена трговија...

Автомобили15 часа

Lamborghini го одложи првиот електричен модел до 2029 година

Иако Lamborghini со ентузијазам го промовира својот хибриден суперспортски автомобил Revuelta, нивниот прв целосно електричен модел, Lanzador, нема да биде...

Магазин15 часа

Еве колку ќе чинат Redmi Note 14 телефоните во Европа

Серијата Redmi Note 14 веќе е достапна на пазарите во Кина и Индија, а наскоро ќе пристигне и во Европа....

Магазин15 часа

Threads ја тестира функцијата за закажување објави

Мета ја тестира функцијата за закажување објави на социјалната мрежа Threads, која им овозможува на корисниците подобра контрола во планирањето...

НАЈЧИТАНИ