Магазин
Ова мора да го знаете ако патувате со авион

Голем број на луѓе не ги знаат своите потрошувачки права во случај ако летот им доцни или е откажан.
Кога дојдов на аеродром, сфатив дека мојот лет е одложен. Што можам да направам?
Имате право на грижа од страна на авионската компанија. Тоа подразбира дека имате право на освежување, оброци, два бесплатни телефонски разговори, телефакс пораки или електронска пошта, сместување и превоз од аеродромот до местото за сместување ако донцењето е:
– 2 часа или повеќе за летови до 1.500 километри;
– 3 часа или повеќе за летови подолги од 1.500 километри во ЕУ или за други летови меѓу 1.500 и 3.500 километри;
– 4 часа или повеќе за летови подолги од 3.500 километри надвор од ЕУ.
Ако летот ви доцни повеќе од пет часа и вие се одлучите да го одложите патувањето, имате право на поврат на парите за билетот и лет до местото од каде што сте го почнале патувањето.
Предупредување! Ако сте стигнале до конечната дестинација со доцнење од три или повеќе часа, имате право на ист надомест како и кога летот ви е откажан, освен во случај ако авионската компанија може да докаже дека доцнењето е предизвикано од вонредни околности.
Постојат и фирми како што е refundd.com која ги средува тужбите место вас.
Бидете активни!
Веднаш контактирајте го персоналот на авиокомпанијата на аеродромот и побарајте право за заштита и надомест.
Поднесете приговор до авиокомпанијата при доаѓање дома, ако мислите дека правата ви биле нарушени.
Кои се моите права во случај ако не ми се дозволи да летам?
Авиокомпанијата е должна прво да побара доброволци кои би се откажале од резервациите во замена за одредена поволност.
Дополнително, компанијата мора да им понуди на доброволците избор меѓу целосно враќање на парите и промена на рутата.
Ако се најде доволен број на доброволци, тогаш компанијата може да ви го откаже летот против ваша волја. Во тој случај, имате право на надомест од 250 до 600 евра, додека ако превозникот ви понуди заменски лет имате право на надомест од 125 до 300 евра.
Исто така можете да се одлучите за враќање на парите за картата и летот во местото од кое сте пошле да патување или заменска рута до крајната дестинација. Имате право и на заштита од страна на авионската компанија.
Кои се моите права во случај на откажување на лет?
Имате право на ист надомест како и во случај ако не ви се дозволи да се качите во авион. Тоа право го немате ако сте известени за откажувањето најмалку 14 дена пред летот, ако ви е понудена променета рута со сличен ред на летање или ако авиокомпанијата може да докаже дека откажувањето на летот е предизвикано од вонредни околности, како што се лоши временски услови.
Предупредување! Ги имате тие права ако полетувате од кој било аеродром во ЕУ, или доаѓате во ЕУ со превозник од ЕУ или од Исланд, Норвешка или Швајцарија. Морате однапред да бидете информирани за тоа која авио компанија управува со вашиот лет.
Кои се моите права во случај на проблем со багажот?
Ако вашиот багаж е изгубен, оштетен или ви доцни, имате право на надомест до околу 1.220 евра. Меѓутоа, авиокомпанијата нема да биде одговорна ако ги презела сите разумни мерки да ја избегне штетата или ако не било можно да спроведе такви мерки.
Бидете активни! Веднаш на аеродромот пријавете изгубен или оштетен багаж.
Поднесете пишан приговор до авиокомпанијата во рок од седум дена од добивање на багажот.
За багаж доставен со задоцнување тој рок изнесува најдолго 21 ден.
Дали сум исто така заштитен кога патувам со друг вид на превоз, не само со авион?
Да, заштитени сте со закон на ЕУ и кога патувате со воз, автобус или брод. Имате право на информации и помош пред и за време на патувањето. Во случај на откажување или доцнење имате право на замена на рутата или враќање на парите и надомест.
Правата на патниците во железничкиот сообраќај се применуваат на сите услуги на меѓународниот железнички превоз во ЕУ; правата на патниците во автобускиот превоз се применуваат на поголеми далечини на пример подолги од 250 километри; правата на патниците во бродскиот сообраќај се применуваат кога се патува по морски и копнени пловни рути.
Совети за паметно патување:
- Барајте информации за своите права
Авиопревозникот мора да ве информира за вашите права ако нештата тргнат на лошо во аеродромот.
- Поднесете приговор ако вашите права се нарушени.
Прво треба да ја контактирате авиокомпанијата. Употребете образец од ЕУ за приговор за надомест или враќање на пари. Достапен е на сите европски јазици.
- Чувајте ги сметките
Ако имате какви било трошоци поради доцнење или откажување на летот, чувајте ги сметките и испратете нивни копии до авиокомпанијата, заедно со приговорот.
Магазин
YouTube конечно ги намалува цените. Наскоро доаѓа нова опција Premium Lite без реклами

YouTube официјално ќе започне со поевтина претплата Premium Lite, која ќе им овозможи на корисниците да гледаат видеа без реклами по пониска цена
Официјално лансирање на Premium Lite
Претходно, YouTube ја тестираше оваа нова претплата во неколку земји, дозволувајќи им на корисниците да уживаат во содржините без прекини од рекламни блокови. Според извештајот на Bloomberg, Google сега се подготвува за официјално воведување на YouTube Premium Lite
За разлика од стандардниот YouTube Premium, оваа поевтина опција нема да ја вклучува услугата YouTube Music, а можно е да нема поддршка за офлајн преземања и репродукција во заднина
Каде ќе биде достапен Premium Lite
Новата претплата прво ќе стане достапна во САД, Австралија, Германија и Тајланд. Особено е значајно што YouTube претходно не ја тестираше оваа услуга во САД, што ја прави оваа најава уште поважна за тој пазар
Цената сè уште не е објавена
YouTube сè уште не открива колку ќе чини Premium Lite. За споредба, стандардната YouTube Premium претплата во САД чини 13.99 долари месечно, па се очекува Lite верзијата да биде значително поевтина
Сè уште не е познато дали YouTube ќе ја прошири оваа претплата на глобално ниво
Заклучок
Оваа нова опција може да биде одлична алтернатива за корисниците кои сакаат да избегнат реклами, но не планираат да користат дополнителни услуги како YouTube Music или офлајн преземања
Извор: Benchmark
Хороскоп
Хороскоп за сабота (22 февруари)

Овен
Препораката е да водите сметка со кого соработувате во иднина за да немате поголеми проблеми.
Потребно е да имате трпение за да го разберете партнерот.
Внимавајте на исхраната.
Бик
Можно е да ви треба време да донесете некоја конечна одлука поврзана со работата.
Планирате да влезете во врска со личност која неодамна се појави во вашиот живот. Имате потреба да ризикувате на ова поле.
Добро се чувствувате.
Близнаци
Тешко ви е да се организирате на вистински начин и во текот на денешниот ден лесно можете да направите грешки.
Потребно ви е да ја подобрите комуникацијата со саканата личност ако сакате да избегнете прекин на врската.
Варирање на крвниот притисок.
Рак
Ќе направите се што е можно за да успеете да ги подобрите работните околности. Свесни сте дека многу работи зависат од вас.
Опуштете се пред саканата личност и уживајте во убавите моменти.
Претеран замор.
Лав
Ве очекуваат мали компликации на полето на работата. Нема да ви биде лесно да реализирате се што ќе посакате.
Ако флертувате со личност која неодамна сте ја запознале, би можеле да откриете дека не е слободна.
Проблеми со синусите.
Девица
Нема да дојде до напредок доколку постои личност која е против вас.
Ви делува дека ситуацијата со саканата личност не е онаква каква што сте замислувале.
Поволен ден за одмор.
Вага
Пред вас е поволен ден кој не носи големи препреки или проблеми.
Можно е да сте незадоволни со односот кој го имате со саканата личност. Размислувате за саканата врска.
Можна е главоболка.
Шкорпија
Имате впечаток дека нема да успеете да ги решите сите проблеми сосема сами. Потребна ви е личност од доверба.
Тешко ви е да ги покажете своите чувства кон личноста која ви значи.
Можна е несоница и нервоза.
Стрелец
Ве очекува одличен ден за нови ситуации, контакти и потпишување договори.
Ако сте слободни, можете да очекувате интересни ситуации со некоја нова личност.
Одлично се чувствувате. Нема потреба за грижа.
Јарец
Максимално сте посветени на полето на заработувачката и пред вас е одличен период во кој лесно ќе дојде до финансии.
Можете да се надевате на одличен однос со саканата личност. Ако сте слободни, може да ви се додворува еден Рак.
Мали проблеми со стомакот.
Водолија
Ако успеете да излезете на крај со проблемите кои сега ги имате на работата, подоцна ќе си бидете благодарни.
Потребно е да му пружите внимание на партнерот. Можно е да ви замерува бидејќи не сте доволно посветени.
Болка во грлото.
Риби
Можете да очекувате одличен ден за нови проекти и договори.
Се чувствувате убаво покрај саканата личност.
Здравјето е одличено.
Lifestyle
Како да го искористите празното шише за детергент за чистење?

Пред да фрлите нешто, размислете дали може повторно да се употреби. Овој совет важи за сè – од стари тегли и капаци до празни шишиња со детергент или кечап. Една штедлива домаќинка сподели трик кој ќе ви заштеди пари и ќе го олесни чистењето на домот.
Зошто никогаш не треба да ги фрлате празните шишиња со детергент?
Сигурно сте забележале дека дури и кога мислите дека сте го потрошиле целиот детергент, секогаш останува малку на ѕидовите и на дното на шишето. Наместо да го фрлите, пробајте го овој едноставен трик:
- Истурете топла вода и малку оцет во шишето.
- Протресете нежно – ќе добиете моќно средство за чистење кое ги раствора маснотиите и нечистотијата!
Можете да го користите ова решение за да ги избришете мијалниците, работните површини и тврдоглавите дамки на шпоретот.
Уште поефикасно чистење – додадете ги овие состојки!
Доколку сакате уште посилен ефект, можете да додадете:
- Сода бикарбона – за отстранување на тврдоглави дамки.
- Сок од лимон – за освежувачки мирис и посилен анти-калк ефект.
- Водород – за дезинфекција на површини.
- Етерични масла (лаванда, лимон) – за пријатен и свеж мирис во кујната.
Освен што заштедува пари, овој трик е и неверојатно практичен! Шишето со детергент е лесно за користење и можете да го носите низ кујната – од мијалникот до шпоретот. Благодарение на тесниот отвор, можете лесно да го нанесете производот токму онаму каде што е потребно, без излевање и неред.
Следниот пат кога вашето шише со детергент ќе биде при крај, не брзајте да го фрлите! Со малку креативност, можете да го претворите во корисен производ за чистење кој ќе му помогне на вашиот дом да блесне и да го задржи вашиот буџет недопрен!
Извор: Alo
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за петок (21 февруари)
-
Хороскоп10 часа
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија2 дена
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево
-
Култура2 дена
Три децении монашко служење и духовно татковство на Епископ Партениј, Игумен Бигорски
-
Автомобили2 дена
Овие половни автомобили значително поскапеа – дали возите еден од нив?
-
Македонија11 часа
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Свет2 дена
Научниците предупредуваат: Глобалното топење на глечерите се забрзува
-
Магазин19 часа
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети