Кичево
Пикник за децата со пречки во развојот од страна на здружението „Надеж“
Здружението на родители на деца со пречки во развојот „Надеж“ од Кичево денес организираа пикник за овие деца во село Осој, каде децата во друштво со нивните придружници, направија прошетка во блиската околина, играа фудбал, се веселеа и дружеа, а на крајот пикникот заврши со заеднички ручек во дворот на црквата „Света Петка“ во село Осој, најстарата црква во ова село.
– За да им го разубавиме денот на децата со пречки во развојот, нашето здружение, денес организира пикник во кругот на црквата „Света Петка“ во село Осој. Најпрво децата ги прошетавме во блиската околина, игравме фудбал, ја посетивме и црквата„ Света Петка’, каде во нејзиниот двор организиравме и заеднички ручек, збогатен со скара, салати, јагнешко печено, убав муабет и се договоривме ваквите дружби да продолжат и на други локации во непосредна близина на Кичево и да станат традиционални.
Расположението на овие деца на разделбата, беше најдобра потврда дека од денешната дружба се презадоволни и среќни се вратија во своите домови- истакна Алексо Тришоски, хуманист и помагател на децата со пречки во развојот.
Дописник: Зоран Антоски
Кичево
(ФОТО) Пациенти се жалат дека кругот на кичевската Болница е под снег и мраз, тешко се стигнува до медицинските врати, надлежните последно исчистиле пред два дена!
Сите овие денови до нашиот медиум не престануваат да стигнуваат реакции и разочарувања од состојбата на патиштата во градското подрачје, но свесни за состојбата, за нас неоправдано бидејќи најавено беше од сите медиуми дека снегот непрекинато ќе паѓа, чекавме нешто да се промени бидејќи од јавното претпријатие според фотографии и видеа се гледа дека активно се на терен, но се додека не пристигнаа фотографии од пациенти од ЈЗУ „Општа Болница“ – Кичево.
Имено, реакциите се дека тешко се проаѓа до медицинските врати, смрзнатиот терен, висината на снежната покривка се резултат од не-навремено чистење на според нас еден од најглавните оддели во градот Кичево.
– По реакцијата на граѓаните, веднаш стапивме во контакт со Директорката на установата Д-р Маја Цветановска-Трајкоска која ја призна состојбата, така што истакна доколку надлежните не дојдат, ќе бидат приморани сами да го чистат овој дел од Болницата, а пациенти има нон-стоп!
– Веќе втор ден откако нема услови за разминување, доаѓање и проаѓање до Болницата, има високи нерамнини од мраз, остатоци од снег кои дополнително создаваат немир и стрес кај пациентите, но и кај вработените. Ја користам оваа прилика јавно да ги повикам, иако два дена не одговараат на нашиот повик, надлежните служби кои се задолжени да дојдат и да обезбедат услови за непречено доаѓање во кругот на Болницата и на овој проблем да му се стави крај, тука доаѓаат пациенти непрекинато, Докторите и Сестрите неможат никаква асистенција да им пружат на пациентите на ваков терен. Се зачистува и самоволно но онаму каде се може, пред влез, пред врата, каде што неможе, секако дека треба механизација, на кратко истакна Д-р Цветановска-Трајкоска.
И од нашиот медиум апелираме што поскоро да се очистат остатоците од снег во установата, бидејќи е од најбитен карактер за градот, потоа на сите други места со цел непречено и безбедно возење со автомобил, пешачење итн.
Кичево
(ГАЛЕРИЈА) Ова се традиционалните кичевски огнови кои ни ги испративте да ги додадеме во големиот „Василичарски“ албум, за многу години!
Благодарност до сите кои ни испратија фотографии од традиционалните Василичарски огнови за заеднички да го направиме празничниот албум, кој ќе биде запишан во времето и ќе биде сочуван за секогаш. Одиме по ред:
Кичево
„Порта.мк“ албум од традиционални „Василичарски огнови“ 2025 од Кичево и кичевско, испратете фотографија од вашиот василичарски огон, вечна традиција, за многу години!
Оваа година повторно ја активираме нашата албум сесија од традиционални „Василичарски огнови“. Имено испратете ни фотографии од огнови во вашето маало/населба или село, а ние ќе ги објавиме сите, во еден преубав „Василичарски“ албум 2025.
Вашите фотогрографии можете да ни ги испраќате полесно од било кога, во порака на фејсбук страницата – „ПОРТА.мк“ или официјалната од нашиот град – Кичево.
Единствен услов:
- Не повеќе од 3 фотографии, за нив јасно да се знае од која улица/населба/село доаѓаат.
Нека е за многу години, вечна нека е традицијата!
-
Хороскоп2 дена
Празничен Хороскоп за вторник (14 јануари)
-
Кичево1 ден
(ФОТО) Пациенти се жалат дека кругот на кичевската Болница е под снег и мраз, тешко се стигнува до медицинските врати, надлежните последно исчистиле пред два дена!
-
Кичево2 дена
(ГАЛЕРИЈА) Ова се традиционалните кичевски огнови кои ни ги испративте да ги додадеме во големиот „Василичарски“ албум, за многу години!
-
Временска прогноза18 часа
Доаѓаат минусни температури и преку ден, ќе имаме силен мраз и замрзнати површини
-
Хороскоп19 часа
Хороскоп за среда (15 јануари)
-
Магазин1 ден
(ВИДЕО) Среќна ви Нова Година со чиста душа, спокојна, и со радост и со славје и догодина со здравје, каланда на дечињата од кичевскиот хор „Митрополит Козма Пречистански“
-
Култура2 дена
Православните Христијани ја дочекуваат Стара Нова година – „Василица“, вечерва се палат традиционални огнови, а утре се крши пита со паричка, на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.
-
Скопје2 часа
Скопјанка пријавила дека машко лице ја допирало по телото