Следете не

Случувања

Почина нашиот омилен Dj Icko од Антена5 радио, почивај во мир легендо!

Објавено пред

на

Со неверување ја примивме веста за нашиот пријател и долгогодишен омилен DJ, за нашиот Dj Ickо. 

Долги години работеше во „Антена 5“ радио.

Неговите колеги, пријатели и соработници уште рано утрово започнаа да споделуваат фотографии со познатиот диџеј, преку кои жалат за прерано згаснатиот живот.

Како што пишуваат одредени медиуми, Ицко веќе подолго време бил хоспитализиран, но за жал не успеа да ја добие битката со вирусот.

Тој ќе остане запаметен како еден од луѓето кој допринесе за развој на македонската електронска сцена.

Текст: Слободен Печат

Скопје

Скопјанка пријавила дека машко лице ја допирало по телото

Објавено пред

на

На 14.01.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 18 – годишна девојка од Скопје пријавила дека во влез од станбена зграда на подрачјето на Центар, едно машко лице ја допирало по телото.

СВР Скопје, истакна дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Доаѓаат минусни температури и преку ден, ќе имаме силен мраз и замрзнати површини

Објавено пред

на

Пред нас е исклучително ладно време, со многу ниски температури на воздухот, како во ноќните и во утринските часови, па така и преку ден. Во ноќните  и во утринските часови насекаде низ Македонија температурите ќе се спуштаат под нулата, на повеќе места и близу -10 степени, а во делови од Македонија температурите се очекува да се спуштат и под -10 степени, односно близу -15 степени.

Максималните дневни и преку ден на повеќе места ќе бидат близу, или за некој степен над нулата, а во делови од Македонија тие и преку ден ќе останат под нулата, особено до крајот на работнава седмица.

Со оглед на тоа дека насекаде низ Македонија има снежна покривка, и појава на силен мраз, а појава на силен мраз очекуваме се до крајот на оваа седмица, особено силен мраз очекуваме во ноќните  и во утринските часови.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ВОЗАЧИТЕ И ДО ПЕШАЦИТЕ: Со оглед на тоа дека очекуваме појава на силен мраз, а снежната покривка во повеќето градови низ Македонија е позначителна, и не очекуваме нејзино забрзано топење во следните денови, и тоа поради многу ладното време кое ќе го имаме, во ваква ситуација, ги предупредувме возачите да внимаваат како се движат по лизгавите коловози, односно да се движат со намалена брзина, исто така крајно внимателни да бидат и пешаците со нивното движење, за да не дојде до пад и до создавање на повреди кај граѓаните. Ова важи за надлежните служби кои се задолжени за чистење снег, навреме да ги санираат остатоците од мраз и снег, информира Славчо Попоски.

Прочитај повеќе...

Кичево

(ФОТО) Пациенти се жалат дека кругот на кичевската Болница е под снег и мраз, тешко се стигнува до медицинските врати, надлежните последно исчистиле пред два дена!

Објавено пред

на

ФОТО: Пациенти

Сите овие денови до нашиот медиум не престануваат да стигнуваат реакции и разочарувања од состојбата на патиштата во градското подрачје, но свесни за состојбата, за нас неоправдано бидејќи најавено беше од сите медиуми дека снегот непрекинато ќе паѓа, чекавме нешто да се промени бидејќи од јавното претпријатие според фотографии и видеа се гледа дека активно се на терен, но се додека не пристигнаа фотографии од пациенти од ЈЗУ „Општа Болница“ – Кичево.

Имено, реакциите се дека тешко се проаѓа до медицинските врати, смрзнатиот терен, висината на снежната покривка се резултат од не-навремено чистење на според нас еден од најглавните оддели во градот Кичево.

– По реакцијата на граѓаните, веднаш стапивме во контакт со Директорката на установата Д-р Маја Цветановска-Трајкоска која ја призна состојбата, така што истакна доколку надлежните не дојдат, ќе бидат приморани сами да го чистат овој дел од Болницата, а пациенти има нон-стоп!

Веќе втор ден откако нема услови за разминување, доаѓање и проаѓање до Болницата, има високи нерамнини од мраз, остатоци од снег кои дополнително создаваат немир и стрес кај пациентите, но и кај вработените. Ја користам оваа прилика јавно да ги повикам, иако два дена не одговараат на нашиот повик, надлежните служби кои се задолжени да дојдат и да обезбедат услови за непречено доаѓање во кругот на Болницата и на овој проблем да му се стави крај, тука доаѓаат пациенти непрекинато, Докторите и Сестрите неможат никаква асистенција да им пружат на пациентите на ваков терен. Се зачистува и самоволно но онаму каде се може, пред влез, пред врата, каде што неможе, секако дека треба механизација, на кратко истакна Д-р Цветановска-Трајкоска.

И од нашиот медиум апелираме што поскоро да се очистат остатоците од снег во установата, бидејќи е од најбитен карактер за градот, потоа на сите други места со цел непречено и безбедно возење со автомобил, пешачење итн.

ФОТО: Пациенти

ФОТО: Пациенти

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Спорт27 минути

Македонската ракометна репрезентација со „реми“ го започна големото натпреварување, испуштивме голема победа против Унгарците, но одиме понатаму!

Репрезентацијата на Македонија го постигна првиот бод на Светското првенство, бидејќи во првиот осминафинален натпревар ремизираше со Унгарија 27:27. Во...

Автомобили6 часа

Последните десет години овие популарни автомобилски брендови скокнале неверојатни 68 отсто за нивната куповна цена

Драматичниот скок на цените на новите автомобили во Европа открива загрижувачки тренд кој може да го промени начинот на кој...

Скопје7 часа

Скопјанка пријавила дека машко лице ја допирало по телото

На 14.01.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 18 – годишна девојка од Скопје пријавила дека во влез од станбена...

Lifestyle12 часа

Најдобрите утрински навики за здрав почеток на денот, тврдат кардиолозите

Утринските навики се важни за подобро расположение и мотивација. Тие исто така може да имаат различни здравствени придобивки и може...

Магазин12 часа

Не трошете пари за поправки! Шест знаци дека е време за нов мобилен телефон

Секој мобилен телефон има свој рок на траење. Еве како да препознаете кога е време да инвестирате во нов уред....

Магазин12 часа

Зошто корисниците на iPhone не се воодушевени од функциите на Apple AI?

Истражувањата покажуваат млака реакција од корисниците на iPhone кон функциите на вештачката интелигенција. Со лансирањето на iOS 18.1, Apple ги...

Магазин12 часа

OpenAI го претстави Tasks: Нов виртуелен асистент со вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција се пробива и во светот на виртуелните асистенти. OpenAI им зададе сериозен предизвик на технолошките компании што веќе...

Временска прогноза23 часа

Доаѓаат минусни температури и преку ден, ќе имаме силен мраз и замрзнати површини

Пред нас е исклучително ладно време, со многу ниски температури на воздухот, како во ноќните и во утринските часови, па...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за среда (15 јануари)

ОВЕН Ве очекува поволен период во кој ќе имате можност да извршите многу важни деловни обврски кои се пред вас....

Социјални мрежи1 ден

Иран ја укина забраната за социјалната мрежа „WhatsApp“ и „Google Play“

Иранските власти ја укинаа забраната за платформата за пораки WhatsApp и Google Play, што го означи првиот чекор кон олеснување...

НАЈЧИТАНИ