Следете не

Македонија

Полициски час во пет струшки села поради непочитување на препораките

Објавено пред

на

Струшките села Лабуништа Подгорци Боровец Октиси и Јабланица од вечерва се под посебни мерки по сосотанокот ос ОВР Струга, објави телевизијата „Канал5“.

Се известуваат жителите на Лабуништа, Подгорци, Боровец, Октиси и Јабланица  дека на ден 14.03.2020 година беше одржан состанок помеѓу месните Заедници на с.Лабуништа Подгрци Боровец Октиси и Јабланица  и претставници на ОВР Струга ПС Струга ПО Велешта ПС за ГН Лабуништа во врска со преземање на мерки за заштита од вирусот КОВИД 19.

Поради добиени сознанија за непочитување на препораките од Владата за самоизолација во период од 14 дена на лицата кои доаѓаат од високо ризичните земији каде се поголем замав зема ширенето на вирисот КОВИД 19 на одржанот состанок се донесоа следните заклучоци: Полициските службеници во претстојниот период засилено ќе вршат утврдување на идентитет низ улиците во с.Лабуништа Подгорци Боровец Октиси и Јабланица.

При доплнителни проверки доколку се констатира дека се легитмириани лица кои дошле од Високоризичните земји каде се шири коронавирусот и не се придржувале до препораките за 14 дена самоизолација во сопствените домови односно се затекнати како се движат низ с.Лабуништа Подгорци Боровец Октиси и Јабланица наведените лица може да одговараат кривично по член 205 и 206 од кривичниот закон на РМ односно може да се соочат со затворска казна до една година.

Доколку полициските службеници имаат сознанија за лица кои дошле од високо ризичните земији и не ги почитуваат препораките за самоизолација во сопствените домови ќе се вршат проверки дали тие се наоѓаат во сопствените домови и ја почитуваат одлуката на владата за самоизолација на наведените лица.

Сите преземени мерки се со цел да ја зачуваме нашата средина од ширење на вирусот КОВИД 19 и бараме да наидеме на разбирање од месното население,се наведува воопштението од Месните заедници на петте села..

Македонија

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

Објавено пред

на

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.

Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.

Прочитај повеќе...

Македонија

Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Објавено пред

на

©LukoilMacedonia

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.

– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.

БС Драчево

БС Драчево

Прочитај повеќе...

Македонија

(ФОТО) СВР Охрид реализираше едукативно-превентивна кампања „Не пиј кога возиш“, додека ОВР Кичево ја спроведе „Паркирај совесно, паркирај одговорно” за сите учесниците во сообраќајот

Објавено пред

на

ФОТО: Министерство за внатрешни работи

Изминатиов викенд, Отсекот за превенција при СВР Охрид, на подрачјето на Охрид, ја реализираше едукативно-превентивната кампања – „Не пиј кога возиш“. Целта на кампањата е насочена кон подигнување на степенот на безбедносна култура и на свеста кај граѓаните за зголемена внимателност и будност кај сите учесници во сообраќајот а пред се кај возачите на моторни и други возила што треба да придонесе за повисока безбедност во сообраќајот.

Притоа, полициските службеници од Отсекот за превенција, во соработка со полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид и со Републичкиот совет за безбедност на сообраќај на патиштата, на повеќе пунктови во градот и во приградските населби, на возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот, низ непосредна комуникација им укажуваа на доследно придржување кон правилата и прописите во сообраќајот, почитување на поставената сообраќајна хоризонтална и вертикална сигнализација, исклучиво придржување кон дозволената брзина на движење со моторни возила и некористење мобилни телефони во текот на возењето.

Посебно беше посочено дека, управување моторно возило под дејство на алкохол нема да биде толерирано и дека законските санкции, во такви случаи, ќе бидат доследно и неселективно применувани. На возачите на моторни возила, им беа поделени летоци и друг едукативен материјал со низа практични совети кои водат кон јакнење на личната, но и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Истовремено и полициски службеници од полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата при ОВР Кичево, на подрачје на Кичево ја спроведоа едукативно-превентивната кампања „Паркирај совесно, паркирај одговорно”. Полициските службеници во непосредните контакти со возачите на моторни возила како учесници во сообраќајот, укажуваа на потребата и законската обврска за одговорно придржување до законските одредби за безбедност во сообраќајот. Воедно, на возачите им беа делени едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП, известува Министерството за внатрешни работи.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Магазин3 часа

YouTube конечно ги намалува цените. Наскоро доаѓа нова опција Premium Lite без реклами

YouTube официјално ќе започне со поевтина претплата Premium Lite, која ќе им овозможи на корисниците да гледаат видеа без реклами...

Хороскоп10 часа

Хороскоп за сабота (22 февруари)

Овен Препораката е да водите сметка со кого соработувате во иднина за да немате поголеми проблеми. Потребно е да имате...

Македонија12 часа

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г....

Lifestyle18 часа

Како да го искористите празното шише за детергент за чистење?

Пред да фрлите нешто, размислете дали може повторно да се употреби. Овој совет важи за сè – од стари тегли...

Магазин18 часа

Старомодни колачиња со јаткасти плодови кои одлично се комбинираат со кафе или чај

Овие неодоливи колачиња со ореви ќе ги воодушеват и најпребирливите љубители на слатки. Совршени за оние моменти кога сакате да...

Храна18 часа

Рецепт за највкусна чоколадна торта: Тајната е во овие три неочекувани состојки

Секој љубител на чоколадни торти знае дека правењето на совршено мека, сочна и вкусна торта е уметност. Но, што ако...

Автомобили19 часа

BMW претстави експериментален автомобил со “супермозок” ВИДЕО

BMW го претстави новиот експериментален електричен автомобил Vision Driving Experience, опремен со својот компјутер Heart of Joy. Овој автомобил не...

Автомобили19 часа

Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo

Dacia, која веќе ја освежи својата понуда со моделот Spring, се подготвува да понуди нов електричен автомобил кој ќе биде...

Lifestyle19 часа

Храна која е ултра-обработена, но не е лоша за вашето здравје

Исхраната богата со ултра-обработена храна и нејзините ризици Многу студии ја поврзаа исхраната богата со ултра-обработена храна со зголемен ризик...

Магазин19 часа

Вечната дилема: HDMI, DisplayPort или USB-C – кој е најдобар избор за 4K монитор?

Кога ќе се обидете да поврзете нов 4K монитор, со сигурност ќе забележите различни портови на задната страна – HDMI,...

НАЈЧИТАНИ