Кичево
Манастирот „Св. Ѓорѓија Победоносец“ го одбележува својот патрон „Ѓурѓовден“ (ФОТО)

Манастирот „Свети Ѓорѓија Победоносец“, попознат меѓу народот како Кнежински манастир, денес го одбележува својот патрон „Ѓурѓовден“. По тој повод манастирот ќе го посетат голем број на верници како од Кичево така и од Битола, Охрид, Прилеп, Гостивар и други градови.
Традиционално за верниците кои ќе го посетат манастирот, ќе биде организиран и манастирски ручек или таканаречена „Трпеза на љубовта“.
Одбележувањето на патронот на манастирот ќе започне во 07.30 часот со утрена богослужба, а еден час подоцна ќе биде отслужена Света архиерејска литургија, со која ќе чиноначалствува свештеник од Кичевското архиерејско намесништво. За време на архиерејската литургија во манастирот ќе бидат присутни голем број на верници од регионот, кои во се поголем број го посетуваат ова духовно светилиште. Во текот на денот за верниците кои ќе го постетат манастирот, кумот организира манастирски ручек или таканаречена „Трпеза на љубовта“- вели отец, Александар Матески.
На овој празник традиционално се примопредава кумството од стариот на новиот кум, досегашниот кум Ивица Мисајлески, кумството на манастирот ќе го предаде на новиот кум, Орце Богданоски.
– Јас како голем верник во изминатите 12 месеци доброволно му служев на манастирот, за цело време се грижев во организацијата на сите верски свечености, го снабдував со дрва за затоплување и бев десна рака на монахињата, сестра Софија, за сите работи во и околу манастирот да бидат навремено завршени, а денес за верниците присутни на одбележувањето, ќе организирам и „Трпеза на љубовта“ или манастирски ручек- вели Ивица Мисајлески, досегашниот кум на манастирот.
Текст и Фото: Зоран Антоски
Кичево
Во сабота на кичевското „Китино Кале“ ќе се одржи забавна и едукативна сликарска сесија за деца и тинејџери, кои ќе истражуваат како ноќното небо ја инспирира уметноста низ историјата

Меѓународната вселенска алијанса (ISA) во партнерство со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (OSCE) доби грант за проектот „Interstellar Expressions: Fostering Cultural Unity through Celestial Arts”. Овој проект има за цел да ги обедини младите од различни етнички и културни заедници во Кичево преку активности поврзани со уметноста и науката за вселената.
Проектот опфаќа 4 работилници, од кои едната веќе беше реализирана (тука можеш да видиш повеќе информации https://fb.me/e/9u4QXdzsS).
Втората ќе се одржи оваа сабота итоа во два термини, има уште многу малку места, на база на „прв дојден – прв услужен“ регистрирајте се навремено на линкот подоле:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScLhJgOvuDYrC0kZ878C035T8-oP0RXYWv9DpniJ-EajP-Ifg/viewform?usp=sharing
Ова е Фејсбук Настанот: https://www.facebook.com/share/164Kja16UU/
Сликање на ѕвездите – Уметност инспирирана од ноќното небо!
Овој уникатен настан им овозможува на децата и тинејџерите да ја истражат врската помеѓу астрономијата и уметноста. Преку водена сликарска сесија, учесниците ќе научат како ноќното небо ги инспирирало уметниците низ историјата и ќе создадат сопствени уметнички ремек-дела инспирирани од ѕвездите.
Што ќе правиме?
Истражување на ноќното небо како уметничка инспирација
Креирање на сопствена галактичка уметност
Запознавање со познати уметнички дела инспирирани од ѕвездите
Забавно и интерактивно учење за врската меѓу науката и уметноста
Датум: 5 април
Сесија 1: 11:00 – 13:00 (возраст 8-12 години)
Сесија 2: 14:00 – 16:00 (возраст 13-18 години)
Локација: Китино Кале
Ограничен број места! Пријавете се сега за да ја резервирате вашата уметничка авантура!
Кичево
(ФОТО) Кичевската пиљара „Бамби“ денес слави прв роденден, верните потрошувачи ги дочекаа со изненадувања и попусти!

Пиљара „Бамби“ – Кичево позиционирана на ул „Борис Кидрич“ бр. 17 наполни 1 година постоење! Но тоа не е се, како фирма оваа година го прави својот јубилеј од 20 години постоење, причина повеќе за лојалност и доверба!
Секогаш свежо овошје и зеленчук, апетисани, прехрамбени производи, пијалок, кафе, чаеви, највкусни сладоледи, кетеринг намирници и што уште не!
Денес сосема нов уреден стил, со дополнителен асротиман на роба и производи, по барање на своите клиенти, а по повод специјалниот ден, односно роденденот, во просториите се реализира скромна здравица и изненадувања за купувачите. Најголемото изненадување беше мини-наградната игра во соработка со нивните партнери.
- Петто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Анор Јашари
- Четврто место, награда потрошувачки ваучер од 2000 ден производи во „Бамби“ доби Виктор Аврамоски
- Третото место производ „Блендер“ доби Николина Настески
- Второ место производ „Соковник“ доби Гоце Костески ексклузивно изјавуваќи за нас дека ова му е можеби една од ако не и единствена награда која му се паднала во животот.
- Како главна награда „Air Fryer“ по повод првиот роденден на „Бамби“, пристигна во рацете на кичевчанецот Индрит.
Посетете ги уште веднаш, и бидете дочекани со насмевка и брза услуга. Продавницата работи од понеделник до сабота со работно време од 08:00 до 22:00ч
Од нашиот медиум им посакуваме уште долги години да го слават во успех, хармонија и со истиот врвен квалитет, а купувачите тоа го препознаваат!
Кичево
Вечерва во НУЦК „Кочо Рацин“ – Кичево ќе се одржи детската претстава „Рибарот и златната рипка“

Ве известуваме за радост на нашите најмили и најмали во организација на кичевскиот Хор „Митрополит Козма Пречистански“ организира популарна детска претстава „Рибарот и златната рипка“ во изведба на познатиот актер Владо Дојчиноски и познати актери од нашето поднебје.
Претставата ќе се одржи вечерва 28.03.2025г. во НУЦК “Кочо Рацин” – Кичево, голема сала.
Влезот е бесплатен за сите заинтересирани.
Дом на Култура “Кочо Рацин” – Кичево
️ 19:30ч.
Бидете дел!
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (7 април)
-
Хороскоп11 часа
Хороскоп за вторник (8 април)
-
Временска прогноза2 дена
Попоски: Започна продор на ладен воздух, до вечер снежен циклон ја зафаќа Македонија на повеќе места
-
Мобилни уреди2 дена
Зошто е битен „авионскиот режим“ да биде приклучен додека патувате со авион
-
Скопје2 дена
МВР привремено одзеде 10 возила кои предизвикувале бучава и т.н. диви трки во Скопје
-
Македонија2 дена
Воведена забрана за тешки товарни возила за Стража, Маврово-Дебар
-
Временска прогноза1 ден
Метео+: Сибирски студ цела седмица, утринските температури дури до -10°C
-
Хроника23 часа
Лишен од слобода возач на „голф“, по сообраќајната несреќа во скопско каде загина малолетничка