Временска прогноза
Пролет во зима, продолжуваат надпросечните температури во нашиот регион
До крајот на оваа недела нашата територија ќе се наоѓа под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ која ќе условува сончево и невообичаено топло време за овој период од годината со умерена локална облачност. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.
Во Скопје и понатаму ќе се задржи стабилно, суво и сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, додека наутро ќе има услови за појава на слаба магла. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 15 до 17 степени.
Под влијание на циклонска активност, на почетокот од следната недела времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со засилен ветер од јужен правец. Локално ќе има услови и за нестабилност проследена со ретка појава на грмежи. Температурите на воздухот и понатаму ќе останат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.
Подготви: Славчо Попоски
Временска прогноза
Детали за новиот студен бран кој доаѓа од утре, посебно внимание за тие кои ќе патуваат преку македонските превои
Под влијание на многу ладен циклон и низок воздушен притисок, секако поврзан со студена воздушна маса од север, а циклонскиот систем ќе биде со центар над Средоземјето, од утре попладне (20 Декември) па се до 24 Декември (Вторник) во Македонија ќе има пообилни врнежи, кои најпрво на пониските места ќе бидат од дожд, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег, каде снежната покривка на планините и на Скијачките центри значително ќе се зголеми, и таа до 24 Декември во вечерните часови локално ќе изнесува близу 100 сантиметри, особено на оние поголеми надморски височини.
Поради веќе споменатиот продор на многу поладен воздух од север, од сабота, а особено во почетокот на следната седмица врнежи од снег ќе има во најголем дел од Македонија, и истите ќе бидат обилни, па така снежна покривка ќе се формира на многу пониски места (градови). Во источните предели ќе се формира снежна покривка со висина од 5 до 10 сантиметри, локално и повеќе, додека во западните предели таа ќе биде најголема и ќе биде со висина од 10 до 20 сантиметри, а понекаде и над 30 сантиметри. Помала снежна покривка се очекува да се формира и во Скопје и околината.
Сето ова ќе биде проследено со засилен повремено силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 65 км/час).
Што се однесува до температурите, тие од овој викенд значително ќе опаднат, а дополнително опаѓање на температурите се очекува од понеделник па натаму и минималните температури на воздухот на многу места во Македонија ќе бидат под нулата, додека максималните температури исто така на многу места ќе се задржат до околу, понекаде и под нулата.
Да напоменам дека поради силниот ветер кој се очекува да дува, се очекува појава и на снежни наноси, особено на повисоките и на планинските места, како и на Скијачките центри.
Со оглед на ваквата временска состојба, доколку патувате кон планинските превои, препорачувам да бидете крајно внимателни како управувате со своите возила, и тоа поради очекуваните обилни снежни врнежи и големата снежна покривка која се очекува. Исто така Скијачите да не се оддалечуваат на поголеми надморски височини, за да не дојде до нивно исчезнување како што беше случајот пред неколку денови, кога неколку Скијачи за среќа беа успешно пронајдени на Скијачите центри поради нивното исчезнување.
Од овој голем снежен бран секако ќе биде зафатен најголем дел од регионот, па така конечно после многу години Католиците ќе имаат Бел Божик, односно Божик со снег, информира Славчо Попоски, кој да напоменеме е еден од најдобрите метеоролози во земјава и пошироко.
Временска прогноза
Еве какво време не очекува викендот пред нас
Под влијание на нов ладен и влажен воздушен бран од север, поврзан со циклонската активност која ќе биде со центар над Средоземјето, во петок попладне и навечер најпрвин врнежите ќе бидат од дожд и локално ќе бидат пообилни, особено во сабота.
Како што напоменав, поради продор на ладен воздушен бран од север, во сабота на 21 Декември ќе дува засилен ветер од северен правец, па така на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, каде на планините постојаната снежна покривка ќе се зголеми, а снежна покривка ќе се формира и на повисоките места.
Исто така, во сабота на 21 Декември, поради споменатиот продор на значително поладен воздух од север, повремени врнежи од снег ќе има и во повеќе пониски места (градови), особено во северните и во западните предели, па токму во споменатите места можно е формирање на помала снежна покривка.
Во Скопје и околината за време на овој ладен и влажен бран од север, ќе има врнежи од дожд, а во сабота на 21 Декември на околните планини ќе има врнежи од снег каде ќе се формира снежна покривка. Услови за послаби врнежи од снег ќе има и во повисоките предели од котлината, а не се исклучува можноста по некоја снегулка да се појави и во делови од пониските предели од котлината. Сето ова исто така и во Скопскиот регион ќе биде проследено со засилен ветер од северен правец.
Температурите во сабота значително ќе опаднат и преку денот ќе се искачуваат во интервалот само од 0 до 8 степени, во Скопје и околината таа ќе се искачи до околу 4 степени, информира Славчо Попоски
Временска прогноза
Засилен ветер и снег е новата метео анализа за викендот кој ни доаѓа
Во петок на 20 декември попладне, преку ноќта кон сабота и во сабота 21 декември територијата на Македонија ќе биде зафатена од нов ладен и влажен воздушен бран од север, и истиот е поврзан и со циклонска активност со центар над Средоземјето.
Во ваква ситуација ќе има нови пообилни врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места до околу, па и под 1000 метри, а во сабота понекаде и во пониските места, особено во западните и во северните предели ќе има врнежи од снег. На планините ќе дојде до зголемување на постојаната снежна покривка, а снежна покривка ќе се формира и во повисоките места.
Помала снежна покривка можно е во сабота на 21 декември да се формира и во некои од градовите особено на западот и на северот од Македонија.
Што се однесува до Скопје и околината, исто така тие денови ќе има врнежи од дожд, а особено во сабота поради продор на ладен воздух од север, на околните планини ќе има врнежи од снег, а услови за повремен послаб снег ќе има и во повисоките предели од котлината. Не се исклучува можноста ретка појава на провејување на снег да се појави и во пониските предели од котлината.
Во сабота повремено ќе дува засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика температурите значително да опаднат и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 1 до 8 степени. Во Скопје до околу 4 степени, информира Славчо Попоски
-
Хороскоп20 часа
Хороскоп за четврток (19 декември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (18 декември)
-
Кичево2 дена
Соопштение од кичевската црква Св.Петар и Павле по повод благословување и осветување на славските колачи за големиот ден Св.Николај Мирликијски
-
Кичево1 ден
Дедо Мраз пристигна во Кичево, на голема радост на најмилите
-
Временска прогноза2 часа
Детали за новиот студен бран кој доаѓа од утре, посебно внимание за тие кои ќе патуваат преку македонските превои
-
Кичево25 минути
Утре ќе се изведуваат градежни работи на патот кон „Крушино“ – с.Кнежино, за таа цел ќе има времен прекин на сообраќај додека не се завршат активностите
-
Култура1 ден
Пред нас е големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Автомобили2 дена
По нивното автомобилско стратешко партнерство, дали производителите на автомобили „Honda“ и „Nissan“ ќе се спојат?