Временска прогноза
Рана најава и предупредување поради нагла промена на времето, зимските температури се враќаат во нашиот регион
По невообичаено високите пролетни температури на воздухот кој ги имаме веќе со денови и истите во најтоплите предели се искачуваа и над 20 степени, на повидок е спектакулартно враќање на вистинската зима кое ќе го услови продорот на поларен воздух од Сибир, и тоа од четврток во вечерните часови и во текот на ноќта кон петок.
Температурите на воздухот брзо ќе опаѓаат и тоа дури за 10тина степени, понекаде и за повеќе. Сето ова ќе биде проследено со умерен до засилен ветер од северен правец. Дали ќе има врнежи од снег, тоа останува да се следат понатамошните анализи околу временската состојба кај нас и развојот на нумеричките модели.
Инаку од утре до четврток следуваат серии на влажни воздушни бранови кој ќе условуваат повремени врнежи од дожд, локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ (над 30 л/м2, особено на запад). Во западните високи планински предели ќе има услови за врнежи од снег. Локално ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
До четврток ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Локално повремено истиот ќе биде и силен (над 60\70 км/час. Температурите на воздухот ќе бидат и ппонатаму над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17, 18 степени. Од четврток навечер како што најавивме нагло ќе опаѓаат.
НАПОМЕНА: Оваа нагла промена на времето (од пролетно во зимско време) лошо ќе влијае особено врз метеопатите, каде што се можни позначителни здравствени проблеми.
Текст: Славчо Попоски / Метеоаларм
Временска прогноза
Нашиот регион пред циклон од врнежи од дожд и заладување
Моќниот циклон кој е со центар северозападно од нас, оваа ноќ и утре (четврток) претпладне ќе условува врнежи од дожд, кои особено во западната половина ќе бидат обилни (локално над 30 литри дожд на метар квадратен), а има услови и за локална појава на грмежи.
Сето ова ќе биде проследено со засилен до силен ветер од западен и одс северозападен правец (повремено и локално со брзина од над 80/90 км/час), додека на планинските места со брзина до околу 100 км/час). Токму поради ова, апелирам, граѓаните да бидат крајно внимателни каде ги ставаат своите автомобили, односно истите да не ги ставаат во близина на дрвјата.
Поради продор на значително поладен воздух од север, во текот на оваа ноќ, и утре претпладне на повисоките места и на планините, особено во северните и во северозападните предели од државава врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и ќе се формира снежна покривка. Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и под 1000 метри надморска височина, со што услови за повремен снег ќе има и во повисоките населени места (градови).
Што се однесува до температурите, тие утре ќе бидат значително пониски преку ден и ќе се искачуваат во интервалот само од 4 до 12 степени, а на повисоките и планинските места ќе биде многу постудено.
И во Скопскиот регион исто така ќе има врнежи од дожд, кои во текот на оваа ноќ и утре претпладне на околните планини тие ќе преминат во снег, а не се исклучува можноста провејување на снег до утре претпладне да има и во повисоките населени места во Скопско. И во Скопскиот регион ќе дува засилен до силен ветер од северозападен правец, повремено со брзина од над 75 км/час, пишува Славчо Попоски
Временска прогноза
Според Европскиот центар за среднорочна прогноза во сабота го очекуваме првиот снег во Македонија и на Балканот, ова се последните информации..
Според најновиот излез на најажурниот прогностички модел (ECMWF) Европски Центар за Среднорочна Прогноза, истиот ги зголемува условите за врнежи од снег, како на повисоките места и на планините, така и на повеќето пониски места, и тоа во сабота (23.11.2024).
Покрај речиси целиот Балкан што ќе биде покриен со снег, и тоа поради силниот продор на студен воздух од север кон Балканот и во Македонија до сабота очекуваме на повеќето места врнежи од снег и големо опаѓање на температурите на воздухот, а температурите допрва ќе ги анализирам и јавноста околу ова навремено ќе биде информирана какви температури не очекуваат.
Значи, во сабота (23.11.2024) на повеќе места во Македонија ќе има повремени врнежи од снег, проследено со засилен северен ветер. Што се однесува до снежната покривка, на планинските и на повисоките места таа ќе биде со висина од 10 до 20 cм, на високите планини можно е таа да биде и поголема. Што се однесува до повеќето пониски места (градови) ќе има снежна идила, со очекувана снежна покривка од 4 до 10 цм. Особено повремени врнежи од снег во сабота се очекуваат во северните и во западните предели од Македонија.
Секако со овој бран во сабота, големи се условите да забелат и околните планини во Скопје. Слабо провејување на снег можно е и во повисоките предели од Скопската котлина.
Во следните метео објави следува нова, и по потреба обновена метео анализа токму околу очекуваниот снег во сабота (23.11.2024).
Да напоменам дека во четврток ќе имаме продор на ладен воздух, но тој ќе биде со помал интензитет за разлика од овој во сабота на 23 ноември, па така снег во четврток очекуваме само на планините, истакна Славчо Попоски
- Во овие веќе вечерни и ноќни часови времето речиси насекаде е ведро и студено. Температурите на многу места се околу, а понекаде и под нула степени. Најстудено вечерва како што можете да видите на картата е во Берово и во Битола со -2 степени. До изутринава температурите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека во Беровскиот регион температурата треба да биде и нешто поска, околу, или малкку под -5 степени.Сепак денес кон крајот на денот и вечерта од запад постепено облачноста ќе се зголемува, и во вечерните и ноќните часови кон среда ќе има појава на повремен локален дожд во западните предели од Македонија.
Временска прогноза
Попоски доцна вечерва издаде уште едно метео предупредување за силен ветер, на планинските места тој ќе достигне брзина до 100 км/ч
Метеорологот Славчо Попоски доцна вечерва издаде уште едно метео предупредување. Имено како што стои во соопштението тој истакна: Од среда до сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен, југозападен и од западен, а во сабота од северен правец (повремено и локално собрзина од 80 до 90 км/час, а во планинските места и со брзина до околу 100 км/час).
Токму поради ова препорачуваме крајна внимателност, но и да се внимава каде ги ставате вашите автомобили, односно да бидат понастрана од дрвата, особено од оние кои се постари!
-
Кичево2 дена
Пополнета рубрика 2024: „Зошто вредиТ да си од Кичево“ – некои натписи сигурно за прв пат ќе ги прочитате
-
Хороскоп18 часа
Хороскоп за четврток (21 ноември)
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за среда (20 ноември)
-
Временска прогноза21 час
Нашиот регион пред циклон од врнежи од дожд и заладување
-
Култура11 часа
Денеска е Св.Архангел Михаил, на помош празникот на војводата на сите ангели!
-
Автомобили1 ден
Истражување: Возачите најзадоволни од овие автомобилски брендови
-
Автомобили1 ден
Како да го продолжите животниот век на вашиот акумулатор?
-
Кичево27 минути
Во пресрет на новогодишните празници „Intellect Education“ од Кичево организира „Новогодишна магична работилница“ – каде со креативноста на вашите деца ќе создаваат производи