Следете не

Lifestyle

Со мене треба да знаеш како…

Објавено пред

на

Еден ден, додека седевме на една клупа во парк, тој се сврте и ми рече: „Кралице, со тебе човек треба да знае како…“

Претпоставив дека тоа значи: „Јас сега си заминувам.“ И си замина, уште пред да се случи нешто помеѓу нас. И тој беше во право. Ние сите треба да знаеме како едни со други, без оглед на тоа дали сум ја кралица или не.

Кога ќе се затворам во себе, треба да знаеш дали има смисла да се трудиш да ме отвориш или ќе биде доволно само да ми пријдеш, да ме погалиш по косата и да оставиш самата да се извлечам од мојата школка.

Кога се гледам во огледало, гледајќи ја кожата која старее, треба да знаеш дека е доволно да ми кажеш: „Убава си“, иако и двајцата знаеме што се случува со мене.

Кога ќе помислам дека сум промашен случај, треба да знаеш кои зборови ќе го ублажат тоа кукање, додека не ме фатиш за рака и не ме одвлечеш од рутината која ме гуши.

Кога крварам, треба да знаеш како и со што да ми помогнеш.

Кога ќе помислам дека сум во мрак, треба да знаеш дали да ги повлечеш завесите во соба.

Кога ќе те оттурнам од себе, треба да знаеш дека јас сакам да те привлечам, но не знам како да го покажам тоа.

Треба да знаеш дека јас не сум едноставна како некои жени, дека јас комплицирам сѐ што може да биде едноставно.

Љубовта станува комплицирана тогаш кога едниот од нас „не умее со другиот“.

Кога ти не умееш со мене, кога јас не знам како со тебе.

Кога моето отерување по ѓаволите не умееш да го чуеш како: „Ми требаш“.

Кога твоите раце не умеат да ги прочитаат знаците на моето тело.

Кога твоите усни не откриваат никакви тајни од моите усни.

Кога твоите прсти кои си ги вплеткал во моите, не чувствуваат што зборува срцето.

Кога во моите очи не гледаш ништо повеќе од подочњаци.

Кога бројот на моите воздишки ништо не ти значи.

Мора да знаеме како еден со друг.

Јас со тебе и ти со мене.

Инаку, подобро е да се разделиме пред да се раздени.

Lifestyle

Најдобрите утрински навики за здрав почеток на денот, тврдат кардиолозите

Објавено пред

на

Утринските навики се важни за подобро расположение и мотивација. Тие исто така може да имаат различни здравствени придобивки и може да обезбедат подобро здравје на срцето.

Кардиологот Ли Џоу за „Парад“ вели дека сака да го започне денот со појадок кој вклучува овошје и јаткасти плодови, две намирници кои се добри за здравјето на срцето. После тоа, тој прави нешто што многу луѓе често го занемаруваат: пие чаша вода.

Пиењето вода наутро е од суштинско значење за здравјето на срцето. Се препорачуваат осум чаши дневно бидејќи редовната хидратација го намалува ризикот од дијабетес и срцеви заболувања и поддржува регулација на крвниот притисок.

Додадете кратка прошетка после појадокот

Откако ќе испиете една чаша вода, можете да додадете уште една навика која е здрава за срцето – кратка прошетка. Кардиологот Даниел Херман препорачува секојдневно вежбање веднаш по појадокот.

„Навиката за здраво срце може да биде едноставна како брзо одење од 20 минути“. Тоа е мала инвестиција во здравјето на срцето која дава големи резултати на долг рок“, истакнува тој.

Д-р Херман објаснува дека кратката прошетка после појадокот веднаш го подобрува варењето, го регулира шеќерот во крвта и го намалува стресот, додека долгорочно го зајакнува срцето, ја контролира тежината и мускулниот тонус. Ако работите од дома, Херман советува свесно да планирате утрински прошетки за да ја зголемите вашата дневна активност.

Утринските навики кои треба да ги избегнувате

Многу луѓе имаат навика да го прескокнуваат појадокот, или поради зафатеност или поради воспоставени навики, но тоа може да има негативно влијание врз здравјето.

Д-р Дипак Талеја истакнува дека не треба да го прескокнувате појадокот, бидејќи тој е клучен за здравјето на срцето.

„Здравиот појадок, богат со влакна, витамини и цели зрна, го намалува холестеролот, воспалението и ризикот од срцев удар“, вели тој. Истражувањата покажаа дека прескокнувањето на појадокот го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести за 27 проценти. Тоа е исто така поврзано со зголемен крвен притисок, дебелина и дијабетес.

Извор: N1Info

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Водич за правилно миење на забите: Што треба да избегнувате

Објавено пред

на

Миењето на забите е клучно за одржување на добра орална хигиена, но многумина прават грешки кои може негативно да влијаат на здравјето на забите и непцата. Др. Сахил Пател, козметички стоматолог и основач на клиниката Marylebone Smile, споделува совети за правилно четкање и одржување на здрави заби.

Најчестите грешки и како да ги избегнете

  1. Прескокнување на четкањето навечер
    Доколку пропуштите четкање, направете го тоа наутро, а не навечер. За време на спиењето, производството на плунка се намалува, што овозможува остатоците од храна да предизвикаат штета побрзо.
  2. Брзо и површно четкање
    Подобро е да ги измиете забите темелно еднаш на ден отколку два пати набрзина. Неквалитетното четкање остава области непочистени, што води до проблеми со забите и непцата.
  3. Влажнење на четката пред пастата за заби
    Влажната четка го разредува дејството на пастата, предизвикувајќи побрзо создавање на пена, а со тоа и побрзо, но неефикасно чистење.
  4. Започнување од предниот дел на устата
    Започнете од задниот дел на устата, кој најчесто се занемарува. Ова осигурува дека и тешко достапните места ќе бидат темелно исчистени.
  5. Прекумерна сила при четкање
    Четката треба да се држи со доволно сила за нежно да се лизга по забите. Ако влакната се раширени, четката не е ефикасна.
  6. Погрешен избор на алатки
    Интерденталните четки се подобри од забниот конец за чистење помеѓу забите, бидејќи достигнуваат до агли и места недостапни за обичните четки.

Зошто е важно професионално чистење?

И покрај темелното четкање дома, не може да се постигне истото ниво на чистота како кај стоматологот. Стоматолозите користат специјализирани алатки и ултразвучни технологии за да ја отстранат тврдоглавата забна плоча.

„Четкањето заби е важно, но покрива само 90% од површината на забите. Останатите 10% можат да ги исчистат само стоматолог или дентален хигиеничар,“ објаснува др. Пател.

Со правилна техника, користење соодветни алатки и редовни посети на стоматолог, можете значително да го подобрите здравјето на вашите заби и непца.
Извор: Vecernji

Прочитај повеќе...

Lifestyle

Најдобра храна за природна детоксикација на телото

Објавено пред

на

Детоксикацијата, особено популарна по празниците, често се смета за начин да се ослободи телото од токсините, да се подобри здравјето и да се промовира губење на тежината. Иако нашето тело е природно опремено за детоксикација, одредени животни навики и храна можат дополнително да го поддржат овој процес.

Како да го подобрите природниот систем за детоксикација:

  • Намалете го внесот на алкохол – Прекумерното консумирање алкохол го оптоварува црниот дроб, главниот орган за детоксикација.
  • Обезбедете квалитетен сон – Доволниот сон му овозможува на мозокот да се ослободи од токсините акумулирани во текот на денот.
  • Пијте доволно вода – Водата помага во елиминацијата на отпадните материи од крвта.
  • Намалете го внесот на шеќер и преработена храна – Ова ги заштитува органите како црниот дроб и бубрезите.
  • Намалете го внесот на сол – Прекумерната сол предизвикува задржување на водата во телото.
  • Бидете физички активни – Редовната активност го намалува воспалението и го поддржува телото во процесот на детоксикација.

Најдобра храна за детоксикација

Одредени намирници може значително да го поддржат природниот процес на прочистување на телото. Еве ги топ 10-те храни за детоксикација:

  1. Ѓумбир
    Го подобрува варењето, ја намалува надуеноста и ги зајакнува имуниот систем. Консумирајте го во чај или додадете го свеж во сокови.
  2. Лук
    Содржи алицин, кој стимулира производство на бели крвни зрнца и помага во елиминацијата на токсините. Најдобро е да се јаде сиров.
  3. Артишок
    Богат со антиоксиданси и влакна, помага во варењето на мрсната храна и го подобрува здравјето на црниот дроб.
  4. Цвекло
    Суперхрана со магнезиум, железо и витамин Ц, која го прочистува црниот дроб и го подобрува здравјето на кожата и косата.
  5. Зелка
    Содржи антиоксиданти и помага во разградувањето на токсините во црниот дроб и дигестивниот тракт.
  6. Свежо овошје
    Богато со витамини, минерали и влакна, свежото овошје лесно се вклучува во секојдневната исхрана.
  7. Целер
    Прочистувач на крвта, го поддржува варењето и помага во решавање на проблеми со кожата.
  8. Крес
    Содржи витамини и природни диуретички својства кои помагаат во елиминација на токсините.
  9. Зелен лиснат зеленчук
    Кељ, спанаќ и блитва се богати со влакна и хлорофил, што помага во отстранување на токсините од околината.
  10. Зелен чај
    Исклучително богат со антиоксиданси, зелениот чај го поддржува здравјето на црниот дроб и го забрзува процесот на детоксикација.

Со додавање на овие храни во вашата исхрана и прифаќање здрави навики, ќе му помогнете на вашето тело природно да се ослободи од штетните токсини.
Извор: N1Info

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

На денешен ден4 часа

На денешен ден – 16 јануари

1778.- Франција ја призна независноста на Соединетите Држави за време на американската војна за независност од британското колонијално владеење (1775-83)....

Временска прогноза4 часа

Стабилизација и целосно разведрување, но со многу ниски ноќни и утрински температури, нови снежни врнежи за сега на повидок после големиот празник Богојавление „Водици“

Од овој петок, па за време на викендот ќе имаме стабилизирање и целосно разведрување на времето во Македонија, и истото...

Хороскоп5 часа

Хороскоп за четврток (16 јануари)

ОВЕН Можеби се премногу посветени на некои ситни обврски и проблеми, па ги занемарувате оние крупните. Може да очекувате пријатна...

Спорт6 часа

Македонската ракометна репрезентација со „реми“ го започна големото натпреварување, испуштивме голема победа против Унгарците, но одиме понатаму!

Репрезентацијата на Македонија го постигна првиот бод на Светското првенство, бидејќи во првиот осминафинален натпревар ремизираше со Унгарија 27:27. Во...

Автомобили11 часа

Последните десет години овие популарни автомобилски брендови скокнале неверојатни 68 отсто за нивната куповна цена

Драматичниот скок на цените на новите автомобили во Европа открива загрижувачки тренд кој може да го промени начинот на кој...

Скопје12 часа

Скопјанка пријавила дека машко лице ја допирало по телото

На 14.01.2025 во 22.00 часот во СВР Скопје, 18 – годишна девојка од Скопје пријавила дека во влез од станбена...

Lifestyle17 часа

Најдобрите утрински навики за здрав почеток на денот, тврдат кардиолозите

Утринските навики се важни за подобро расположение и мотивација. Тие исто така може да имаат различни здравствени придобивки и може...

Магазин17 часа

Не трошете пари за поправки! Шест знаци дека е време за нов мобилен телефон

Секој мобилен телефон има свој рок на траење. Еве како да препознаете кога е време да инвестирате во нов уред....

Магазин17 часа

Зошто корисниците на iPhone не се воодушевени од функциите на Apple AI?

Истражувањата покажуваат млака реакција од корисниците на iPhone кон функциите на вештачката интелигенција. Со лансирањето на iOS 18.1, Apple ги...

Магазин17 часа

OpenAI го претстави Tasks: Нов виртуелен асистент со вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција се пробива и во светот на виртуелните асистенти. OpenAI им зададе сериозен предизвик на технолошките компании што веќе...

НАЈЧИТАНИ