Следете не

Временска прогноза

Сончево и топло време денес, од утре дожд

Објавено пред

на

[sg_popup id=”24471″ event=”onLoad”][/sg_popup]

Времето во земјава ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. УВ индексот ќе биде 8.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17, а дневната од 22 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. УВ=8

Утринската температура ќе достигне до 14, а дневната до 31 степени.

Следува период на потопло време со пораст на дневните температури. Во петок во попладневните часови ќе има изолирана појава на дожд и грмежи.

Временска прогноза

Оваа седмица продолжува периодот на под просечни температури за септември со чести врнежи од дожд и грмежи

Објавено пред

на

Циклонската активност која не зафати уште од изминатата седмица, продолжува и во текот на оваа, и истата ќе условува да имаме чести повремени локални врнежи од дожд и тие локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи како и со засилување на ветерот. И во Скопскиот регион во текот на оваа седмица продолжува променливото време со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината тие повремено ќе бидат поројни и со услови за појава на грмежи, како и со засилување на ветерот.

Што се однесува до температурите, тие остануваат невообичаено ниски за месец септември, па така наутро на многу места ќе се спуштаат  и под 10 степени, понекаде и под 5 степени, а особено на високите планински места температурата очекуваме да се спушти и до околу нулата, со што е можна  и појава на првиот мраз за оваа сезона. Преку ден исто така останува свежо со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени. Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 9 и 14 степени, додека максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 21  и 24 степени.

Да напоменам дека ладниот  и влажен бран кој изминатата ноќ ја зафати Македонија, го донесе  првиот снег за оваа сезона  и на високите предели на Шар Планина, претходно снег падна  и на Пелистер, за Порта.мк пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Викендов големо заладување на времето, ќе дува силен ветер, а ќе имаме и дожд

Објавено пред

на

Добро утро почитнувани читатели. За време на овој викенд, и тоа особено од утре (недела), и тоа поради продор на многу поладен воздух од север, ни следува дополнително заладување на времето, а сето ова ќе биде проследено и со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет.

Денес (сабота) повремено ќе дува силен ветер од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час), додека утре (недела) повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.

И во Скопскиот регион за време на овој викенд ќе има појава на повремен локален дожд. Денес (сабота) повремено ќе дува засилен југозападен, а утре (недела) северозападен ветер.

Поради падот на температурите на воздухот, не се исклучува можноста на највисоките планински врвови во Македонија (над 2000 м.н.в) да провее и првиот снег за оваа сезона.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат далеку под просекот за месец септември, особено од утре (недела), кога максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот само од 14 до 23 степени.

Во текот на утрешното неделно утро пак минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 13 степени, пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Временска прогноза

Од утре нашиот регион влегува во нов подолг период на променливо време со чести врнежи од дожд

Објавено пред

на

По краткотрајната стабилизација на времето која ја имаме, веќе од утре (петок) влегуваме во нов подолг период на променливо време со чести врнежи, додека поради продор на многу поладен воздух од север, температурите дополнително ќе опаднат и ќе бидат невообичаено ниски за овој период од годината.

Утре (петок) од запад ќе се прошират нови врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи како и со засилен ветер. Локално се можни поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме. Утре (петок), како и во сабота ќе дува повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 70 км/час).

Во сабота и во недела ќе има појава на повремен локален дожд, додека во текот на следната седмица и тоа под влијание на серија влажни воздушни бранови повремено ќе имаме пообилни врнежи од дожд. Поради падот на температурите, за време на викендот, како и во текот на следната седмица, не се исклучува можноста на највисоките планински места (над 2000 м.н.в) да има провејување  и на првите снегулки за оваа сезона.

И во Скопскиот регион утре (петок) се очекуваат нови врнежи од дожд, а ќе дува и засилен јужен ветер. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Во сабота и недела во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд, а во текот на следната седмица повремено ќе има пообилни врнежи од дожд.

Што се однесува до температурите, тие наутро, но и преку ден ќе бидат невообичаено ниски за овој дел од годината. Наутро на многу места тие ќе се спуштаат под 10 степени, понекаде и под 5 степени,  а особено на повисоките  и на високите планински места тие ќе се спуштаат  и до околу, па дури и под нулата. Не се исклучува можноста за време на викендот, како и во текот на следната седмица во Македонија да се појави и првиот утрински мраз за оваа сезона, особено на високите  и на планинските места.

Максималните дневни температури пак , од викендов, па  и во текот на следната седмица ќе се искачуваат во интервалот претежно од 15 до 23 степени, пишува Славчо Попоски

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Македонија1 час

РЕК Осломеј, Битола и ТЕЦ Неготино добија ново раководство

Управниот одбор на АД ЕСМ денеска именувал нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети во рамките на компанијата. Оттаму...

Кичево3 часа

(ФОТО) Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес ја посети кичевската касарна ,,Чеде Филиповски – Даме’’

Денеска министерот за одбрана г-дин Владо Мисајловски заедно со Заменикот на Началникот на Генералштабот, генерал мајор Азим Нуредин, командантот на...

Автомобили7 часа

Најчестите причини зошто автомобилот троши повеќе гориво

Цените на горивото се високи, па повеќето луѓе се трудат да штедат на секој чекор, а еден од нив е...

Lifestyle8 часа

Експертите потврдија: Ова е официјално најздравиот зеленчук во светот

Сите знаеме дека свежите производи како овошјето и зеленчукот се камен-темелник на здравата исхрана, но дали некогаш сте се запрашале...

Lifestyle8 часа

Вистински избор за борба против настинка: Овој напиток многу ќе ви помогне со симптомите

Новинарката на Експрес Дијана Бунтајова го сподели своето искуство со напитокот од ѓумбир за зајакнување на имунитетот, кој го проба...

Lifestyle8 часа

Кафе или чај? Предности и недостатоци на овие два омилени топли напитоци

И кафето и чајот имаат долгорочни позитивни здравствени ефекти, но со двете мора да внимавате колку пиете и колку кофеин...

Магазин8 часа

iOS 18 носи супер корисна функција за полнење на iPhone

iOS 18 носи предупредување за бавно полнење и нови опции за ограничување на полнење за подобро управување со батеријата на...

Хороскоп19 часа

Хороскоп за четврток (19 септември)

ОВЕН Немојте да очајувате поради раскинувањето со партнерот, ве очекуваат многу возбдливи моменти и без него. Уживајте во овој ден,...

Спорт1 ден

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години запиша уште една победа во одлична игра на предводниците на Исени

Младата фудбалска селекција на Македонија до 15 години одигра уште еден добар натпревар и запиша нова победа на меѓународниот УЕФА...

Автомобили1 ден

Револуција: Создаден прототип на нова батерија за електрични автомобили

Европските научници тврдат дека постигнале значителен напредок во батериите за електричните автомобили. Прототипот развиен во Белгија ветува значително поголема енергетска...

НАЈЧИТАНИ