Македонија
Мајки, татковци, наставници – Среќен почеток на вашите првачиња!

Прв училиштен ден, во многу семејства осамнат низ мала вознемиреност, помешана со радост и исчекување.
На влезната врата од училиштето со второ име Нашето Училиште, сѐ е подготвено за малите првачиња. Ќе ги пречека весела и малку збунета раздвиженост. Детски искрено и можеби срамежливо, ќе си подадат раце некои поранешни и многу нови другарства.
Заедно, како дел од развлечените колони кои првпат денес ќе се направат, ќе ја следат приредбата за добредојде. Потоа, училишното ѕвонче конечно ќе го означи почетокот на првиот час.
По некоја солза ќе светне во очите на мама, или некој друг, и големата авантура за првачиња деца и првачиња учители, ќе може да почне.
-како се викаат новите другарчиња;
-по кој пат се стигнува до училницата;
-кои се другите простории;
-што можат да прават на час, а што на одмор;
-како се позајмува, помага, соработува, споделува, учи…
Заедно со најмалите ученици ќе растат и нивните родители. Тоа растење не е секогаш едноставно, за толку пораснати првачиња. Учејќи ги своите деца и тие ќе учат:
-како да дадат безрезервна поддршка, а да не презаштитуваат;
-што можат и што не можат да очекуваат во Нашето Училиште;
-зошто секој ученик се натпреварува сам со себе и никој не е секогаш најдобар во сѐ;
-како да се справат со промените, во семејството со нова титула – семејство на прваче…
Прв училиштен ден во многу училишта. Ќе се обидеме нежно да ги внесеме во еден нов свет, нашите мали првачиња. Во него, како што деновите ќе минуваат, полека ќе почнат да го препознават своето второ семејство. Ќе бидат многу слични, но и различни, секој на свој единствен начин. Ајде така да ги видиме и така да ги разбереме, сите ние кои имаме одговорност и привилегија да бидеме тука за нив, додека растат.
Да им дадеме време и да бидеме трпеливи со одговорите.
Да им посакаме, лесно да се справуваат со предизвиците и лесно да го пронаоѓаат скриеното богатство на островот Нашето Училиште.
Да им помогнеме, да бидат успешни ученици, кои со радост ќе ги совладуваат задачите и секојдневно ќе ги откриваат убавините во другарувањето, знаењето, љубовта, играта…
Да им кажеме СРЕЌЕН ПОЧЕТОК на сите денешни првачиња – ученици, родители и учители!
Извадок од архива на Елизабета Петровиќ
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Македонија1 ден
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Временска прогноза10 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Хороскоп5 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Македонија13 часа
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди11 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Автомобили2 дена
Dacia подготвува електричен автомобил поевтин од новото Twingo
-
Магазин2 дена
Како да ја зачувате батеријата на телефонот: Четири клучни совети