Македонија
Стартува проектот ,,Wake up your school – become an active citizen” во рамки на Програмата Erasmus +

Во рамките на Програмата Еrasmus+, ОСУ ,,Мирко Милески”- Kичево оваа учебна година ќе продолжи да учествува со уште еден нов проект. Имено од 01.09.2020 година училиштето е партнер во меѓународниот проект: ,,Wake up your school – become an active citizen” преку програмата Erasmus+ . Стратешкото партнерство е формирано помеѓу средни училишта од: Полска(главен координатор на проектот), Италија, Република Македонија и Бугарија. Проектот ќе трае две години, односно до 31.08.2020 година и истиот ќе се одвива на англиски јазик.
-,,Станува збор за мултидимензионален проект преку кој наша интенција е да развиеме цивилни компентанции кај учениците, ширење на активно учество на учениците во цивилниoт живот, поддршка на учениците да станат активни и одговорни eвропски граѓани. Активностите планираме да бидат организирани околу следниве теми: Европски вредности и права, демократски процедури, улогата на Младинското тело во училиштата, волонтирање и интеракција меѓу младите луѓе, локалната заедница и невладините организации.
Реализацијата очекуваме да има силен импакт врз учениците, родителите, наставниците, менаџментот на училиштето како и врз локалната самуправа. Учесници во проектот и наши соработници се: Локалниот младински совет, невладини организации, претаставници од МОН и БРО и други иницијативи.
Во интерес на остварување на целите на проектот очекуваме голема поддршка и соработка со локалната самоуправа, младинскиот општински совет како и масовна вклученост на нашите ученици” изјави Каролина Јовеска, координатор на проектот од ОСУ,,Мирко Милески”-Кичево.
Македонија
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба

На 21.02.2025 година во 11,05 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, случајни минувачи на кеј „Македонија“ во водите на Охридското езеро, забележале неексплодирана бомба.
Местото е обезбедено од полициски службеници а овластен претставник на Дирекција за заштита и спасување, безбедно ја подигнал по што е пренесена за натамошна постапка, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Македонија
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

АМСМ издаде известување за работа на пат, кое гласи: На автопат А1, делница Демир Капија – Смоквица од 20.02.2025 г. до 31.05.2025 година, поради изведба на реконструкција на левата тунелска цевка на Тунел Т2 ќе има времена измена на сообраќајот.
Левата тунелска цевка на тунел Т2 е целосно затворена за сообраќај, а сообраќајот е целосно пренасочен во десната тунелска цевка со двонасочно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Нова бензинска станица на ЛУКОИЛ во Гостивар, целосно модернизиран објект во населба Драчево

Реномираниот бренд Лукоил Македонија кој 20 години постои на пазарот, синоним за успех и квалитет, достигнувања во работењето и квалитетот на услугите, во рамки на денешниот ден ја отвори 40-тата бензинска станица во Гостивар, на барање на потрошувачите. Таа се наоѓа на ул. 101 бр.5, снабдена со најдобриот асортиман на производи во маркет, најдобрите ЕКТО еколошки горива, ТНГ автоплин и препознатливото највкусно кафе.
– Претходно, модернизирана беше и бензинската станица во населба Драчево, а во тек се реализации на повеќе бензински станици, на превој Стража и други.
-
Македонија2 дена
Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“
-
Хороскоп2 дена
Хороскоп за сабота (22 февруари)
-
Хороскоп16 часа
Хороскоп за недела (23 февруари)
-
Временска прогноза22 часа
Студот ќе попушти, ќе имаме магла и услови за слаби врнежи од дожд и од снег следната седмица!
-
Спорт2 часа
(ФОТО) „ФК Кичево“ денес ги продолжи подготовките за пролетната сезона со пријателски натпревари во Битола и Кичево на домашен терен
-
Македонија1 ден
Во водите на охридско езеро минувачи забележале неексплодирана бомба
-
Мобилни уреди22 часа
Крај на една ера, „Apple“ ја прекина една од најпрепознатливите функции на „iPhone“ по 18 години
-
Здравје и убавина5 часа
Ова се 5 работи поврзани со забите, кои предупредуваат за опасни промени во вашето општо здравје