Кичево
Вчера во Кичево бил нарушен јавниот ред и мир од лице жител на струшко село
На 21.12.2020 година во 12:15 часот, на булеварот „Ослободување“ во близина на железничката станица“ во Кичево, О.Ќ. (27) од струшкото село Лабуништа, го нарушил јавниот ред и мир со карање, викање и непристојно однесување кон граѓаните.
Тој е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор/Превземено од Дневен билтен за медиуми
Портпарол: Стефан Димоски / СВР Охрид
Кичево
Дедо Мраз пристигна во Кичево, на голема радост на најмилите
Токму така, секој ден со почеток од 12:00 до 20:00ч, во недела од 12:00 до 19:00ч, на радост на најмилите, оние кои најмногу му се радуваат на Дедо Мраз, „ФОТО Зоран“ специјално ви нуди професионално фотографирање.
Не ја пропуштајте уникатната понуда да ја овековечите годината со спомени на кои со задоволство ќе се навраќате, а од 2-ри јануари Дедо Мраз ќе биде гостин и на најголемиот Хуманитарен Базар на градскиот плоштад во Кичево.
Добредојде Дедо Мраз и кај нас, Хо Хо Хо… Дечиња, ве покануваме заедно да се забавуваме со Дедо Мраз и да се фотографираме.
Кичево
Соопштение од кичевската црква Св.Петар и Павле по повод благословување и осветување на славските колачи за големиот ден Св.Николај Мирликијски
Кичевската Православна црква Св.Апостоли Петар и Павле преку соопштение ги известува верниците кои ја слават домашната слава и именденот посветени на свети Николај Мирликијски (Св.Никола), дека на ден 18.12.2024 година (среда) со почеток од 06:00 часот, па се до 15:30 часот ќе се благословуваат славските колачи.
Исто така, на ден 19.12.2024 година (четврток), ќе се осветуваат славските колачи со почеток од 07:30 часот, па сѐ до 12:00 часот на пладне.
Се повикуваат верниците да бидат трпеливи додека очекуваат да им се благословат колачите, се вели во интегралното соопштение за јавноста.
Кичево
Кичево се спрема за најубавите празнични денови од годината, плоштадот ќе биде украсен со најубавата „Витлеемската Пештера“ и огромна елка со многу подароци и лампиони
Кичево традиционално се подготвува за празничните денови, на голем радост на најмалите но и на возрасните. И оваа година нашиот град ќе биде украсен со Витлеемската Пештера и природна елка накитена со убави лампиони и подароци, поставени во центарот на градот на старото место минатата година.
Активно се спрема и „Хуманитарниот Божиќен Базар“ кој ќе започне официјално од 2-ри јануари (четврток) од 18:00ч, а ќе имаме одлична програма и многу забава.
Благодарение на група граѓани кои несебично помагаат околу ефикасноста на организацијата и допринесуваат и оваа година ќе блесне најдобриот спектакл во нашиот град, овој пат збогатен со многу изненадувања, богата трпеза за уште поголем хуманитарен карактер – како главно мото!
За сите новости и дополнителни изненадувања, како и за комплетната агенда ќе ве известуваме благовремено!
p.s. Сите кои сакаат да бидат дел и да придонесат, можат да ни се приклучат и заеднички да направиме нешто повеќе за нас и нашите генерации кои доаѓаат по нас, контрактирајте не со порака ТУКА, или на тел. ☎️ 078/655-993
Повеќе информации за „Хуманитарниот Божиќен Базар“ ќе најдете ТУКА
-
Хороскоп24 часа
Хороскоп за среда (18 декември)
-
Кичево1 ден
Кичево се спрема за најубавите празнични денови од годината, плоштадот ќе биде украсен со најубавата „Витлеемската Пештера“ и огромна елка со многу подароци и лампиони
-
Кичево1 ден
Соопштение од кичевската црква Св.Петар и Павле по повод благословување и осветување на славските колачи за големиот ден Св.Николај Мирликијски
-
Кичево8 часа
Дедо Мраз пристигна во Кичево, на голема радост на најмилите
-
Временска прогноза1 ден
Еве какво време не очекува викендот пред нас
-
Автомобили1 ден
По нивното автомобилско стратешко партнерство, дали производителите на автомобили „Honda“ и „Nissan“ ќе се спојат?
-
Култура5 часа
Пред нас е големиот празник Св.Никола, светоцот заштитник на децата, сиромашните и работниците, за многу години најчестата слава во македонските домови!
-
Социјални мрежи1 ден
Апликацијата „ТикТок“ за социјалните медиуми се соочува со проблеми, дали и предочи потенцијална забрана во САД?