Здравје и убавина
Виното го намалува ризикот од срцев удар

Препораките за „умерено консумирање“ се 1-2 чаши на ден за жени и 2-4 чаши на ден за мажи. Оваа препорака не го оправдува пиењето на 12 чаши вино во неделно попладне
Многу студии потврдиле дека умерено консумирање вино значајно ја намалува смртноста од кардиоваскуларните заболувања. За благотворното дејство на виното знаел уште и Хипократ, кој го користел како антисептик, седатив, во подобрување на работата на дигестивниот систем и како дел од секојдневниот начин на исхрана.
ПРВИТЕ СОЗНАНИЈА ЗА ЛЕКОВИТИТЕ СВОЈСТВА НА ВИНОТО
Виното има долга и богата историја илјада години наназад. Првите археолошки докази за неговото постоење потекнуваат од пред 8000 години од Грузија, а во Европа првпат е забележано пред 4500 год. Виното било често користено и споменувано кај старите Грци и Римјаните во религиозни и медицински цели, како и во секојдневниот социјален живот. Неговата примена во медицината потекнува уште од времето на Хипократ, кој го користел како антисептик, седатив, во подобрување на работата на дигестивниот систем и како дел од секојдневниот начин на здрава исхрана. Францускиот парадокс за заштитната улога на црвеното вино при консумирањето на масна и висококалорична храна доаѓа уште од 1979 година кога била поставена хипотезата за намалена појава на кардиоваскуларни заболувања и смртност во Франција, со континуирана и умерена употреба на вино. Четири големи студии изведувани во земји со различни популации, различен животен стил и навики (Данска, Калифорнија, Британија и Франција) уште еднаш го потврдија позитивното влијание на умерени количини вино во намалување на смртноста од кардиоваскуларни заболувања.
ПОЗИТИВНИТЕ ВЛИЈАНИЈА НА ВИНОТО
Во 1993 година докажано е постоењето на специфични компоненти во виното, полифеноли (ресвератол и процианиди) кои имаат улога на антиоксиданси и ја инхибираат оксидација на „лошиот“ ЛДЛ-холестерол. Значаен бенефит е докажаниот механизам за константно покачување на „добриот“ ХДЛ-холестерол во крвта како резултат на зголемената синтеза во хепарот. Виното го намалува процентот на миокарден инфаркт. Постои разлика меѓу француското и германското вино, каде што подобриот квалитет на француското вино се припишува на неговата поголема продукција на азотниот оксид (NO) поради застапеноста на полифенолите. Tие се важни во намалување на процесот на атеросклероза на крвните садови.
ПИЈТЕ УМЕРЕНО
Виното во мали количини, како релаксант доведува до намалување на крвниот притисок во првите неколку часа. Кај здравата популација црвеното вино го покачува крвниот притисок за 2-3 мм живин столб. Кај лицата со висок крвен притисок, влијанието на виното во покачување на крвниот притисок е поголемо, а со тоа и потребата од поголема доза на терапијата за висок крвен притисок. Виното делува инхибиторно на канцерогените механизми на клетката и го намалува ризикот од појава на рак.
Секојдневното конзумирање на црвено вино во умерена количина има заштитна улога во организмот. Тоа е таканаречена ј-форма на ефектот на црвеното вино во умерени количини, спротивно на апстиненцијата и алкохолната злоупотреба.
ДОЗВОЛЕНИ КОЛИЧИНИ НА ВИНО
Дозволената количина може да варира зависно од полот, возраста, генетските фактори, телесната тежина, конзумирањето на разни видови храна и употребата на лекови. Женскиот организам има тенденција за побрза апсорпција на алкохолот поради тоа што содржи помало количество вода во организмот и помало ниво на стомачни ензими. Поради тоа умерената количина за мажи и жени на иста возраст и со иста телесна тежина не е еднаква. Препораките за “умерено консумирање “ се 1-2 чаши на ден за жени и 2-4 чаши на ден за мажи. Оваа препорака не го оправдува пиењето на 12 чаши вино во неделно попладне. Се препорачува консумирање на црвено вино за време на оброк со што се намалува ресорпцијата на мастите, како и помалото влијание врз крвниот притисок. Злоупотребата на алкохолот штетно влијае на повеќе органи и може да доведе до покачен крвен притисок, нарушувања во крвта, оштетување на црниот дроб, канцерогени промени, неплодност, оштетување на мозокот, најчесто деменција, псоријаза, мозочен удар, мускулна атрофија, а за време на бременоста може да настане ментална ретардација на плодот. Кај пациентите со одредени ревматски заболувања не се препорачува алкохол поради неговиот ефект во зголемувањето на уричната киселина во крвта. Поради “неизвесниот” ефект на алкохолот, не се препорачува кај кардиомиопатиите. Мора да се напомене неговото интерактивно дејство со одредени лекови како што се нитроглицерин, анксиолитици, неуролептици и контрацептиви.
ЦРВЕНО ИЛИ БЕЛО ВИНО
Црвеното вино има поголема заштитна улога од белото вино и пивото. Сепак, до сега не се направени многу долгорочни студии кои со сигурност би ги потврдиле или негирале предностите на црвеното вино во однос на другиот вид алкохол. Предноста на консументите на вино е нивниот подобар стил на живот со најчесто користење на лесна и здрава храна (овошје, зеленчук, фибрати), помалиот процент на пушачи и подобри социо-економски услови. Во Франција била забележана помала стапка на смртност до 50% во деловите каде е почеста употребата на црвено вино, споредено со деловите на земјата каде поголема била употребата на бело вино. Тоа се должи на помалите количини на содржан ресвератол во белото вино. Епидемиолошките наоди од Северна Америка тврдат дека не постои битна разлика меѓу црвеното и белото вино, што може да се објасни со различната исхрана во Европа и во Америка, како и поголемата застапеност на храната во однос на алкохолот во оброците кај американската популација. Епидемиолошките испитувања го потврдија бенефитот од конзумирање на умерена количина црвено вино за превенција и намалување на кардиоваскуларните заболувања. Поради овие факти предност му се дава на црвеното вино кое ги содржи сите специфични компоненти (полифеноли) одговорни за молекуларните механизми во антиоксидативниот, антиинфламаторниот и антилипемискиот ефект.
Текстот е преземен од здравствениот блог на Клиничката болница „Аџибадем Систина“ – Daily dose of health
Здравје и убавина
За поздраво срце, најдобро е да вежбате подоцна наутро

Вежбањето помеѓу 8 и 11 часот е поврзано со најмал ризик од срцеви заболувања и мозочен удар, покажа новото истражување на повеќе од 86.000 учесници.
Во споредба со поединците кои биле поактивни во средината на денот, оние кои биле најактивни наутро помеѓу 8 и 11 часот имале 11 до 16 отсто помал ризик од развој на коронарна срцева болест. Кај жените ризикот е намален за 22 до 24 отсто, пренесува порталот Medical News Today.
За 17 отсто помал ризик од развој на мозочен удар бил забележан кај утринските вежбачи, а кај жените овој процент бил 35 отсто.
Резултатите беа објавени во European Journal of Preventive Cardiology.
„Добро е познато дека вежбањето е добро за срцето, а нашата студија покажува дека утринската активност е најкорисна за ова“, вели еден од авторите на студијата, Гали Албалак од Медицинскиот универзитетски центар во Лајден, Холандија.
„Резултатите се особено изразени кај жените, а се однесуваат и на ранобудниците и ноќните птици.
Сите учесници во студијата, 86.000 од нив, биле на возраст меѓу 42 и 78 години. Просекот бил 62 години. На почетокот на истражувањето тие не боледувале од кардиоваскуларни заболувања, но во просек биле дебели.
Нивната физичка активност била следена секој ден од февруари 2013 до 2015 година со помош на монитори за зглобови.
Научниците потоа ги следеле шест до осум години, до нивниот прв прием во болница или смрт поврзана со срцеви заболувања или мозочен удар.
Во тој период речиси 3.000 од нив развиле коронарна артериска болест, а речиси 800 од нив доживеале мозочен удар. Испитаниците кои биле физички активни помеѓу 8 и 11 часот имале најмал ризик од двете состојби, покажа студијата.
„Ова е набљудувачка студија, па не можеме да објасниме зошто врската е поизразена кај жените“, рече Албалак.
„Резултатите од нашето истражување се дополнителен доказ за здравствените придобивки од физичката активност и укажуваат дека утринската активност, особено доцните утрински активности, е најкорисна.
Лекарите препорачуваат возрасните да вежбаат умерено од 150 до 300 минути неделно, или 75 до 150 минути ако го прават тоа поенергично.
Здравје и убавина
Овој напиток го нормализира шеќерот во крвта, еве за што станува збор

Дијабетесот не е само смртна закана за сите оболени, туку предизвикува и многубројни тешкотии. За човек да продолжи да функционира нормално, по развивањето на оваа пеколна болест, важно е да го одржува шеќерот во нормала.
Тоа е можно да се изведе со редовна и здрава храна, лекови како и традиционалната медицина која многу помага и ги олеснува непријатните симптоми.
За овој лек ви се потребни само две состојки.
Состојки:
300 гр корен од целер
6 лимони
Подготовка:
Изрендајте го исчистениот корен од целерот и ставете го во емајлирано тенџере кое не смее да биде оштетено. Во тенџерето додадете и свеж цеден сок од лимон. Затворете го добро тенџерето и ставете го во друго, поголемо тенџере со вода. Варете додека водата во долното тенџере да зоврие.
Кога ќе зоврие намалете ја температурата и на многу мала температура варете 2 часа. По варењето тргнете ги садовите од огнот и не го отворајте тенџерете додека целосно не се олади, па потоа сипете го лекот во тегла. Теглата добро затворете ја и ставете ја во фрижидер.
Употреба: Пијте по една лажица наутро на празен стомак, 30 минути пред појадокот.
Оваа количина е доволна за два месеци, по кои на многумина им се нормализира шеќерот во крвта.
Здравје и убавина
Со овие намирници ќе ја подобрите меморијата на мозокот со здрав начин на исхрана

Иако често мислиме дека нема да почнеме да ја губиме меморијата додека не наполниме 70 или 80 години, но тоа и докторски е едноставно не точно. Сигурно не треба да паничиме, бидејќи голем дел од нашето когнитивно здравје го одредуваат исхраната и животните навики.
Можеме да ја подобриме и меморијата на мозокот со здрав начин на живот кој вклучува редовно вежбање, доволно квалитетен сон, намалување на стресот и здрава исхрана, а овие намирници се најдобри кога станува збор за подобрување на здравјето на мозокот, како и на когнитивните способности.
Цвекло
Цвеклото е одлична намирница за подобрување на помнењето на луѓето постари од 40 години. Оваа храна е многу богата со состојки кои помагаат во спречување на предвремено стареење на мозокот и губење на меморијата со тоа што го штитат од оксидативен стрес и воспаление.
Цвеклото може да го зголеми и протокот на крв во мозокот, а подобрата циркулација на крвта значи и подобро функционирање, односно подобра меморија и подобри когнитивни способности.
Риба
Мозокот користи омега-3 масти за да изгради мозочни и нервни клетки, кои се неопходни за учење и меморија. Од таа причина, видовите риби кои се полни со омега-3 масти како лососот, пастрмката и туната се на врвот на листата на намирници корисни за функционирањето и здравјето на мозокот.
Ленено семе
Ленените семиња не само што се одличен извор на протеини и влакна, туку се одлични и за подобрување на меморијата. Лененото семе е богато со посебна омега-3 масна киселина: алфа-линоленска киселина (АЛА). Овие масни киселини во телото се претвораат во EPA и DHA: две многу важни омега-3 за здравјето на мозокот.
За да постигнете најголеми здравствени придобивки за организмот, сомелете ги семките кои потоа можете да ги користите за пр. тесто за здрави палачинки, колачи, смути…
Бадеми
Експертите истакнуваат дека здравите масти од јаткастите плодови и семките се клучот за зачувување на здравјето на мозокот и подобрување на меморијата. Бадемите се многу богати со мононезаситени масти, кои не само што помагаат во намалување на холестеролот, туку можат да ги подобрат и когнитивните функции.
Претходно, една студија во која учествуваа 480 жени покажа дека оние кои консумирале повеќе мононезаситени масти во текот на 3 години имале помал когнитивен пад.
Брокула
Брокулата е многу корисна за здравјето на мозокот и когнитивните способности, богата е со сулфорафан, кој е антиоксиданс и помага во борбата против воспалението, а откриено е дека хроничното воспаление доведува до губење на меморијата и намалување на здравјето на мозокот. Покрај тоа, брокулата е полна со влакна, што е многу важно за намалување на ризикот од одредени видови на рак, како и за одржување на здрава тежина.
Маслиново масло
Наместо путер или растително масло, посегнете по маслиново масло за зајакнување на когнитивните способности и подобрување на здравјето на мозокот. Маслиновото масло е богато со здрави масти и антиоксиданси наречени полифеноли, кои помагаат во заштитата на нашите мозочни клетки од оксидативен стрес и оштетување.
Обидете се да го користите колку што е можно кога готвите зеленчук или месо или додадете го во салата. Изненадувачки, можете да користите и маслиново масло за да подготвите фини десерти како колачи со лимон.
ФОТО: Mehran B / pexels
Извор: vesti-online.com
-
Кичево2 дена
Следните кичевски улици и села утре и во вторник ќе имаат прекин во електрична енергија поради работа на „ЕВН КЕЦ Кичево“
-
Хороскоп1 ден
Хороскоп за понеделник (3 март)
-
Временска прогноза2 дена
Од среда на повидок пролетни дневни температури, вакво време не очекува оваа седмица
-
Македонија2 дена
Лишен од слобода возач кој под дејство на алкохол удри пешак синоќа во Скопје, одземено му е возилото
-
Култура2 дена
Денеска е „Прочка“ ова се верувањата и обичаите за овој голем ден
-
Македонија16 часа
Од ноќеска цената на сите нафтени деривати се намалува, ова е новата цена
-
Хороскоп7 часа
Хороскоп за вторник (4 март)
-
Кичево11 часа
(ФОТО) Во „АТВА Маркети“ го има најубавото свежо цвеќе за 8-ми март! „Меѓународниот Ден на жената“