Во 27 градови во Македонија се потврдени вкупно 1.399 на коронавирус. Според последните податоци во земјава потврдени се нови 13 случаи во четири градови, најголем број во Куманово и Скопје.

Во текот на вчерашниот ден како оздравени се 53 лица, а починати сe четири лица.

Од вкупниот број на заболени лица, најголем дел се регистрирани во Скопје, Куманово и Прилеп. Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 662 машки и 737 женски лица.

Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (просек – 44,7 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 292 (20,9%). Кај лица над 60 години регистрирани се 287 случаи, кај деца на возраст од 10-19 и 0-9 години се пријавени 56 и 51 случаи соодветно.

 

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (64,8%), кашлица (53,2%), малаксаност (34,7%), треска (19,0%), главоболка (16,4%), болка во грло (15,8%) и отежнато дишење (15,0%).

Кај 485 или 34,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 344 или 70,9% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Во однос на коморбидитети, кај 395 (28,2%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 267 лица имаат кардиоваскуларна болест, 87 со дијабет, 76 лица се со хронична белодробна болест, 18 со хронична бубрежна болест и 55 со други хронични болести.

Од хоспитализираните случаи, кај 162 (41,0%) се присутни коморбидитети. Регистрирани се 228 (16,4%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Регистрирани се 65 смртни случаи. Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=43). Регистрирани се 46 смртни случаи кај лица од машки и 19 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 50 (76,9%) се регистрирани коморбидитети.

Извршени се вкупно 15.409 тестирања на коронавирус во земјава.

Извор:Курир