Министерот за здравство Венко Филипче, вчера соопшти дека се дијагностирицирани пет нови случаи со коронавирус, од кои четворица се здравствени работници од приватна здравствена установа од Дебар.
– Од петте новозаболени освен четирите здравствени работници од Дебар, позитивен е тестот на сопругата на веќе дијагностицираниот пациент којшто тест го потврдивме од болницата „Жан Митрев“ и таа ќе биде хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести, рече Филипче.
Уште еднаш тој упати апел порака до здравствени работници дека трудот и напорот и улогата која што се дава во овој момент е непроценлива, а до граѓаните да се придржуваат до мерките.
– Затоа мора да водиме грижа за сите нас, а за граѓаните уште еднаш ја повторувам пораката – останете дома и најстрого придржувајте се до мерките за заштита и превенција, истакна Филипче.
Првите од групата македонски државјани кои беа заглавени на границите и се чекаат да се вратат во државата преку граничниот премин Деве Баир веќе се пристигнати и упатени на место за изолација – касарната Пепелиште на Криволак каде е првиот прифатен пункт за изолација на граѓаните кои се враќаат од држави со висок ризик.
Истовремено се прави скрининг на сите патници кои со авион од Брисел вчера слетале на аеродромот во Скопје, откако според информациите имало македонски државјани со симптоми.
Првиот случај со коронавирус во државава беше регистриран на 26 февруари во Скопје